Фудбал, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Неверојатниот Хулк му даде живот на Бразил и во последна минута Оскар промаши зицер.

Џабе се трудиш друже,подобро ќе ти биде да се вратеше кон твојата стара професија-да се претвораш во голем зелен монструм и да рушиш се пред себе.
 
Браво за Мексико. Најслатко е вака коа некоја "златна генерација" ќе биде начукана од послаб тим. Браво (y)
 
Силва - 50 милиони
Моура - 40-50 милиони
Оскар - 35 милиони

Овие беа продадени летово.

За Пато даваа едно 30-40-50 милиони ПСЖ
Порто го проценува Хулк на 90 милиони
Пеле тврди дека Нејмар е најјак на свет, го проценуваат на 60 милиони

Овие поскапи од Барса и Реал заедно, а изгубија од деца од мексиканска лига што немаме слушнато за нив. Е до тука е дојден фудбалот, да ти ебам и трансфер пазар и се.

А колку вреди тренерот?:D Не озбилно поочаен тренер не сум видел
 
Kako ke im skokne cenata za Meksikancite (y)

Sega ke treba i Branca da odi da pazari malce(da kupi sesirce):icon_lol:
 
А колку вреди тренерот?:D Не озбилно поочаен тренер не сум видел
Не е до тренерот целата кривица. Сите се кренаа поготово од кога влегоа во финале, интервјуа давање сегде и тоа е...
 
Е баш ми е мило што тепаа Мексико...
Многу се трескаа по Бразил, јаки играчи и ајде, уште пред почеток на олимпијада шампиони ги направија :)

Сега уште шпанциве да ги тепаат САД во кошарка, и ќе ми се направи ќеифот :D
 
Какви лоши ждребови бе, скоро секогаш минуваат групи, они да играат квалификации во Европа, нема ни да изборат пласман на СП.;)
Абе седи...:)
Баш Европските екипи им се лесен залак :D Во ланската група ја плеснаа Франција 2-0 :D
Проблем се јавува кога играат само против САД :icon_mrgr:
Секогаш во последниве СП вкрстуваат со некоја отров репрезентација во осмина финале. Притоа иако се подобри на мечевите, губат наивно...
Треба повеќе да работат на психолошки план :icon_mrgr:
 
Бразил изгуби што изгуби, Мексико младите се шампиони во свет и оваа е таа генерација...

Инаку Бразил во следниве 4 години треба да пишува историја

2013 Куп на Конфедерации во Бразил
2014 СП Фудбал Бразил
2015 Копа Америка Бразил
2016 ЛОИ Рио Де Жанеиро Бразил
 
Не е до тренерот целата кривица. Сите се кренаа поготово од кога влегоа во финале, интервјуа давање сегде и тоа е...
Toчно така ама што беше тоа паничење уште во 30 мин прави замена цел среден ред го извади за сметка на нападот, како прв пат да води екипа
 
Бразил изгуби што изгуби, Мексико младите се шампиони во свет и оваа е таа генерација...

Инаку Бразил во следниве 4 години треба да пишува историја

2013 Куп на Конфедерации во Бразил
2014 СП Фудбал Бразил
2015 Копа Америка Бразил
2016 ЛОИ Рио Де Жанеиро Бразил

Исто така ќе испише и еден огромен долг поради неверојатните трошоци за тие настани.
 
Знаев дека Нејмар ќе се посере пред организирана одбрана и среден ред, знаев дека Хулк ќе го направи истото, знаев дека ... Али никако да уплатам.

Последните 4 години Мексико ги краси фактот дека имаат многу организиран среден ред и одбрана, страшна дисциплина. Можеби немаат играчи да пимплаат со топката и да изведуваат финти меѓутоа и те како знаат да одиграат во одбраната и да направат притисок каде што треба, да го принудат противникот на грешка. Е сега не очекував дека и овие младите се толку добри спрема нивните генерации. Нека им е честито титулата, сосема заслужено.
 
Има муабети дека Копа Америка ќе ја преместат, само СП и Олимпијадата се поклопија купот на конфедерации секако пред СП мора да се одржи во земјата домаќин.
 
Мислам дека Челзи заврши најдобра работа со Оскар.Единствениот играч од Бразил кој денес доби прелазна оцена од мене.
Мене ме импресионираше.Трча цел меч во средината на теренот,се врака зема топка,проигрува.Цело време се однесува како обичен просечен фудбалер,цел меч не дриблаше воопшто како оние напалените у напад пред се Нејмар,потоа и фрустрираниот Рафаел.Кога Рафаел излезе тој се врати назад на десна бековска позиција за да ја покрие дупката.Еден скромен ама доста комплетен фудбалер,20годишен и мислам дека ке биде еден од подобрите играчи во Англија само да се адаптира добро(и ако не го изедат повредите и ако биде физички спремен,пошо ми изгледа дека му фали некој килограм)Има се за да биде новиот Кака.
 
Мексиканциве земале школа од Челзи за бранење против пимплачки фудбал, едноставно Бразил се изгуби на мечот. Браво за Мексико, заслужено си го земаа златото, Бразил од ѕвезди и самопрогласени фудбалери ко Нејмар еве како изиграа.
Си бев за Бразил да земе злато секако, но превише се разочарав, освен Оскар и Хулк никој не се трудеше да пробие, Нејмар веќе претера со дриблинзите, коментаторот на МТВ убаво рече, додека играчи како Оскар фудбалот го сфаќаат како бизнис и професионален спорт а не игра - ќе прават трансфери во Европа, а играчи како Нејмар кои неможат да пораснат ќе скапуваат во Бразил, респект за коментаторот кој и да беше.
Инаку да, и мене Оскар ме изненади колку смирено и безбедно игра, беше засигурно еден од подобрите на мечот, како и на изминатите мечеви беше главен мотор, но и тој денес тотално отсечен од беспрекорната и тактички подговтена одбрана на Мехико..
Оскар ќе игра до Микел, нешто како Лампард, покрај Мата и Хазард во Челзи не би го играл како полушпиц, со таква игра смирена и прецизна, покрај Микел кога ќе се воигра има да биде апла опасен и креативен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom