Дали има некој што работи на Фриленсер.ком?
Имам работено на фивер.ком и апворк.ком и сум немал никакви потешкотии.
Пред некој ден направив акаунт на фриленсер. Пратив пропозал, во рок од 1 сат ми стигнува за да ме хајрне, го прифатив. Плус порака во чат од истиот како тоа јас сум одбран за работа бла бла и најдолу контактирај ме на скајп тој и тој. Ама пошто е забрането, зборот Скајп беше пишан SKUP или нешто слично со некои унгарски/грчки букви. Нели, да не се избриши автоматски пораката.
Ги немаше приложено сите потребни информации, па му пишав на чатот дека не е дозволено комуникација надвор од платформата. Е арно ама братот го нема да врати, а му беше хитно.
По 3-4 часа пуштам уште 2 пропозали, ми стигнува БУКВАЛНО ИСТАТА ПОРАКА. Со таа разлика што наместо скајп имаше пратено меил. Друга особа, други податоци.
Му вратив и него исто, дека се што се договараме треба да биде тука. Поучен од првиот случај, не ја прифатив понудата дури не ми врати на чат
И сеа 2 дена има поминато, за живи ги нема и двајцата. Си мислам дека е некој фриленсер робот кој што проверува дали сум лојален или не т.е дали ќе ги прифаќам тие педерски работи.

Во меѓувреме не можам да аплицирам на др проекти, затоа што ми стои извичник, дека имам не прифатени понуди.
И истекува тајмерот, и на првиот што прифатив а го нема имам некои си 2-3 дена да му направам деливери, и тајмер од 5-6 дена кај тој што немам прифатено.
Помош некој?