Фридрих Ниче

С

Сатори

Гостин
Sho bara Hegel tuka.
Oni go mrazele nego...
Колку стар пост ми е тоа.
Но, да, сега ги претпочитам Ниче и Кант, само него сум го оставила од предходните тројца, но, не значи дека треба целосно да се поклопиш со една филозофија и со тоа по автоматизам да ја негираш онаа што е на неа спротивна.
Во тој период веројатно ми имало смисла. :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ниче е на крајот на краиштата само една алка во целиот филозофски ланец, и добро е да се има и таа алка, за оној кој паметно посматра и учи, прифаќа се но не се врзува за ништо.
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Бог никогаш не може да умре а гледам дека ни лугето немаат особини на богови.
А ти сигурна си дека постои Господ па да не може да умре? И како ви е сфатено тоа кај шо Ниче вели дека Господ е мртов?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А ти сигурна си дека постои Господ па да не може да умре? И како ви е сфатено тоа кај шо Ниче вели дека Господ е мртов?
А ти сигурен си дека Господ не постои? И тебе како ти е сфатено тоа што Ниче го вели за Господ?
 
koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Toa за Господ што го пишува одамна мие читано ама мислам беше во смисла на што се надевате Господ нема умре заедно со неговите бла бла бла сакаше да каже демак овде на земјава и на овој свет е и рајот и пеколот.....:toe:
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
А ти сигурен си дека Господ не постои? И тебе како ти е сфатено тоа што Ниче го вели за Господ?
Прв прашав... и тоа не тебе... али ај ке ти кажам

Не го оспорувам постоењето на Господ но немам докази да верувам дека постои. Така да сум неутрален овдека. А Ниче за тоа дека Господ е мртов јас го сфаќам онака... дека ... треба да ставиме акцент на самите себе а не де се покоруваме на некои непотребни морални и религиозни вредности кои само ни ја ограничуваат нашата личност (многу пати сум сакал да направам нешто што го осудува општеството а било најпогодно да се направи) ... бидејќки онаа религиозна пропаганда се шири преку Господ и постојат многу грешка толкувања за самиот Господ :):toe:

Кажи ми сеа што не ти се допаѓа во моево размислување...
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Ниче е ѓубре кое ги труе со погрешна филозофија младите и сеуште не добро информирани души . Бог никогаш не може да умре а гледам дека ни лугето немаат особини на богови. Со неговата борба во која опстојуваат најсилните напарави раздор и борба мегу лугето, светски војни, изгубеност на младите во сеопштото модерно лудило. По неговата идеологија е створено и денешното општество во кое се е оправдано аку сте малку свесни ке сватите дека сето тоа што го нуди општествово преку медиумите,забавата, модата, законите политиката и се останато е само пример за едно ДЕМОНкратско општество.

Малку закаснато,но за Бог има право,можеби не за мене и за тебе но за повеќето и е....
За болдираното можеби луѓето немаат особини на богови,туку на боговите им се даваат особини на луѓе со малку додаток на фантазија,факт на тоа е ако се земи историјата на религиите,каде што верувањето за тоа што е и кој е Бог се менува,преминувајќи од многобожествените религии и правење на идоли од животни,па заврши кај атеизмот со што човекот себеси најповеќе се величи,а сето тоа се должи на самото осознавањето на човекот и што се тој може да направи во светот...
А со оглед на тоа што атеизмот е во се поголем замав,тогаш и Ниче има право,и не ги труе луѓето со никави идеологии,со тоа што ако некој ги труе тоа го прават самите,никој на сила не ги наведува да се сложат и да веруваат тоа што кажал Ниче...
А борбата на луѓето,нивниот раздор и војните од секогаш ги имало и дури понекогаш нивна причина била и самата религија,а создавањето на ваквото општество е резултат на човекот,со тоа што ги заборава вредностите..И секако религијата дека е на некој начин насоката кон тие вредности,но не и единствената за нивно достигнување и почитување...
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Натчовек.. бла, бла.. .идеали.... бла бла ... индивидуалци... волја за моќ... нагони... бла, бла...човекот е зол по природа, бла, христијананите се инфериорна клапа...И тоа е се. Ниту предлози ниту идеи...ниту некаква елаборација, само една голема тага во душата. Мене лично не ми звучи нити придвижувачки нити револуционерно, макар своевремено бил доста контроверзен. Денес неговите идеи по автоматизам си ги вергламе пред избори, а и како дневна доза уз кафе, а свеќа си палиме за секој случај и со и без Ниче.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Малку закаснато,но за Бог има право,можеби не за мене и за тебе но за повеќето и е....
За болдираното можеби луѓето немаат особини на богови,туку на боговите им се даваат особини на луѓе со малку додаток на фантазија,факт на тоа е ако се земи историјата на религиите,каде што верувањето за тоа што е и кој е Бог се менува,преминувајќи од многобожествените религии и правење на идоли од животни,па заврши кај атеизмот со што човекот себеси најповеќе се величи,а сето тоа се должи на самото осознавањето на човекот и што се тој може да направи во светот...
А со оглед на тоа што атеизмот е во се поголем замав,тогаш и Ниче има право,и не ги труе луѓето со никави идеологии,со тоа што ако некој ги труе тоа го прават самите,никој на сила не ги наведува да се сложат и да веруваат тоа што кажал Ниче...
А борбата на луѓето,нивниот раздор и војните од секогаш ги имало и дури понекогаш нивна причина била и самата религија,а создавањето на ваквото општество е резултат на човекот,со тоа што ги заборава вредностите..И секако религијата дека е на некој начин насоката кон тие вредности,но не и единствената за нивно достигнување и почитување...
Јас со големо закаснување :) ‘‘ Ниче во основата на својата филозфија тврди дека не постои апсолутна вистина т. е ,, Нема вистина ниту нешта по себе "(-Волја за моќ) Ова тврдење не се јавува како плод на разумното сознание и претставува исповедување на верата во невистината. Самото тврдење не постои никаков апсолут е веќе апсолутно тврдење. Објавувајки ја своата "апсолутна'' вистина т .е дека повеке ''нема вистина" нихилизмот си противречи самиот себе си и ја докажува својата сопствена крајна лажност. во таквата нихилистичка филозофија поточно вера во невистината на човекот му преостанува само нејасната надеж во некаква ‘‘релативна вистина‘‘. Но ако ја погледнеме науката како главен критериум за вистина на модерниот човек, ке видиме за концептот на ‘‘релативна висина‘‘ таму нема ни збор. Кога во науката не би имало апсолутни принципи на вистината како појдовни точки, тогаш не би имало ни критериуми врз чија основа би можеле да класифицираме како знаење т. е како вистина.‘‘
Што мислите и како би ја објасниле неговата релативна вистина т.е неговата апсолутна лага?
За болдираното ...не мора некој да те натера да веруваш или не тоа се спроведува на поинакви начини а за то би требало да отвориме дебата во пошироки размери и не знам кој колку е подготвен тука да одговори на прашањата што го мачат еден млад човек во потрага по вистината и притисокот кој му е наметнат преку медиумите, начинот на живот и духот на модерното време. Делува збунувачки но свесноста за околината и поимањето на реалноста е чудна работа!
 
:smir:
Болдираното - Токму тоа е крајно дискутабилно според нихилистите и приврзаниците на Ниче, дека апсолутниот принцип на вистината не може да се постави, бидејќи ние не го знаеме, а оној кој веќе се зема како појдовен, не сме сигурни дали е релевантен, точен. Со ова се сложувам, не можеме да знаеме со сигурност бидејќи во принцип за универзалните текови на работите многу малку знаеме, но затоа сметам дека мораме да бидеме разумни во рамките во кои живееме и да се договориме за еден апсолутен принцип на вистината и по него да се раководиме, иако можеби не е реален и вистинит, бидејќи до вистината и онака не можеме да дојдеме. Затоа и со идеологијата на Ниче не се согласувам во главно.
 
Тешко дека во денешно време интелектуалците, теолозите, филозофите па и обичните луге ке сложат со една апсолутна вистина која навистина објективно постои покрај сите оние лажни религии, вери, секти, идеологии. Секој човек има раличен пристап кон она во што ке верува ние знаеме колку е тешко да убедиш човек да поверува во најобична работа дека е вистина а не пак во нешто поголемо и покомплексно ...во постоење на Бог на нематеријален т.е невидлив свет. За некој на пр. што се занимава со барање на вечната вистина може да ги согледа негативностите и предностите кај одредени филозофии и теории и како такви да ги отфрли, многу е глупаво да се правиш паметен (не мислам на тебе конкретно) а да немаш прочитано ниту една книга барањето на вистината понекогаш бара време и вложување на сопствени сили а обично на форум или во секојдневие лугето си кажуваат некои свои теории во чија основа лежат нивната симпатија и наклонетост поради некоја причина. После имаме окултисти, секташи, нихилисти, или паки сакаат да бидат но не можат зошто ни таа нивна сјебана филозофија не ја сватиле во целост туку само одреден дел. Мислам дека тоа произлегува од личната желба да се биде Поинаков но за жал го одбираат погрешниот начин.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Nihilizam znaci deka nisto nema nikakva krajna smisla i deka se se sveduva na nisto pa ottamu nema smisla, osven ako pod toa ne se podrazbira samoto ziveenje takvo kakvo sto e.
Znaci nema bog nema vecen zivot nema dobro se e besmisleno.
Nighilizmot e stav deka vo svetot nema bog
nema nisto trajno
a so toa nisto nema smisla
se e dozvoleno, se e borba
se e zlo!
 
Е сеуште се прашувам кој е тој што свесно го негира своето постоење? како можиш да го ставиш твојот разум во таква состојба и да веруваш дека се е лага кога сам го гледаш постоењето на животот и светот околу тебе и многу логично дека има сето тоа почеток ...ок како си способен лично да веруваш во ваква филозофија???
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Nisto ne e trajno
sega postoi
ama nema vecno da postoi
se konkretno ke izcezne
mora se zivo da umre
smrtta e kodirana vo genite
drugi ke ziveat
kako sto ziveele mnogu
koi veke ne ziveat
vecno ke postoi samo rodot
no konkretno sekoj ke umre
toa e metafizicki pesimizam
svetot postoi za zivite
no zivite se sekogas drugi
nikoj ne e vecen
toa znaci deka se se sveduva na nisto posle smrtta.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
...обично на форум или во секојдневие лугето си кажуваат некои свои теории во чија основа лежат нивната симпатија и наклонетост поради некоја причина. После имаме окултисти, секташи, нихилисти, или паки сакаат да бидат но не можат зошто ни таа нивна сјебана филозофија не ја сватиле во целост туку само одреден дел. Мислам дека тоа произлегува од личната желба да се биде Поинаков но за жал го одбираат погрешниот начин.
Ти го разбирам муабетот, па дури за неверување и го поддржувам, но сепак, зар не мислиш дека сите оние кои заради свој мерак се залетале ко коњи во една филозофија сепак имаат шанса да бидат во право. Можеби никој од нас, можеби вистината никој од светските најголеми мислители не може да ја долови, но можноста дека ја има уловоено е исто толку голема колку и да ја нема, или воопшто да не постои.

Сакам да кажам, и покрај тоа што луѓето навистина заради “ин“ причини се поклоници на разни движења и мислења, конечната реалност и вистина немаме шанси како планета да ја знаеме. Па така и нихилизмот има своја логична смисла, но и оптимистичкото размислување исто толку.

На крај, не постои еден човек, освен можеби креаторот на одреден филозофски правец, кој строго ќе се држи до правилата на таа “религија“, бидејќи ниеден човек не може по сите точки да се сложи со ставот на друг човек, зашто има милијарда гледишта, аспекти, размислувања, опции...

За Крај, јас не можам никако да се сложам со идеите за превласт и злобно однесување едни кон други, а со моето мислење и самиот Ниче според легендите морал да се сложи, прегрнувајќи го коњот кој бил камшикуван, пред својата смрт. Дури и сам сфатил дека се` она што го направил е директна мотивација и инспирација за убивање на милиони луѓе, чисто за забава на некој друг. Тука е мојата граница за лудило, и немам намера да ја преминам. Па макар некој ме нарече ограничен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom