Никаде не одам без пеглата за коса, не знам што би правела во периодот додека купам нова доколку ми се расипе (пу пу скраја да е
) Имам специфично влакно и никој не може да ми ја испегла како што можам самата, секогаш ја препеглувам кога ќе се вратам од на фризер.
Летово ја носев и виткана (прекршена) зошто ми беше долга и не можев да ја пеглам после секојдневното миење, башка горештина. А многу мразам да ми штрчи и едно влакно, сакам кога ми е пеглана да е секое на свое место
На два месеци редовно одам на шишање, пазам да немам оштетени и суви врвови (последица од пеглање). Вчера ме "акна" некој "филм" и отидов да се шишам (демек нервозата ќе ја скратам така
), па ја скратив и повеќе од што треба, но ми се допадна новата фризура
Повеќе сакам долга коса, но ете си имам и јас некои моменти