Се нафатил за намалување на плата и најверојатно ќе остани во клубот најмалку уште една година иако во последно шпекулациите за млс беа се поизвесни дека ќе напушти.
Сакам да остани и да се пензионира во Атлетико ама оваа година поготово втората половина од сезоната не постои на терен, нула, а има загарантиран првотимски статус баш заради Чоло.
Сорлот го закова за клупа на сметка на Гризман а има солидни бројки и од клупа има поголем придонес од него.
Неправедно и неферски.
Изјавата на Симеоне дека секој за да биди првотимец мора добро да го испоти дресот изгледа не важи за Гризман.
Не бил во најдобра форма играчот ама тој верувал во него, епа заради ова испаднавме од сите натпреварувања во две недели, оти играат играчи кои не се во форма на сметка на тие што се.
Исто и Коке се очекува деновиве да продолжи договор.