Тапа утакмица.
Французиве знам дека можат подобро од ова денеска, и стварно не знам зошто беа вака очајни.
Дешамп денеска ме потсети на Капело малку. Целта ни е да се браниме, па ако примиме гол добро, ако не пак добро.
А ова се покажа веќе низ сезонава дека и не е така добра тактика.
Сфаќам претпазливост и се тоа ама до сега на светсково ниедна екипа не одигра машки. Да губиш 1-0 и да немаш 100%ни шанси до 90та минута е малце глупо.
Требаше уште во 70м. да стави се на една карта и да го стави Жиру.
Вака предвидливоста на нокаут фазава продолжува. Да се надеваме на некое си изненадување утре ама се ми изгледа на Холандија победа во регуларен дел и победа на Аргентина на продолженија/пенали па тоа што беше Баерн-Реал и Барса/Челзи пред некоја година во ЛШ сега да биде Аргентина-Холандија и Германија-Бразил, со таа разлика што сега ми изгледа дека ќе се исполни желбата на Платини да го гледа финалето што го посакува т.е. Бразил-Аргентина.
Сепак ете последна надеж за предвидливи 1/2 финални двојки ми се Белгијците кој што сметам дека ќе се држат добро ама ќе паднат на неискуство.
Малце забегав оф-топик.
Он топик: Германците си ја изгерманчија победава. Французиве со бело знаме го довршија мечот после примениот брз гол.[DOUBLEPOST=1404521282][/DOUBLEPOST]
Незнаев дека Турци се родени Ариевци.
Или дека Мирослав е Германско име, Боатенг германско презиме и пар уште неколку работи.
Ама тоа е од необјаснети причини некој им ставил во глава на многумина дека треба да се мразат Франција,Италија и Шпанија, и така ќе читаш рандом коментари од (не)познавачи на фудбалот кој што одвај чекаат некоја екипа да отпадне.
Тоа е, глобален спорт е сите гледаат и мора да си најдат занимација.