Официјалното објаснување ќе им биде дека овде Инсиње е во активен офсајд бидејќи влијае врз играчот кој што ја исфрла топката. Во случајот со Ловрен-Кејн официјално е оценето дека обидот на Ловрен да ја исфрли топката не е под влијание на Кејн, што фактички не го активира неговиот офсајд.
Дефектно делува објаснувањето, ама токму и такво е заради премногу општото толкување на правилото за офсајд. Според мене секако и она на Кејн си е чист офсајд без дилема, ама за тоа да биде појасно мора да се прочепкаат правилата за офсајд и да се разјасни еднаш засекогаш.