Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ама како Тотенхем да игра константно нокаут фаза во ЛШ кога само последнава сезона играа од 2010/11 наваму? И која е поентата што играше Арсенал цело време кога стално си го јаде уште во 1/8 финале.. сезонава изгубија 10-2 еееј, битно биле константни. :D Види, не ти го сфаќам никако постов, пак ќе ти кажам, правиме муабет за моментално колку се јаки кокошките. Ми викаш Севиља земале 3 титули по ред ЛЕ, а јадните испаднаа од 12то пласираниот Лестер во ПЛ. Мислам дека митот околу јаката Севиља се сруши сезонава, нека си играат наредна сезона пак ЛЕ, за друго секако не го бива.

Треба само да научат да играат под притисок, но затоа постои зборот искуство, а искуството се стекнува од сезона во сезона. Ако лани Лестер беше сензација, сезонава во ПЛ тоа беше Тотенхем. Мислам дека овие 2 сезони научија доволно, и играчите, и Покетино како тренер, па како што кажав наредна сезона очекувам 1/4 финале од нив во ЛШ. Одговорно тврдам дека оваа генерација им е појака од таа на Бејл и Модриќ и дека Покетино има потенцијал еден ден да води некој од најголемите фудбалски клубови во Европа.
Нејасно ми е тоа ,,моментално" како го дефинираш. Прво пишуваш 87 бода, а сега моментално. Не те сфаќам која ти е поентата.
-Ако моментално е сега да изиграат двомеч екипите нема никаква гаранција дека би ги добил Тотенхем утакмиците. Во еден двомеч може се да се случи, пример Лестер-Севиља што го спомна, каде што шпанците беа подобри, или пак Баерн-Атлетико лани, кога Баерн промаши милион супер шанси. Фудбал е, секој може да има лош ден или да нема среќа. Вака можам да ти набројам уште некои екипи плус како Јунајтед, Рома, Ливерпул и Виљареал, кои би можеле да ги елиминираат.
-Ако го гледаш тоа кој би бил фаворит при евентуалниот двомеч како од пушка можат да се набројат сите гореспоменати екипи и плус уште некоја.
-Ако ја гледаш цела измината сезона повторно нема логика. Баш оваа сезона отпаднаа од групите, а Дортмунд беа во 1/4 финале. За во домашните првенства имаше доста екипи кои изиграа топ сезона. Пример ти набројав Лајцинг, Севиља, Наполи, Рома. Но, вака да се гледа јачина на клуб е исто апсурдно, би дошле до ситуација каде што Јувентус е подобар од Барса или Монако од ПСЖ или Лајпцинг од Дортмунд. Што нема никаква смисла.

Повторно дури и да тргнеме по било кој од овие (според мене несоодветни)критериуми, ниту еден не гарантира дека би влегле во топ 10. Едноставно со ништо не заслужиле за да се стават во таа група, а уште помалку да бидат пред Дортмунд.

Затоа по втор пат ќе напишам, најсоодветно е да се гледа како реагираат екипите на подолг период две, три, четири сезони и после да се вадат заклучоци, зашто вака на секои 3 месеци ќе имаш нови 5-6 екипи во топ 10.
 
R

red.devil

Гостин
И ми вика постот ми се базирал на како би било што би било а пасус подолу користи хипотетички сценарија. :pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
И ми вика постот ми се базирал на како би било што би било а пасус подолу користи хипотетички сценарија. :pos:
Па ти првин почна да користиш хипотетички сценарија..како можиш да бидиш сигурен дека Евертон ќе се бори за ЛШ во Германија?..каков несериозен муабет ти е ова?..ми спомнуваш дека Лајпцих се борел за титула(никогаш не се бореше за титула),а во Англија Лестер стана шампион ...ЕЈ ЛЕСТЕР.

чекај сега кој е трол тука јас или ти?
 
R

red.devil

Гостин
Па ти првин почна да користиш хипотетички сценарија..како можиш да бидиш сигурен дека Евертон ќе се бори за ЛШ во Германија?..каков несериозен муабет ти е ова?..ми спомнуваш дека Лајпцих се борел за титула(никогаш не се бореше за титула),а во Англија Лестер стана шампион ...ЕЈ ЛЕСТЕР.

чекај сега кој е трол тука јас или ти?
Види, кога се браниш со теза дека не смеам да базирам мислење на кога би било што би било, логично би било да не го користиш истото. Сега испаѓа како да викаш дека е грев да крадиш а при првата прилика пуздер правиш... :))))
Е тоа е карактеристика на трол или човек кој нема компас објективно да се држи до одредени критериуми :)))
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.632
Поени од реакции
22.368
Poketo si kazuvat za Dortmund i Dembele ili ligata a nemaat 5 partii godinava izgledano.

Golem k.r Leipzig sto so ultragolema razlika od 3 boda ostana pred Dortmund. Gotovo podobri se nema diskusija poke. A toa sto odpadnaa prva runda vo kupot protiv vtoroligas ne spomnuvate. Dortmund go osvoi kupot i go tepa Baern na gosti.

I presmesni se muabetive deka Everton vo Bundesligata ke se bori za LS sigurno ne so tie sredstva sto togas bi gi imal. Ama pa za vozvrat Dortmund vo PL ke nema vrska so mestata za LS. Abe kakvi tezi ovde pagjaat pa zatoa nikoj ne me negira so fakti tuku so tezi od rakav vadeni. Se izvinuvam sto vo temava promarsivme malce ama da igrase Dembele vo Arsenal, Roma ili Atletiko site ke vikavte opravdani se 100m ama deka e vo Dortmund, po mnogu ovde nerelevanten tim vo Evropa, mozat da bidat srekno sto golemiot Barsa im bara igrac. Koja cest najdobro bez pari neka im go dadat.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
неможи врз основа на титулите во Сериа А и двете финалиња во ЛШ Јувентус да го ставате на исто ниво со Барселона..тоа ми беше поентата
ги ставив на кантар двата клуба за успесите во последните 5 години,ете нека е во последните 3 бидејќи нема никаква основа да споредуваме екипи за успесите од само 1 сезона.
Муабетот е што си ептен контрадикторен во споредбиве на екипиве.Кога го споредуваш Јуве со Атлетико/Барса викаш не може да се земат титулите и другите трофеи како показател,а затоа во постот погоре каде си ги ставил на кантар Дортмунд и Тотенхем,во предвид ги зема и Германсиот куп и суперкуп за да докажеш поента.
Толку од мене не сакам да ја трујам темава што е за трансфери.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Види, кога се браниш со теза дека не смеам да базирам мислење на кога би било што би било, логично би било да не го користиш истото. Сега испаѓа како да викаш дека е грев да крадиш а при првата прилика пуздер правиш... :))))
Е тоа е карактеристика на трол или човек кој нема компас објективно да се држи до одредени критериуми :)))
Чекај малце..зошто без компас..значи кај искористив хипотетички критериум?..со тоа што го напишав дека Евертон и Тотенхем ќе треба да се прилагодат на условите на Германската бундес лига?..па тоа го надополнав од тебе бидејќи нема основа да се стационирани во Англија и да играат во Германија и да си тераат по Англиски услови..тоа не е хипотетички одговор туку ти образложив дека тоа што го тврдиш не е возможно..тука објективно се задржав до критериумот .[DOUBLEPOST=1498558749][/DOUBLEPOST]
Муабетот е што си ептен контрадикторен во споредбиве на екипиве.Кога го споредуваш Јуве со Атлетико/Барса викаш не може да се земат титулите и другите трофеи како показател,а затоа во постот погоре каде си ги ставил на кантар Дортмунд и Тотенхем,во предвид ги зема и Германсиот куп и суперкуп за да докажеш поента.
Толку од мене не сакам да ја трујам темава што е за трансфери.
Не сум контрадикторен..значи не е исто кога споредувате Италјанско со Шпанско првенство каде разликата е огромна,и Германско со Англиско каде се прилично поизедначени со поголема предност за кај Англичаните..

За Јувентус со Барселона ги спомнав титулите во Сериа А и двете финалиња во ЛШ,напишав дека и Атлетико Мадрид има 2 финалиња во ЛШ и плус едно 1/2 и 1/4 финале..Јувентус за истиот период испадна од групи и 1/8 финале..Атлетико не напишав дека има бонус една титула во Примера ,Јувентус 6 титули во Сериа А што е доволен показател дека Јувентус е подобар и можиме да го ставиме на погорна листа само поради домашните титули ама не доволно да бидат ставени рамо до рамо со Барселона..тука нема контрадикторност.

За Дортмунд со Тотенхем ги ставив на кантар и нема логика да бидат на исто ниво..и тука нема контрадикторност туку работиме со факти..значи со чисти факти и неможи сега ред девил да користи аргумент дека Евертон или Тотенхем ќе обезбедиле со сигурност пласман во ЛШ доколку играле во Германија..мислам тоа е nonsense
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.798
Поени од реакции
44.084
Оти мизерна? Во Бундеслигата пред да го крене Клоп Дортмунд и поради тоа Баерн се засили и не е истиот Баерн ко порано, тие поени што ги доби Дортмунд годинава беа доволни за титула. Лани на пример Дортмунд освои најмногу поени во историјата на клубот. И на крај пак субјективно е вториот од ПЛ да го ставаш пред третиот од Бундеслигата, поред УЕФА листата Бундеслгата има повеќе поени. Тоа е факт. И ја мислам дека поголема е конкуренцијата во ПЛ иако Баерн е пред сите Англиски екипи па дискутабилно е дали да се освои ПЛ или Бундеслигата со ваков Баерн е потешко. Ама тоа е сунјективно прашање. Не ми е јасно како во твојата математика купот и ЛШ ги оставаш на страна и само го цениш матичното наптреварување. Баш тоа што големите клубови играат три натрпеварувања паралелно со исти квалитет поред мене е многу битен показател колку е добар еден клуб. Имаш Лестерци, Леверкузен кои чат пат ќе изненадат ама не можат да играат на три свадби истовремено. Затоа нема смисла Тотенхем да се става пред Дортмунд а дуелот лани не ни го сметам кој заврши срамно за Тотенхем.

На крај Дортмунд успеа сите цели да ги постигне (ЛШ да помине групи, куп да игра финале и пласман во ЛШ) со пола нов тим, со бомбашки напад и со тежок однос помеѓу управата и тренерот. На крај има и титула. Тотенхем се втори во ПЛ. Вау.
Ти викам мизерна во Бундес бе Игорче. :) Види вака, и Јунајтед и Дортмунд сега може да седнат и да кажат, океј е на крај ја спасивме сезоната. И двете екипи земаа по еден куп, се пласираа во ЛШ, плус Јунајтед освои и Лига Европа.

Ама ај да одиме од почеток. Прво, и Јунајтед и Дортмунд во куповите имаа по еден сериозен противник. Јунајтед играше против Сити (кој не знам и колку може да се нарече сериозен со оглед на тоа што пола тим им беше младинци), Дортмунд го победи Баерн. И толку, другите екипи беа некои второлигаши, третолигаши, таму ако им мериме сила, таман работа. Исто Јунајтед во Лига Европа не се сретна со ниту една екипа која е кадарна да го елиминира, а 1/4 финалето на Борусија е очекуван резултат според мене и не е нешто WOW. Mислам, сигурно се задоволни и од клубот со тоа постигнување, но муабетот ми е дека е само исполнување на целта за тоа натпреварување, но не и чекор понапред. Значи да освоиш куп влијаат милион околности, треба да имаш среќа во ждребот, да се лизне неочекувано некој од останатите фаворити, среќа во одделните утакмици пошто се игра на елиминација и слично.

А костантноста се гледа во домашното првенство. А во домашното првенство и двата тима беа мизерија. Јунајтед заврши 24 поени зад шампионот, Дортмунд 18. И сега ако сакаме да замижиме малце, ќе речеме имаа топ сезони, си земаа купови, ќе играат ЛШ - одлично. Но ако гледаме реално, двата тима потфрлија. Неможеш ти како фан на тимот да си задоволен од овој пласман на Борусија. Пак ќе кажам 18 победи на 34 меча, 64 освоени поени и 18 бода зад Баерн, во можеби најслабата Бундеслига од кога јас пратам фудбал е мизерен резултат.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Врие од субјективност на форумов, страшно е дури.
Рече Пеја кој тврдеше дека симулацијата на Суарез против ПСЖ било чист пенал :masa:

Иначе @red.devil реално Џони те уби со аргументот за Лестер откако ти ја лепна дека Лајпциг завршиле втори, па не знаеше после како да вратиш :icon_lol:

Не може од една страна да заземаш став дека Бундес е слаб бидејќи второлигаш до вчера завршил второ место, додека во исто време за ПЛ да го забораваш фактот дека ја освои Лестер, со Раниери како тренер со 10 бодови предност пред вториот. И тоа најмногу што стигнаа таму Арсенал, Тотенхем имаа нешто едвај над 70 бодови. Или сега ќе ми речеш лигата е прејака и тешко се освојуваат бодови против помалите екипи :angel:? На што нормално јас ќе те прашам како Челзи освои 71/78 против екипите надвор од топ 6 при што веројатно пак ќе се загубиш или ќе се обидеш со нешто "не играа Европа".

Пак ќе кажам немате аргумент дека Тотенхем е подобар од Дортмунд генерално во последните неколку години. Тоа за потенцијал што имаат не може да биде пресудно, бидејќи како и да ја вртите си стои фактот дека Дортмунд покажа повеќе од Тотенхем на фудбалската мапа во претходните 3-4-5 сезони.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Стандард Џони им дели лекции по фудбал на Џонтра, Цобе и останати незналици. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ајде за Реал можеби не сум во право иако Реал не е толку доминантен како што беше Барселона и покрај тоа што титулите го зборуваат спротивното од мојата теза.

Поентата ми беше за споредбата Дортмунд-Тотенхем каде стварно не ти држеше логика и можиш да ми го прочиташ постот од претходната страна каде ги ставив на кантар двата клуба за успесите во последните 5 години,ете нека е во последните 3 бидејќи нема никаква основа да споредуваме екипи за успесите од само 1 сезона.

Твојата/вашата субјективност е тоа што за споредбата Дортмунд и Тотенхем мудри ги избегнувате минатите 4-5 години ,а за Реал Барселона упорно го форсирате муабетот 3/4 ЛШ титули за Реал Мадрид..тука нема компромис тоа е работата
Пак ти со 5 сезони.

Задњи 2-3 ми беа земени во предвид и во тој случај Дотрмунд и Тотенхем се на исто ниво.

И не ги глеам само резултатите во предвид туку и играчите, понашањето на трансфер пазарот, тренерот итн... Ти пишав дека и двата тима не се доволно сериозни за да бидат во првата клапа. Особено не па Дортмунд кои ги менуваат амбициите у текот на сезона.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.388
Поени од реакции
11.856
Логикава од Џони
Јуве вс другите тимови
Нема врска што освоил 10390 титули, умрена била сериа А.Затоа Атлетико или Барса ќе се пред него.
Дортмунд вс Тотхам
Дортмунд се појаки оти освоиле 2ро место и избориле ЛШ.Тука нема врска што е отепана лигата и има само еден гигант.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom