Фрчкоски кандидат на СДСМ?!

Статус
Затворена за нови мислења.

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Знаев дека ќе ме нагазиш бе Адуле за изјавава, ама, не би го гласал Иванов само затоа што е предложен од ДПМНЕ, а самиот тој има скриена агенда, како што не би го гласал ни Фрчко од повеќе од очебијни причини. Бидејќи сметам дека мојот глас треба да биде даден за македонец, немаше да го дадам ни за Керим. Затоа би го дал за Љубе. Од сентиментални причини и поради 2001-та.
Плус, забораваме дека ние сме парламентарна демократија, каде претседателот (иако и Киро и Борис и клетово држалниче си земаа отпојќе слобода) е само фигура, па сметам дека не ќе е на одмет да имаме конечно православен Македонец како Љубе. настрана што го знам и познавам, а уште понастрана што откако дојде скоро сите му завртеа грб што за мене е непринципиелно.

А попрво ќе поверувам дека Б.Ц. има договор со Љубчо и Гвујо, отколу со Љубе кој поради Б.Ц. загуби триипол години вон слобода.
Не е веќе ни маченик, ни жртва, а ни непоколеблив херој Љубе. Дал се мести, ил го местат, не знам, ал битно и он почна да си го продава интегритетот.
И зарем ќе ми речеш дека сам, независен ко Дон Кихот настапуе на избори?

Како и да е, ако више фураш со такви субејктивно-емотивно-лирични аргументи, кога збориш за политичка фигура...онда неаме нзс.

Него, за болдот...

Ми се иде да отворам кладба дека Љубе има дил со Црвенковски и дека во вториот круг, едно фино сончево утро, ќе чуеме како сдсм заедно со целата опозиција застануваат позади Бошковски.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Фрчкоски, колку гордо звучи! Алал да му е, со сета почит му симнувам капа тоа е син Македонски, Македонија се гордее со него и со неговите дела. И јас како Македонец се гордем, а и ќе се гордеам и секаде со гордо крената глава ќе кажувам дека тој е еден од малкуте гении што Македонија ги роди, а тој со својата генијалност на нас ни остави аманет како треба да се прават и оставта дела што со кои оваа Македонска земја секогаш ќе се гордее. Со голема почит кон делата му се поклонувам на Макарие Фрчкоски еден од најголемите копаничари- резбари што ги родила Македонија.:helou:

Аааа што овде за Љубомир Фрчкоски ли се зборуваше. Ооооооо неееее
исвирена свирка,истрошена уста, иронична фигура без шанси.:uvo:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
ми се повраќа ама морам ова

извор ``дневник`` 26.8.2008 дел од интрвју со фрчковски

Зошто мислите дека домашната јавност е спремна
на разрешница?

- Мислам дека на една расправа или анкета што би била спроведена врз основа на пакетот што ќе се отвори пред нас во септември, најголемиот дел од граѓаните, ако нема идеолошки или манипулативни притисоци, би сметале дека е тоа фер пакет со кој треба да се затвори кризата. Тој се состои од гарантирање на нашиот идентитет, кој според моја проценка е 70 отсто од проблемот, преку слобода на употребата на поимот „македонски“ не само за јазик туку и за националност и за државјанство и за народ. Целиот опсег на слободата на користењето на поимот или на придавката мислам дека нема да биде во „документот“ што ќе го потпишуваме со Грција, туку веројатно ќе биде во резолуцијата што ќе ја замени Резолуцијата 817 во ОН. И мислам дека Грците се спремни сега тоа да го завршат.

Втора работа е што името е 25 отсто од проблемот и не го загрозува ова претходното. Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија. Термините имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. Тоа им го решава проблемот, не е против нив, бидејќи Горна или Слободна Македонија е терминот за оваа Македонија, употребен од Римјаните за последниот судир со фалангите, во Битола во 1 век пред н.е. Од друга страна, никако не го загрозува идентитетот, бидејќи со овој пакет ние можеме да бидеме, на пример, Македонци од Северна Македонија, а не северномакедонци. Тоа е драстична разлика. Тој пакет е толку добар што мислам дека и вмровското гласачко тело ќе почне да се двоуми ако не биде целосно манипулирано од нивното водство, како досега.


 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кој според тебе би бил постручен како Претседател, професор политиколог или приучен политичар со сосема трета професија ( слаткар, машински инженер, економист, филозоф...) ???
Електраш!

Таа диплома се бара!

Све друго е некомпетентно!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не е веќе ни маченик, ни жртва, а ни непоколеблив херој Љубе. Дал се мести, ил го местат, не знам, ал битно и он почна да си го продава интегритетот.
И зарем ќе ми речеш дека сам, независен ко Дон Кихот настапуе на избори?

Како и да е, ако више фураш со такви субејктивно-емотивно-лирични аргументи, кога збориш за политичка фигура...онда неаме нзс.

Него, за болдот...

Ми се иде да отворам кладба дека Љубе има дил со Црвенковски и дека во вториот круг, едно фино сончево утро, ќе чуеме како сдсм заедно со целата опозиција застануваат позади Бошковски.
Љубе има поддршка од надвор, обид за дефокусација на гласачкото тело на ДПМНЕ, обид за разнебитување на истото тоа тело, зошто мислиш дека со тие ставови настапува откако го вратија интервентно од Хаг и тоа тама доволно време пред да бидат изборите?
не сум емоционален за политика, ама не сакам партиски послушници или одродници како ЉДФ.
Иванов нема што да бара во политика, арен си е како даскал, според мене, оваков излет не му треба.
А ЉДФ треба да биде застрелан како бесен пес.

Бидејќи тоа е невозможно, јас би гласал за Љубе, спортски, интересно да биде.

Инаку, дека ако отиде Љубе во вториот круг, тоа нема да биде поради СДСМ туку поради делба на гласачите на ДПМНЕ, а тогаш во вториот круг ќе се прават нови договори и со ДУИ и умрената ДПА. Инаку, факт е непобитен дека ако биде Иванов версус Љубе во втор круг дека СДСМ и сите нејзини сателити ќе дадат поддршка ПРОТИВ Иванов и за црниот ѓаол, не само за Љубе.

Сега ме разбра ли што сакам да кажам.

П.С. патриотизмот на Љубе е тука некаде, ама ....големо АМА...е зошто и од кои причини е ставен во шкафче во предизбориево.

П.П.С. А ако има предвремен дил со лицето, следниот пат во Скопје ќе шетам со розе танга да ми се гледа подизвадена од фармерките. Бива.

Јас секогаш исполнувам, така што и тангата (која ќе треба да ми ја позајмиш, ако ја имаш, во розе боја) ќе ја носам чесно и исполнително. Една вечер само, да не претеруваме :)!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Тоа што ти си игнорамус, па не го знаеш Иванов е контрадикторно со твоето обвинување дека немал дипломатско искуство и дека бил марионета на Груевски.

Сега, како може да е “тотален анонимус“ а да можеш да изградиш негативно мислење за него?

Дали си запознат со неговите ставови и залагања?

Дали било кој од кандидатите за претседател, пред да станат Претседатели и Врховни Команданти можат да имаат искуство со одбрана и безбедност на држава?

Кој според тебе би бил постручен како Претседател, професор политиколог или приучен политичар со сосема трета професија ( слаткар, машински инженер, економист, филозоф...) ???

Искривена перцепција.



Во ред, сосема достоен против кандидат. Очекувам квалитетна дискусија.


П.С. Замисли сега да ја сведам дискусијата: Нано Ружин е влав, Нано Ружин екс СДС, Нано Ружин марионета на Бранко и сл.

Кои аргументи повеќе тежат?
osnovnite funkcii na predsedatelot se Nadvoresnata politika i Bezbednosta ( nese Istorijata i pravoto :wink:)

jas nikogas ne kazav deka imam negativno mislenje za Ivanov...jas samo kazav deka e negativna odlukata na VMRO da go predlozi namerno ovoj anonimus predsedatelski kandidat i ocigledna e namerata na ovaa funkcija da se stavi partiski poslusnik za da ne im zadava maki na vladejackoto mnozinstvo..Diplomatsko iskustvo nema nikakvo ..Protuger i Milososki se mnogu pomladi od nego a imaat mnogu pogolemo diplomatsko iskustvo.Ivanov nikogas nemal nikakva vrska so nikakva bezbednosna struktura sto e neli edna od glavnite ulogi na predsedatelot

za Nano ruzin ne treba mnogu da se zbori ...ogromno diplomatsko iskustvo..cesen i direkten covek ..oratorski sposobnosti, ambasador vo NATO sto e najsilnata bezbednosna organizacija na svetot itn ....

http://www.mfa.gov.mk/default1.aspx?ItemID=324&id=337


sega spored tebe ..da ne znaes koja partija gi predlozila ovie dvajca i da gledas objektivno ..koj bi go izbral i za kogo bi glasal ?
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Сум се газел од смеење :pos::pos::pos::pos:
Насловна од утрешен Вечер



ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ГИ ПРОМОВИРАА КАНДИДАТИТЕ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА

Фрчко за претседател? Немој, не ме радуј!
Ова е Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ и тие ме кандидираат. Јас сега влегувам во кампања во која ќе ги искажувам моите ставови, кои ќе бидат ставови на независните, на сите оние делови кои не можат да се промовираат преку партиите, рече Иванов по гласањето на делегатите

Двете најголеми партии, владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и дефинитивно ги промовираа кандидатите за претседателските избори. Професорите Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчковски на 22 март ќе се борат за гласовите на граѓаните.
Илјада и шеснаесет делегати на ВМРО-ДПМНЕ на партиската Конвенција во Унивезалната сала во неделата го дадоа својот глас за професорот на Правниот факултет Ѓорѓе Иванов за кандидат за иден шеф на државата. Неговиот противкандидат, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров доби поддршка од 91 делегат. Ваквиот исход беше очекуван имајќи предвид дека зад кандидатурата на Иванов на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ застанаа дел од највисоките партиски функционери и бројни интелектуалци.
Иванов вети дека ќе биде оној кој ќе обединува и дека прашањето за името и идентитетот нема да се користат за партиски цели.
-Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, но некои сакаат да ни ги исечат или да ни кажат дека сме со плиток корен. Македонија навистина треба да се гордее со своето наследство, меѓутоа тоа мора да биде во функција на иднината. Иднината која не очекува не е ни малку лесна. Ова е Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ и тие ме кандидираат. Јас сега влегувам во кампања во која ќе ги искажувам моите ставови, кои ќе бидат ставови на независните, на сите оние делови кои не можат да се промовираат преку партиите, рече Иванов.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски рече дека треба да се продолжи со промените.
-СДСМ се бори да најде човек кој ќе се нафати да биде кандидат за претседател зад кој ќе стои мајсторот. Конечно Црвенковски дојде на тоа дереџе да го моли човекот за кого неодамна во еден разговор, мене гордо ми раскажуваше дека на клоци гордо го исфрлил од Владата, а за градоначалник на Скопје бараат кандидат од друга партија, за да се смета дека поразот не е нивен, рече Груевски.
Извршниот Одбор на социјал-демократите пак вчера одлучи дека Фрчковски треба да биде нивниот кандидат за шеф на државата. Синоќа се очекуваше овој предлог да помине и на партиската Конвенција. В.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика особено партиите од опозицијата да го поддржат. Прва со поддршка излезе НСДП на Тито Петковски, иако пред само неколку дена лидерот на ЛДП Јован Манасиевски рече дека добил ветување од Петковски дека новите социјал-демократи ќе го поддржат нивниот кандидат Нано Ружин.
-Ќе поддржиме кандидат кој успешно ќе ја извршува функцијата претседател, успешно ќе ја претставува земјата во странство и ќе работи на внатрешната безбедност и меѓуетничките односи, вели Заев.
Фрчковски минатата недела во изјава за медиумите рече дека нема да влезе во претседателската трка.Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за партиски кандидат кој беше министер за внатрешни работи и за надворешни работи во Владата на СДСМ,односно Бранко Црвенковски.
Градимир МАРКОВСКИ
ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА
Имер Селмани собра 10 000 потписи

Лидерот на Нова Демократија Имер Селмани ги собра потребните 10 000 потписи за кандидатура на претседателските избори.Тој вчера информира дека за четири дена успеал да собере 5000 потписи повеќе од потребното.Селмани е прв од претседателските кандидати кој на овој начин успеа да го исполни законскиот услов за да се појави на изборите во Март.Тој исто така засега е единствен кандидат оде партиите во Албанскиот политички блок.ДУИ и ДПА сеуште тактизираат.Интегративците најверојатно ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов,а конечната одлука во ДПА ќе ја донесе лидерот на партијата Мендух Тачи.
ЛДП
Нема да го поддржиме Фрчковски

ЛДП вчера преку соопштение ги демантираше шпекулациите дека оваа партија ќе го поддржи Љубомир Фрчковски на претседателските избори. Од партијата велат дека продолжуваат со собирање потписи за нивниот кандидат за претседател Нано Ружин, кого го промовираа минатата недела.
-ЛДП им сугерира на бриферите од СДСМ што ги пласираат ваквите информации да не го губат залудно своето драгоцено време и да си најдат друг начин за да го промовираат нивниот партиски кандидат, а не преку злоупотреба на името на ЛДП, се вели во соопштението од партијата.
ОД ИНТЕРЕС, А НЕ ОД АЛТРУИЗАМ
Тито Петковски ќе се кандидира за градоначалоник на Скопје

Лидерот на НСДП Тито Петковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Тој ќе настапи како кандидат на НСДП и СДСМ и ќе се обиде да му се спротивстави на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.
Петковски вели дека предизвик за кандидатурата за градоначалник на Скопје е да го спаси главниот град од ерозија и враќање во далечното минато.
-Во политиката доминантно место има интересот, а не алтруизмот. Предизвикот го гледам во назадувањето на Скопје како метропола. Скопје заслужува културно и урбанистички да се издигне бидејќи во него сега се случува урбан хаос, рече Петковски.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Нема за кого да се гласа, ама само на прв поглед. Освен гомнојадачот и анонимусот има и други кандидати. Имер Селмани е одличен кандидат. Но многумина предпочитаат да гласаат за гомнојадачот одколку за Албанец. За жал тоа е нашата реалност.
Одличен кандидат е и Нано Ружин. Можеби не е дипломат од калибарот на Срѓан Керим, но сепак има седумгодишно дипломатско искуство, а и би требало да делува обединувачки на политичката сцена во Македонија.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да бе, ја го заборавив Селмани.

Па ако може оној Таруноно у Америка, зошто да не може и кај нас албанец?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Љубе има поддршка од надвор, обид за дефокусација на гласачкото тело на ДПМНЕ, обид за разнебитување на истото тоа тело, зошто мислиш дека со тие ставови настапува откако го вратија интервентно од Хаг и тоа тама доволно време пред да бидат изборите?
не сум емоционален за политика, ама не сакам партиски послушници или одродници како ЉДФ.
Иванов нема што да бара во политика, арен си е како даскал, според мене, оваков излет не му треба.
А ЉДФ треба да биде застрелан како бесен пес.

Бидејќи тоа е невозможно, јас би гласал за Љубе, спортски, интересно да биде.

Инаку, дека ако отиде Љубе во вториот круг, тоа нема да биде поради СДСМ туку поради делба на гласачите на ДПМНЕ, а тогаш во вториот круг ќе се прават нови договори и со ДУИ и умрената ДПА. Инаку, факт е непобитен дека ако биде Иванов версус Љубе во втор круг дека СДСМ и сите нејзини сателити ќе дадат поддршка ПРОТИВ Иванов и за црниот ѓаол, не само за Љубе.

Сега ме разбра ли што сакам да кажам.

П.С. патриотизмот на Љубе е тука некаде, ама ....големо АМА...е зошто и од кои причини е ставен во шкафче во предизбориево.

П.П.С. А ако има предвремен дил со лицето, следниот пат во Скопје ќе шетам со розе танга да ми се гледа подизвадена од фармерките. Бива.

Јас секогаш исполнувам, така што и тангата (која ќе треба да ми ја позајмиш, ако ја имаш, во розе боја) ќе ја носам чесно и исполнително. Една вечер само, да не претеруваме :)!
Ок, тргам анализа на Љубе/Иванов на страна...

Зошто онда Љубомир Данаилов Фрчковски за кандидат?
Зошто фигура осудена на неуспех од старт?

П.С
Рачунај дека кладбата е официјална :)
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
извор ``дневник`` 26.8.2008 дел од интрвју со фрчковски

Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија.
Грците се упорни и нема никогаш да се откажат од освојување чекор по чекор на согласноста на македонците да се откажат од идентитетот и од името. Со ваков морон супер би им било.

Моронов ан-бланш им дава отспака Северна Македонија. Си прави бајрам со умот. Каде грците рекле дека Северна Македонија е прифатливо за нив. Рекле дека географска одредница е прифатливо за нив - ама Република Скопје е за нив име со географска одредница. Моронот Грчко се затрчува грлом у јагоде - готово предлогот е Северна или Горна Македонија - бреееее.
Кога би се случило тој да е факторот да одлучува за тоа (не дај Боже) - кога ќе треба да го потпише тој договор со Грците - ОПААА, ќе побараат уште една отстапка, па уште една, и така се додека Грчко не потпише дека се е грчко.

Прочитан издуван балон. БЉАААК
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ок, тргам анализа на Љубе/Иванов на страна...

Зошто онда Љубомир Данаилов Фрчковски за кандидат?
Зошто фигура осудена на неуспех од старт?

П.С
Рачунај дека кладбата е официјална :)
За да сепак пуштат канидат како пробен балон кој ќе лае во предизборие и ќе се опипа пулс на народот и кај едните и кај другите, а да се има лице за поткусурување, затоа е она можкоженцконо полугремлинско монгрелче ЉДФ!

Кладбата стои, наоѓај розе танга, иако не верувам дека ќе загубам.
што ако не загубам, туку ти? што јас добивам т.е. на што јас ќе се насладувам? :)
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
ИСУНЧАЈ ГА МАЛУ КОКОШКАТА!!! НЕМОЈ НЕ МЕ РАДУЈ!!!:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom