Па Барса до 90та година била на ниво на Атлетико М. и Билбао, екипа од врвот на шпанскиот фудбал, но никаков фактор во европскиот, далеку зад Реал М. Би ги споредил со Арсенал од почетокот на овој милениум или со Јунајтед од пред Ферги. Почеток на 90тите почнуваат да се одвојуват од првите и да се приближуват кон Реал. Не заебавајте, Марадона играл и за Наполи и нив ако не да ги сметаме за топ3 тимови?
Шпанија од секогаш била атрактивна дестинација за живеење, поготово Барселона, а клубот финансиски моќен да си ги дозволи фудбалските звезди. Тоа што последните 30 години се издигнаа дополнително со освојување на трофеи е голем плус за денешните фудбалери да ја изберат Барселона.