Мауабетот ми беше за фри трансфери повеќе него ли за другиве. Пошто на фри мораш да дадеш поголема плата бидејќи не плаќаш трансфер цена. Промаршена им е проценката за Кедира и Матуиди на јуве. Не дека се лоши играчи ама не се ни играчи кој прават огромна разлика на терен. Во превод се може и без нив нема се осети ептен нивното отсуство. И сега Јуве има проблем со нив пошто платите им се преголеми а не ги заслужуваат и никој тим нејќе ја даде таа плата што ја бараат а они нормално нејќат да играат за помала плата. И сега место да земат во тим квалитетен везњак кој ќе одговара на стилот на Сари не можат бидејќи местото е зафатено. И тоа многу ги кочи моментално јуве.
Иначе во главно Јуве има одлична трансфер политика ама нормално има и вакви утки како Кедира и Матуиди. И баш таа тема е за тука. Сепак насловот на темата е фудбалски трансфер дискусии. На Јуве моментално им фали квалитетен модерен десен бек кој може да допринесе во напад и еден екстра квалитетен креативец од типот на Ериксен за да ја достигне толку посакувана цел ЛШ. И тој дел на теренот со години не обрнуваат внимание. Тоа е тоа малце што им фали до трофејот.
Океј твое мислење е тоа дека не им требале и дека се утки.По мене не може да е утка играч ко Кедира кој 4 години бил првотимец во тимот кој 4 пати освојувал Серија А,бил еден од клучните играчи во сезоната 2016/2017 кога стигнаа до финале во ЛШ.Да не зборам што баш Кедира дојде како слободен играч за таа плата од 4м.Така да не глеам како бил утка тој трансфер и кој играч друг за безпари би дошол тогаш во Јуве и би го имал истиот импакт за тимов.
За Матуиди е друг муабет,тогаш му требаше таков физички спремен играч на Алегри кој ќе покрива дефанзивно и за тие 20м колку што го земаа,не беше лош трансферов.Матуиди тогаш беше и првотимец на Франција на Европското 2016, а и уште игра за репрезентација. Дали можеле боље играчи за тие пари тогаш,кои би направиле поголема разлика не знам.
Така да глупо е сеа да си дискутира за трансфери од пред 4 години од денешна перспектива.Кедира е веќе во години со плата голема за резерва,Матуиди нема техника за во системот на Сари и се тоа држи вода.Али целта на муабетов ми е дека тогаш кога ги купувале овие двајца,тие биле играчи за во прв тим и биле стандардни првотимци во Јуве.
Исто и јас мислам дека им фали уште еден играч во средина како Погба или некој друг технички спремен за во системов на Сари.За десен бек исто се согласувам,не очекувам многу од Данило.Али тоа е ја подмладија одбранава летово што е добро со оглед на тоа дека Барза се пензионираше,Киелини е во години,во срединава донесоа свежа крв и сеа останува да видиме како ќе функционираат кај Сари во скроз различен систем од претходно.