Халал систем

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Подготовка на храна, пијалаци, козметички производи. За две недели исламската верска заедница на неколку фирми ќе издаде сертификати за примена на ХАЛАЛ системот.

Законски необврзувачки, но со можност оние кој ќе го применат нивните производи полесно да се продаваат и во муслиманските држави. ХАЛАЛ системот е како надополнување на ХАСАП-от, но со запазување на одредени верски норми од исламската религија.

На пример за да се заколе едно пиле, касапот претходно треба да каже молитва. Ако пилето умре од стрес не се користи како храна. Производите не треба да содржат одредени адитиви, свинско месо или алкохол.

„Оние кои се извозно определени ќе им се зголемат можностите за извоз, за нивните производи во западно-европските земји од причина што овој стандард некаде 70 посто го користат баш граѓани на западно-европските земји“, изјави Јакуп Селимовски, ИВЗ.

„Само прехранбените производи во 2009-та, се работи за 635 милијарди долари. ХАЛАЛ пазарот е еден од најбрзо растечките на светот. Има годишен раст меѓу 30 и 40 проценти“, вели Валдет Пешталиќ, од агенција за сертифицирање на ХАЛАЛ систем.

За македонските граѓани ХАЛАЛ системот не е непознат. Најчесто ја посочуваат подготовката на храната како запазување на стандардот. „На пример, месото од која месарница се зема, дали е добитокот заклан со бисмина.

-ХАЛАЛ-от е стоката кога се коле со алал, крвта да истече, подразбира хигиенски услови“, велат граѓани.

Денешната беше последна обука на луѓето задолжени за спроведување на ХАЛАЛ системот во нивните фирми. За две недели ќе следува супервизија на ИВЗ по што најмалку седум фирми ќе го добијат сертификатот.

Десетина нови пројавиле интерес за имплементирање на ХАЛАЛ системот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123693

интересантно...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
:pos2::pos2::pos2:

Ништо чудно за различни животни да измислат различни системи.... халал ала ала...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
-ХАЛАЛ-от е стоката кога се коле со алал, крвта да истече, подразбира хигиенски услови“, велат граѓани.
Порака до тие граѓани - ојте побарјате се. Нема жива стока во современа фарма која не се остава целосно да искрвави, нема колења на стока под стрес бидејќи месото не чини и онака :)

Инаку за се останато освем (неопходната молитва???) постои ХАСАП стандардот кој и од повеќе ја запазува потребната хигиена и чистота и за муслимани и немуслимани. И како бонус може едноставно прозиводителот да се обврзе дека нема да употребува алкохол, свинска маст, месо, крв, коски итн во производот со што ќе го направи muslim friendly.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Вчера баш ова го слушавме на тв. Јас ова го разбирам вака-Добра работа затоа што покрај верскиот аспект, ќе се запази и здравствениот па со тоа ќе се избегнат можности за одредени инфекции (пред се мислам на онаа продажба на храна на отворени пазари). Со други зборови -зошто да купува човек во непроверени продавници и од сомнителни тезги кога истото (со нормално малку повисок износ) ќе го добие многу поквалитетно и со жиг/гаранција од регуларни продавници (Алди, Веро...). Истовремено, покрај здравствениот и верскиот, се намалува и оној момент на сива економија...ај да не должам, за поздрав е.

Едно што ме збуни е овој податок
На пример за да се заколе едно пиле, касапот претходно треба да каже молитва. Ако пилето умре од стрес не се користи како храна. Производите не треба да содржат одредени адитиви, свинско месо или алкохол.
дали и како е можно да се постигне поголемо производство со овој начин на подготовка на продуктите кога за едно животно би се потрошило време колку за дузина при вообичаено производство?

И едно прашање до кој знае -дали ова не е слично на Кошер храната кај евреите? Затоа што тој поим исто се однесува на видот и начинот на подготовка на храна според...еве објаснување
Kashrut is the body of Jewish law dealing with what foods we can and cannot eat and how those foods must be prepared and eaten.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
се фанавте за колењето и молитвата ... недостаток некој е тоа? ја мислам не е ... ни ми пречи ни ништо .. оние други работи како крвта исто било и во Хасап - Ок .. но недостатоци не гледам ... освен предности ...
како на пример би издвоил ...
Производите не треба да содржат одредени адитиви, свинско месо или алкохол.
ај свинско и така и така :) ама адитивите се нешто шо најмногу го мразам во храната ... прочитајте колку само некои се штетни ..
плус козметиката не смее да содржи животински екстракти ... и ова е многу битно ..
верувам дека има и други предности кои ги нема во текстот ...

тогаш зошто да не .. супер .. :toe:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас за ова прочитав оддамна и нема никакви молитви и останати трансцедентални форми на колење за да доживее добитокот катарза, едноставно според Халал системот кој е идентичен на Хасап се знае со 100% сигурност дека производот нема во него свинско месо и алхохол и таргет група се најчесто земјите на Блискиот Исток
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Халал стандарди имаат и Нестле и Милка рецимо (пример чоколада од австралија, ми донесоа пред два месеци, исто така имаше Халал).

Халал значи дозволено, може да се јаде. Харам значи недозволно и не смее да се јаде. Халал значи дека не поседува материи и состојки кои се забранети според Исламот (Кур`Анот), рецимо тоа е свинското.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Халал стандарди имаат и Нестле и Милка рецимо (пример чоколада од австралија, ми донесоа пред два месеци, исто така имаше Халал).

Халал значи дозволено, може да се јаде. Харам значи недозволно и не смее да се јаде. Халал значи дека не поседува материи и состојки кои се забранети според Исламот (Кур`Анот), рецимо тоа е свинското.
znaci ke ocita odza molitva, pa posle se besi mesoto na ulica i se prodava kako u Tetovo sto gledam, kaj kruzniot tok??? samo tolku??? mislam deka malku poozbilen e ovoj standard ili???
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
znaci ke ocita odza molitva, pa posle se besi mesoto na ulica i se prodava kako u Tetovo sto gledam, kaj kruzniot tok??? samo tolku??? mislam deka malku poozbilen e ovoj standard ili???
Јас ти кажвам дека нема врска то шо го јаделе на А1 итн.

Нема свинско, Халал е, пријатно.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Добро, малце претерват.

На крај на краиштата, гледам по блогови им сметало на "Право"славните кристијани, па нека не јадат Халал производи. :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
треба и повеќе да претеруваат .. малце е и ова ... и така јадеме се повеќе и повеќе „срање од храна“ ...
супер е тоа шо и многу адитиви се забранети ... прехрамбени бои, како и козметики од животинско потекло .. млеко у прав итн итн ..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во ред е ова со сигурност на храната за муслиманското население,ама молитвава ме насмеа :) Замислувам во кланица каде на ден треба да свиткаат неколку коковчиња колку пати ќе се молат и каква ќе им биде продуктивноста :))
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Во ред е ова со сигурност на храната за муслиманското население,ама молитвава ме насмеа :) Замислувам во кланица каде на ден треба да свиткаат неколку коковчиња колку пати ќе се молат и каква ќе им биде продуктивноста :))
Групно ке ги клањаат кокошките :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom