Добро утро фудбалери
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
.
Последниве денови беа малку побурни на темава но фино е дека се смирија тензии и продолжуваме со игра и дружба, сеа барем нема изговор да не се дојде на пиво после утакмица
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
.
Сепак како резултат на тоа што премногу се чекаше да се формираат нови екипи дојдовме да парадоксална ситуација за дел од стандардните црвени да нема место во сегашниот тим. Знам дека јас можев да се запишам и ќе играв ама испаднаа Ханибал, Боте, Левак. Колку и да баравме решение не го најдовме зашто ако сите се запишевме практично цел сегашен црвен тим ќе требаше да се размонтира и или да се игра со 4 замени (што е глупост) или да се бара друго решение.
Наместо да правиме тензии и да се буниме зашто овој а не оној игра решивме да ја релаксираме ситуацијата со премногу играчи во црвената екипа и да формираме нов тим со зелена боја од сите кои испаднавме за оваа утакмица. Нема лутење, ќеиф ни е да играме заедно, им оставаме повеќе маневарски простор сеа на црвените да си се организираат во овој состав без да му мислат на замени и кој треба а кој не да игра. Освен тоа и мене ми е сеа полесно да организирам 6 играчи наместо 10
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
.
Така да без многу помпа и фанфари го објавувам зелениот тим составен претежно од играчи кои ги демолираа плавите на првата утакмица со 7:0 (извини Ацид морав
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
).
Нашиот тим:
1. Chtulhu напад
2. Ханибал напад
3. Џеко напад
4. Kaiser одбрана
5. Левак одбрана
6. Kiffla голман
Кифла ќе брани и за нас така да ќе паѓаат интересни утакмици
.
Сеа за системот на игра.
Штета што се испушти вториот термин но што е тука е, ќе играме по систем на ротација, 1 термин, 3 екипи,
4 недели што значи игра секој со секого 3 пати во месецот и еднаш се паузира (секоја екипа еднаш месечно е на пауза).
Го направив календарот за следните три месеца:
27.11
Црвени-
Плави
04.12
Црвени-
Зелени
11.12
Зелени-
Плави
18,12
Црвени-
Плави
25.12
Црвени-
Зелени
01.01
Зелени-
Плави
08.01
Црвени-
Плави
15.01
Црвени-
Зелени
22.01
Зелени-
Плави
29.01
Црвени-
Плави
05.02 Црвени-
Зелени
12.02 Зелени-
Плави
19.02 Црвени-
Плави
26.02 Црвени-
Зелени
Црвените имаат по 10 утакмици а ние и плавите по 9.
Чим се најде уште еден термин преку недела ќе прејде една екипа со уште една нова таму и решен проблем за трајно.
За сѐ останато или нејасно ќе дискутираме во недела пошо најверојатно ќе ве дружиме со Левакот.
Нека ни е со среќа на зелената екипа па да се видиме на терен, може сме зелени по боја ама зрело играме
.
Пс. Кој имаше трпение да чита цел пост јака му душа
.