Шо зборам ја цело време?
Зарем некој Муслиман би јадел храна која е мината низ христијански верски ритуал? А?
Така и Христијаните, не би требало да купуваат халал (или кошер) храна. Кој сака да јаде храна мината низ муслимански верски ритуал, нека јаде, јас - нема.
Сигурен ли си драг мој?
Случајно денес ми стаса овој мејл, па да споделам што ќе јадеш во иднина:
До: Членови на Сојуз на стопански комори на Македонија
Предмет: Средба со стопанственици за имплементирање на ХАЛАЛ стандард
Би сакале да Ве информираме дека Министерство за економија на РМ организира „
Средба со стопанственици за имплементирање на ХАЛАЛ стандард“ која ќе се одржи на:
Датум: 28 февруари 2014 година (петок)
Почеток: 10:30 часот
Локација: Хотел „Александар Палас“
Цел на бизнис средбата е да се презентираат можностите и значењето од воведувањето на ХАЛАЛ стандард во работење на претпријатијата,
процесот на сертифицирање, како и можностите и начинот на аплицирање за субвенционирањето на трошоците за негово воведување и сертифицирање од страна на Министерството за економија.
Агенда:
10:30 – 10:40 - Воведно обраќање на министерот за економија Ваљон Сараќинни
10:40 – 11:10 - Излагање на претставници од Стопанските комори на Република Македонија – Интерес од сертификацијата и значењето од воведување на ХАЛАЛ (tbc)
11:10 – 11:20 – Презентација за процесот на сертификација на ХАЛАЛ
(претставник на ИВЗ)
11:20 – 11:30 – Презентација за процесот на аплицирање за субвенции за ХАЛАЛ (претставник на Министерство за економија) – Елизабета Тодорова
11:30 – 11:40 – Искуство на „
Виталиа“ од имплементација на ХАЛАЛ
11:40 – 11:50 – Искуство на „
УКА Комерц“ од имплементација на ХАЛАЛ (tbc)
11:50 - Искуство на „
МАКПРОГРЕС“ од имплементација на ХАЛАЛ (tbc)
Доколку сте заинтересирани да присуствувате, Ве молиме да го пријавите Вашето учество на е-маил:
anikolova@sojuzkomori.org.mk или
msaveska@sojuzkomori.org.mk, најдоцна до 28.02.2014 година.