Па тоа ти зборам. Барса освои ЛШ 2006та, следната сезона го земаа Анри кој и година претходно веќе бараше трансфер ако добро памтам. Веќе 2007ма, поготово 2008ма почна една вонсериска Барселона која траеше до пред 2 3 години (иако имаат 2 ла лиги у задњиве 3 сезони, свесни сме деке и дојде крајот на таа Барса, генерациски). Ибра се закачи одма после тоа триплете на Пеп. Тука веќе и се виде кој е и што е Меси у фудбалот.
Вртеше духот на Кројф и после неговиот мандат, ама не може некој да негира или да убедува дека Барса пред Меси била страшно привлечна дестинација зошто таму настапувале Стоичков и Ромарио. Убаво викаш за Ван Гал, дечкото ја потона Барса тој период кога Реал жнееше Лига на Шампиони и Фиго со директен трансфер покажа кој е кој во фудбалот тој период.
Ќе се навратам пак на Меси, 08,09,10 сезоните веќе бевме сведоци на масовно сакање да се игра у Барса од милион играчи. Давид Виља, веќе спомнатиот Ибра, Санчез, Фабрегас, Кутињо, Суарез и уште неколку што не ми текнуваат моментално што плачеа и штрајкуваа за да напраат трансфер у Барса.
Јас моментално после Меси не гледам играч и атмосфера у клубот што ќе биде магнет за најдобрите играчи да побараат трансфер таму.
Ок, различно мислење имаме тогаш за тоа дали ќе биде атрактивна дестинација. Има многу не-спортски фактори што влијаат на ова (клима, околина, Барселона како град, Ибица на 20 минути лет или со јахта, значењето на клубот во градот и цела покраина, култ, секако финансии итн).
Мене лично тоа не би ми пречело, после успехот на дрим тимот на Кројф Барса секогаш кога се потпираше на скапи трансфери имаше голем пад. Јас лично за Барса почнав да навивам затоа што беше underdog (секогаш сум за underdog-от во животот, јебига) во тој момент, начинот на игра, историјата на клубот (опресирани бла бла иако ова веќе не ми значи многу, the coin always has two sides
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
) и ваљда најдетската причина СП 98ма како вечен контраш ги обожавав Холандија додека целото опкружување беше за Југославија/Аргентина/Бразил, а пола Холанѓани играа во Барса тогаш. Така да ова не ми менува ништо. Од друга страна, глупо ми е да се оспорува и дискутира за добро познати факти.
Би менувал титули само да не го гледам очајот од последниве сезони, крв ми протече од очите поради играта што ја играа. Барса од црната ера на Ван Гал ми беше 10 пати поинтересна за гледање. Со младинци ако сакаат нека играт, се додека будат некои емоции во мене покрај целава индиферентност и желба за отров од досада последниве години. На крај крајева, фудбалот е забава, ниту сум излезен од анусот на Кројф (многумина овде ќе помисли човек на сред стадион се родени), ниту имам некоја врска со градот/етникумот/итн. Да бев 15-20 години можеби ќе се замарав сеуште, вака mehhh. Ако сакам да инвестирам емоции во некој/нешто што не се замара со мене ќе си фатам женска
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)