- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Лош момент за да се покаже поента. Поента се покажува кога некој ти дава блиску до реалната цена за играчот и пробува со реноме и тактики за преговарање да го истурка играчот од твојот тим. Кога некој има еден куп пари, ко што има Барса сега, и притисок од сите фанови и целиот фудбалски свет да направи голем трансфер, се искористува моментот за да се ограби тој тим. Ко што Дортмунд направи сега.Ливерпул го прави ова за да докаже поента, не може секој да се заебава со тимот, они имаат пари не им е до парите од Кутињо дојдено, која е поентата ако имаш високи амбиции да ги продаваш најдобрите играчи? Кога најдобрите си одат целиот тим се распаѓа, прво се распадна кога заминаа Чаби Алонсо и Маскерано и вториот пат кога замина Суарез и ваљда не се будали пак да се направи истото иако тимов е у подобра позиција сега него тогаш.
Високите амбиции се покажуваат со подобрување на тимот. Ливерпуп имаат повеќе пари од повеќето, ама овие суми се блиску до 1/3 од годишните приходи на Ливерпул. Кога некој ти плаќа многу повеќе од реалната вредност на играчот (колку би се нудело за него во нормални околности) ти отвара можности да си го подобриш тимот, кој што нормално не ги имал, па дури и да станува збор за најдобрите играчи. Тоа не е неамбициозност, тоа е паметен бизнис. И Јувентус на времето го продаде Зидан за тогаш огромна сума и Јунајтед го продаде Роналдо, па и двата тима продолжија да освојуваат титули. За неамбициозни тимови важеа тогаш? Плус, ако прифатеа ќе има скоро цел месец да работат на трансфер пазарот.
А и не изгледаат распаднати овие кола кога не игра. Вака останаа со пропуштена можност за одлична зделка, незадоволен играч кој ќе прави драми цела сезона и потенцијално нарушена атмосфера во тимот. Ако немаат добра сезона, никој нема да ги памти мудата што ги покажале на Барса во летото.