Фризурата треба да одговара не само на обликот на лицето, туку и на ТИПОТ на косата. Девојките ова често го забораваат, па трошат часови и нерви пред огледало за да ја постигнат првобитната фризура.
Добра фризура е онаа со која косата изгледа добро после бањање, сушење природно (без фен) и евентуално додавање на еден продукт за обликување на косата. Понатаму, во зависност од расположението и времето, со помош на фен, пегла и други додатоци можам да правам фризури ко овие што ги постирате погоре.
Затоа, не жалам пари за шишање на фризер. Се советувам со фризерот/стилистот дали фризурата која ја сакам ќе ми одговара, и често ги прифаќам нивните предлози. После шишање не давам да ме фенираат, туку ми ја обликуваат природно.
Како последица на ова, косата ми е тип топ за 6 минути. Повеќе време за љубов.