Не му чини на Стелт чинот на влагање со две нозе како на Џони што му е ама мислам дека тука Баерн зема повеќе затоа што колку што знам, заедно со Телеком се најголемите инвеститори во Баерн и тука ни се јавува еден вид „тури - претури“ што го викам јас начин на бизнис. Добива процент да, но од другата страна Адидас како еден вид на фала ќе инјектира повеќе пари во Баерн.
Инаку од вработен во Адидас ми е инфово (не од кај нас секако), од 12-16 евра по дрес добива клубот, зависи која верзија на дрес ја купуваш. Дресот на Погба е трет најпродаван на
kitbag во 2016 по тие на Меси и Роналдо. Може не ги врати парите само од дресови и тоа по една сезона но очекувам наредната скрос да се исплати, бидејќи Манчестер му зема висок процент од image rights и од рекламите што ги снима и тој и останатите играчи за премиерите на блокбастерите на Fox. Истото е и за Џејмс, нема само по еднаш да купат негов дрес, другата сезона ќе извадат нов, пак ќе се затрчаат луѓето да купат и тоа е тоа
http://www.totalsportek.com/football/clubs-with-most-shirt-sales/
Manchester United 2,850,000 (40% increase) HIGHEST SELLER Paul Pogba
Еве ај да речеме средина, земале по 14 евра од продажба, 2,850,000 продадени дреса по 14 евра, тоа се најмалку 40 милиони евра income од дресови за една календарска година, што не е за чудење зошто Манчестер годинава објави рекордни приходи.