@red.devil
Морам да си го самоцитирам постот па да ги разрешиме дилемите кој какви критериуми користи(како што му одговара според тебе)..тебе те сметам за доста објективен член и не ми е поентата да се расправам со тебе туку чисто процедурално разменуваме ставови.
Ама ја претера со она кога тврдеше дека Евертон и Тотенхем СИГУРНО би се бореле за ЛШ секоја година ако играат во Германија со тоа што ти вратив дека ако играа во Германија ќе настапуваа по тамошните услови и немаше да имаат таков прилив и одлив на финансиски средства како што имаат сега..тоа не е хипотетички муабет туку ти возвратив на твојата теза.
Подоцна ти напомена дека екипа од втора лига доаѓа и се бори за титула а реалноста е дека не се бореше за титула туку само имаше одличен старт и се задржа до крајот поради тоа што другите конкуренти беа мизерија како Леверкузен,Волфзбург и Шалке(што е нормално да имаш лоша сезона доколку немаш поширок ростер),слично како во Англија кога Лестер ја искористи лошата сезона на конкурентите поради истата причина(што од напорен распоред,повредени играчи итн.)
Што се однесува до споредбите на Јувентус со Барселона во минатите 5 сезони ќе напишам една парарела како погоре за да престанат сомнежите дека користам различни критериуми.
Јувентус 2013-2017
-5 скудета со ред во Италјанската Серија А
-3 Италјански купа со ред
-Двапати стигнаа до финале во ЛШ,еднаш беа елиминирани во 1/4,еднаш во 1/8 и еднаш по фазата на групи каде подоцна беа елиминирани од Бенфика во ЛЕ во 1/2 финале.
-2 супер купа на Италија
Барселона 2013-2017
-3 освоени Примери Дивизион
-4 финалиња во Купот на Кралот од кој 3 освоени со ред
-Една титула во ЛШ во 2015(тројна круна),останатите сезони беа елиминирани еднаш во 1/2 финале и три пати во 1/4 финале
-2 супер купа на Шпанија
-1 супер куп на Европа
-1 Интернационален куп
Ова се графата на официјални трофеи на двата клуба..е сега можите сами да направите есап кој повеќе тежи и дали има смисла да се ставаат на исто ниво..за играчкиот/финансискиот кадар и квалитет Барселона е понапред нема тука дискусија,за тежината на домашните првенства смешно е да разговараме,ама ова е за кој повеќе тежи според критериумите на
@ElNinho