Фриленсер (Freelancer)

Г

Грејвдигер

Гостин
Овој под-форум некако е замрен, многу слаба активност... па кај сте бре веб девелопери, веб и графички дизајнери? :)

Како фрилансер работам околу 5-6 месеци и како и секој почеток, така и овој е тежок. До сега имам работено на само еден веб проект, ама тоа е кога имаш слабо портфолио и си на самиот почеток и без доволно искуство.

Да разјаснам за тие што не знаат: Фрилансер е личност која е само вработена, нема некоја „вистинска“ работа и поголем дел работи на краткотрајни проекти поврзани со веб развој, SEO, програмирање, дизајнирање, обаботка на видо и звук, пишување на статии и сл.

Искусен фрилансер кој работи неколку години воопшто не би требало да има проблем во наоѓање на работа од неговата област и месечно може да заработи дури и по 1000€, па можеби и нешто повеќе.

Како да станете фрилансер?
Доколку се занимавате со нешто од работите кои ги набројав погоре, (не) сте вработени и/или сакате да заработите некој денар повеќе - ова е вистинскиот начин. За почеток мислам дека најдобар сајт на кој би требало да почнете е oDesk. Едноставно се регистрирате, ги пополнувате потребните информации и ќе решите неколку тестови од вашата област за „огласувачите“ да имаат некаква претпоставка за вашите знаења. Исто така за да аплицирате за некоја работа потребно е да имате одредена оцена по некој тест. За понатаму ќе се снајдете, не е комплицирано.

Кога огласувачот ќе ја прифати вашата понуда добивате интервју со него т.е ќе поразговарате со него по приватни пораки за проектот и ве додава во oDesk Team (нивна апликација кои ги дефинира вашите работни часови и со кого работите).

Да работиш како фрилансер е доста добра работа бидејќи немаш одредено работно време во денот. Можеш кога сакаш да работиш... ти текнува вечер во 3 саатот и идеш си работиш на проектот. Но секако, треба до дадениот рок да завршиш со задачата.

Тоа е во основа. Доколку некој друг член има искуство и работи како фрилансер, тука сме да дискутираме, споделиме искуство, совети, препораки за фриланс сајтови и сл.

Други фриланс сајтови:
www.freelancer.com
www.Project4Hire.com
www.Elance.com
www.vWorker.com
www.TopCoder.com
www.ScriptLance.com
www.iStockPhoto.com
www.Fotolia.com
 
The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Браво за темата. Јас токму поради таа моја активност го одбрав јузерот за форумов. Не сум запознал лично други фриленсери (јас сум пишувал проекти за ученици од мојот факултет), но на еден друг форум прочитав идеја за обединување на сите фриленсери во државата под еден вебсајт, за полесна промоција и пристапност. Колку шо сум информиран, тоа остана само на идеја. Точно дека е многу добар начин на заработување екстра паричка, а ако си добро установен и имаш тука и таму по некое добро познанство и врскичка, знае да испадне и замена за фул тајм работа. Голем плус секако е можноста сам да си го организираш работното време, особено за луѓе кои се почувствителни на наредби и управување од некој друг. Еве да чуеме искуства од други...
 
Да, имаше такво нешто за обединување на фрилансерите во Македонија... баш на Twitter имаше порано дискусија на таа тема. За Dezen.mk се работи, има корисни текстови и од десната страна има банери кајшто наши дизајнери и програмери си го промовираат портфолиото бесплатно. Ако имаш изработено и прикачено на веб можеш слободно да го контактира, ќе ти стават и твој банер. Јас не сум стигнал до таму... моментално работам на некои WordPress додатоци, ама ќе бидат готови тек после Нова Година пошто имам обврски со школо. :(
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.500
Поени од реакции
28.926
Браво за темата и од мене!Сакав да отворам некој теми ради подфорумов да заживее малце а сакав и ваква али заборавив а и многу обврски имам.Се е супер напишано само треба да си ептен ептен добар за да се пробиеш низ фирмиве и другите фриленсери како што се danijanev, delicon и сл...Има искусни и добри фриленсери али се помалце и помалце ги/не има...Од фриленсинг во Македонија не се прежиува тоа е факт.Коа ќе земеш во обзир даноци и слично(ако работиш според прописи), а негокаш и се дешава да нема клиенти со недели па и затоа ретко кој се одлучува за ова...Јас се бавам само со графички дизајн, и со веб али помалце само html, css, php малце и CMS така просечно.Имам и портфолио али не го рекламирам.Нема везе ова да се навратиме на темата :) Па еве некој македонски блогови за фриленсери(други не знам нека надополни некој ако знае)
www.dezen.mk
www.list.mk
А еве и некои факти...
Намерно ги ставив на линк за да не ги копирам стварно се што е напишано од Дани е сосем точно!И не знам зашто остана само на идеја тоа треба да си се обединиме некако па да си помагаме што е стварно SF кај нас..на програмер ќе му треба графика или обратно па не е лоша идејата.И еве нека се равие подобра дискусија нека кажат сите од каде црпат инсипрации, од каде наоѓаат клиенти, како почнале, кои им се цените и други интересни работи за да се развие дискусија :)
 
Fear In Madrid

Hala Madrid ! ! !
Член од
26 ноември 2009
Мислења
332
Поени од реакции
37
Ubavo sto si otvoril vakva tema..
Jas se spremam 2-3 nedeli da otvoram specijalna tema samo za Odesk.Rabotam tamu veke 1 mesec,za mesec dena imam zaraboteno 200 dolari ama so pomos na prijateli koi mi pomognaa da go naucam sajtot i me preporucuvaa kaj drugi.
Ne rabotam so programiranje,ne sum zapoznaen so taa oblast,ali zatoa rabotam data enrty,web research,social media marketing,translating i slicni takvi raboti..
Da se pofalam vednas pred nekolku dena dobiv proekt 640 dolari za social media marketing..i sega cekam payoneer kreditna karticka za da si gi podignam parite..
moze nekoj da mi kaze na koi od ovie drugi sajtovi ima taka poveke raboti za data entry research i drugite sto gi nabrojav pred toa..

Izvinete za latinica..na ovoj pc nemam kirilica :(

edit: si trebal temava da ja otvoris vo internet i mrezi..bidejki na ovie sajtovi moze da se rabotat i polesni raboti pa retko koj vleguva vo veb dizajn i graficki dizajn :)
 
JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
Одлична тема али има да го стоплиш столчето додека почнеш да факаш работа али добро со труд и посветеност се исплаќа многу поззз
http://www.freelancer.co.uk/
 
Даниел и Дани Јанев долго време се бават со графички и веб дизајн/прог., посебно Даниел. Може да му видиш портфолиото има правено флаери и сл. ствари за Дормео, Топшоп и друго.

За формирање тим програмер и дизајнер воопшто не е лоша идеата, но и самиот кажа тоа е сајнс фикшн кај нас. А многу успешна соработка може да биде тоа, ама македонче како македонче... знаеш како е :).

Ubavo sto si otvoril vakva tema..
Jas se spremam 2-3 nedeli da otvoram specijalna tema samo za Odesk.Rabotam tamu veke 1 mesec,za mesec dena imam zaraboteno 200 dolari ama so pomos na prijateli koi mi pomognaa da go naucam sajtot i me preporucuvaa kaj drugi.
Ne rabotam so programiranje,ne sum zapoznaen so taa oblast,ali zatoa rabotam data enrty,web research,social media marketing,translating i slicni takvi raboti..
Da se pofalam vednas pred nekolku dena dobiv proekt 640 dolari za social media marketing..i sega cekam payoneer kreditna karticka za da si gi podignam parite..
moze nekoj da mi kaze na koi od ovie drugi sajtovi ima taka poveke raboti za data entry research i drugite sto gi nabrojav pred toa..

Izvinete za latinica..na ovoj pc nemam kirilica :(

edit: si trebal temava da ja otvoris vo internet i mrezi..bidejki na ovie sajtovi moze da se rabotat i polesni raboti pa retko koj vleguva vo veb dizajn i graficki dizajn :)
Пробај на freelancer.com или на британскиот Фрилансер штo го стави JURAGAANTE. Може да си пробаш среќата на британскиот, пошто на овој што е USA шансите да дојдеш до некој проект се многу мали. Индијците владеат со сајтов :) Има за долар да се продат за само они да го добијат проектот.

Таман си е темата, не е за во Интернет и Мрежи. Повеќе се работи за веб развој и графички дизајн.

Одлична тема али има да го стоплиш столчето додека почнеш да факаш работа али добро со труд и посветеност се исплаќа многу поззз
http://www.freelancer.co.uk/
Истите проекти што ги има на freelancer.com ги има и тука или ова е „чисто европски“? :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.500
Поени од реакции
28.926
Па им ги знам портфолиата стварно се добри им завидувам али има и други искусни не ги споменувам сакам сами да се јават кој се исто така доста добри а и членови на форумов zenderski, ExtremeBt и други има.Али тоа за формирањето јас сум ептен за!Да може некако да се договориме па да се видиме да попрајме муабет ако треба би била интересна дружба, а може и некои техники да размениме...Али ајде да видиме што ќе испадне од тоа :)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
јас си ја пробав среќата на Одеск и ништо не направив, индијци и филипинци нагрнати за беспари, типот плаќа едно лого 2 долари и филипинецов му прави 15 за тие пари, па за 100 денари наочарите на мене не ги ставам а не 15 логоа да му направам. Можеби ќе успеам на места кај што немаат такви пробиено, ама тешко дека такви места постојат
 
JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
хахахаха дада индијци се луткави ги има бе цели фамилии иначе freelancer.com и може ке го префрлаат на freelancer.co.uk а мозе и посебно ке си биде за себе а ке можеш да фаќаш проекти и отаму од freelancer.coм незнам како ќе биде позз
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Па да пробаме ако не и ние за 10 долари максимум да работиме :tapp:
10 долари се многу бе, они за 0,1$ ќе се продадат... треба за беспари да работиме :). Затоа и многу американски компании за програмери зимаат индијци, многу се добри, а имаат ефтина рака.
Инаку нема сајт кајшто нема да налетеш на нив.
 
Член од
2 јуни 2006
Мислења
86
Поени од реакции
1
А нема ли некој сајт за фриленсери но искучиво Европски, да ги нема Индијците и слични?
Или сајт каде што има појака селекција ?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Исклучиво европски нема, а не ќе ни да најдеш. Единствено ODesk.com мислам дека е кадешто најмалку ги има и така полесно е да дојдеш до некој проект.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom