Мексиканциве земале школа од Челзи за бранење против пимплачки фудбал, едноставно Бразил се изгуби на мечот. Браво за Мексико, заслужено си го земаа златото, Бразил од ѕвезди и самопрогласени фудбалери ко Нејмар еве како изиграа.
Си бев за Бразил да земе злато секако, но превише се разочарав, освен Оскар и Хулк никој не се трудеше да пробие, Нејмар веќе претера со дриблинзите, коментаторот на МТВ убаво рече, додека играчи како Оскар фудбалот го сфаќаат како бизнис и професионален спорт а не игра - ќе прават трансфери во Европа, а играчи како Нејмар кои неможат да пораснат ќе скапуваат во Бразил, респект за коментаторот кој и да беше.
Инаку да, и мене Оскар ме изненади колку смирено и безбедно игра, беше засигурно еден од подобрите на мечот, како и на изминатите мечеви беше главен мотор, но и тој денес тотално отсечен од беспрекорната и тактички подговтена одбрана на Мехико..
Оскар ќе игра до Микел, нешто како Лампард, покрај Мата и Хазард во Челзи не би го играл како полушпиц, со таква игра смирена и прецизна, покрај Микел кога ќе се воигра има да биде апла опасен и креативен.