Не зборам конкретно за најблиските на „жртвата“. Нормално е тие да бидат потресени од настаните. Но, која е потребата од медиумско покривање на сеуште недокажан настан? Може детето да лаже... Па и родителот може да лаже. Џабе што може да се покаже дека обвинетиот е невин... животот ќе му биде зацрнет. Досието ќе му го краси обвинение за педофилија, односите со семејството ќе му се нарушат, може работата да ја загуби итн итн. Јас едноставно не можам да поверувам дека дојдовме до степен во кој секојдневно се откирва нов педофил... Просто е невозможно за мала држава како нашата.
Многу нереално размислување во една сурова реалност.
Секоја грешка во животот се плаќа. Некоја чини помалку, некоја повеќе.
И секоја грешка повлекува со себе еден куп последици, по еден куп персони.
Тоа е светот, тоа е реалноста.
Ако е грешка во твојот хипотетички пример, тогаш последиците се помали, отколку оние, ако не е грешка.
Тоа е суровата реалност, ќе ја поправи само статистиката и толку. Ништо повеќе, ништо помалку. Општеството нема да се замара ако во 100 случаи 3-4 му се грешка. Никому ништо.
И внимавај не се доаѓа тутку така во ситуација да бидеш обвинет за педофилија и силување.
Многу е лесно да се зборува од суперпозиција за настани кои не не тангираат и се некако далеку од нашата реалност, се додека не станат наша реалност.
Тогаш ваквите муабети кои ти ги пласираш, паѓаат во вода.