Во минатото коло повторно имаше натегање помеѓу Нејмар и Кавани околу тоа кој да го шутира пеналот. Кавани повторно не му дозволи на Нејмар да го шутира, а се вклучи и Дани Алвес кој сакаше да му ја земе топката на Кавани и да му ја даде на Нејмар. Кавани го промаши пеналот.
Францускиот L'eqipe објави дека во соблекувалната за малку ќе дојдело до тепачка меѓу Нејмар и Кавани, ги смирувал Тиаго Силва.