Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
9.460
Бреј понижен Јунајтед во 2-3 дена а не ни играат некоја утакмица.

Дојдоа, им рекоа да искочат од соба и им го земаа, ќе биде интересно да се види дали ќе испаничат со 100м за Френки.

Доста пари се ова за играч од Португалија, скептик бев и за Бруно на времето и за овој Диаз ама очигледно е дека има огин играчи се уште таму пошо едно време паднаа.
На Јунајтед приоритет му е среден играч и по доаѓањето на Тен Хаг тоа е Де Јонг, така да не е панична алтернатива. Од позиција да не сака да си замине и Чави како го гледа како носител во иднина дојдовме до ситуација дека Де Јонг дал зелено светло.

10 играчи си заминуваат и ни се отвараат многу дупки па ќе треба да пополнуваме и на стопер алтернатива, десен бек, можеби уште еден во средина и во офанзивата.

Де Јонг ќе не чини околу 70м, па не знам колку ќе беше паметно да се наддаваме со Ливерпул за Нуњез кога е јасно дека 100м ќе треба да издвоиме и таму. Да немавме други дупки ќе речев дека треба да се оди до крај, но тоа е тоа. Да немаше интерес од друг клуб ќе правевме чаре да намалиме и цена, но вака е невозможно.

Мислам дека во меѓувреме се чека разврската со Гринвуд и ќе се знае како ќе се тера за нападот.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да не е случајно грешна сумата за трансферот на Нуњез?

Клоп и Ливерпул, за разлика од другите буџовани, сами создаваат фудбалери или ги купуваат за евтино. Некако многу ми се гледа оваа цифра од 100 милиони.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Да не е случајно грешна сумата за трансферот на Нуњез?

Клоп и Ливерпул, за разлика од другите буџовани, сами создаваат фудбалери или ги купуваат за евтино. Некако многу ми се гледа оваа цифра од 100 милиони.
Море Даворче лани колку го купуваше зејтинот? Колку го плашташ оваа година?
Нема грешна сума. Таа е.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
И мене некако ми е пренапумпана цена за играч од португалска лига со една одлична сезона зад него. Ама ваљда можат си дозволат тоа Ливерпул.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Море Даворче лани колку го купуваше зејтинот? Колку го плашташ оваа година?
Нема грешна сума. Таа е.
Толку време помина, еве, уште си неверојатно глуп.
Камен ќе научеше.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.607
Поени од реакции
22.612
На Јунајтед приоритет му е среден играч и по доаѓањето на Тен Хаг тоа е Де Јонг, така да не е панична алтернатива. Од позиција да не сака да си замине и Чави како го гледа како носител во иднина дојдовме до ситуација дека Де Јонг дал зелено светло.
Никогаш не дал Де Јонг зелено светло.
Без разлика во каква ситуација е Барселона моментално, нема играч кој би сакал да замине од Барселона во тим кој нема да игра во ЛШ наредна сезона, најмалку е тоа Френки де Јонг.
Огромни се шансите да се оствари трансферот, но причината секако е финансиската ситуација на Барселона, а не желбата на играчот (принудени се да продаваат играчи), а единствен играч кој има цена во Барселона е Френки де Јонг (заедно со Педри и Араухо).
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.106
Поени од реакции
25.160

Не е малце во глупа ситуација ставен Де Јонг од страна на управата на Барса?
Играчот очигледно не сака да иде, неколку пати тоа јавно го има изјавено, а Барса позади грб преговара за да го продаде се со цел со парите од неговиот трансфер да си ги оствари другите трансфер цели кои ги има.
Замисли колку глупо ќе биде за Де Јонг доколку не успеат да се договорат Барса и Јунајтед.
Исто мислам дека и Чави неколку пати изјави дека сака да остане Де Јонг во Барса.
 
За да дојде кај нас мора да се согласи на крајот и тој, сигурно дека за уши нема да го носиме во Манчестер. Виде колку е сатот и тоа е тоа. Очигледно е дека повеќе преферира да остане во Барса, но Јунајтед не е Лестер заради фактот што не играме ЛШ следна сезона за да биде одбивен како трансфер опција. На тоа ако го додадеме фактот што Тен Хаг е линкот.

Поентата на постот ми беше дека тоа што можеби ќе го доведеме Де Јонг не е панична алтернатива затоа што се повлековме од Нуњез кога се замеша Ливерпул. Прв приоритет на Јунајтед ова трансфер лето е Де Јонг, а не Нуњез. Долги преговори се за Де Јонг. Од првата позиција на Чави дека го гледа како носител на тимот, од тоа дека Де Јонг не сака да си замине, па потоа имаше промени дека не се знае ништо заради финансиската позиција и сега сме во ситуација да преговара Барса со нас за сумата, а Де Јонг дал зелено светло да се реализира трансферот доколку се договориме со Барса.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.607
Поени од реакции
22.612
Не е малце во глупа ситуација ставен Де Јонг од страна на управата на Барса?
Играчот очигледно не сака да иде, неколку пати тоа јавно го има изјавено, а Барса позади грб преговара за да го продаде се со цел со парите од неговиот трансфер да си ги оствари другите трансфер цели кои ги има.
Замисли колку глупо ќе биде за Де Јонг доколку не успеат да се договорат Барса и Јунајтед.
Исто мислам дека и Чави неколку пати изјави дека сака да остане Де Јонг во Барса.
Ех, не е ништо ново ова во Барселона :D Сети се само на ситуацијата со Дембеле во зимскиот преоден рок.

А и имало и други вакви случаи на времето. Еве Робен што го спомна Стелт, исто Ибра и Тиаго Силва на времето кога ги шитнаа од Милан во ПСЖ, иако 2цата мислам имаа изјавено дека сакаат да останат во Милан.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.521
И Робен сакаше да остане во Реал на времето, па го шитнаа.
Ова е точно, исто таа година беше и со Весли Снајдер и неколку други играчи.

К. Роналдо, Бензема, Кака, Чаби Алонсо, Арбелоа дојдоа тогаш итн. 50 играчи во тимот. Никој не сакаше да си оди, и тие што заминаа беа дадени за мали пари. Тогаш причината беше планиран ремонт на тимот, а овие имаа високи плати.

На долги патеки се оправдаа одлуките со оглед на титулите во ЛШ од тогаш наваму, иако и Снајдер и Робен лапнаа ЛШ али во други тимови :D
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.317

Реал тогаш правеа обид за копија на холандската колонија по примерот на Барселона од 2000-тите : Снајдер, Робен, Ван Нистелрој, Хунтелар, Дренте.
А и реално сите беа на брзина и на памет купени без да се разгледа потребата за таков профил на играчи па затоа и сите беа фејлови.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.456
Не знам како го понижеле на Јунајтед кога управата едноставно не сакале да ја платат бараната сума за Нуњез.

Приоритет на клубот е Де Јонг кој би коштал 70-80 милиони евра. Буџетот на клубот би бил преполовен со купување и на Де Јонг и на Нуњез, башка и тоа што Де Јонг е многу повеќе потребен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom