Фото к*рва (а.к.а "секси сум?") - дефиниции и психоанализа

С

Сатори

Гостин
~*~

Не е битно дали е во преносно значење или не, ќе се спомне зборот курва и 8 страници за помалку од ден!

Аххх ... просто да седиш, да се чудиш и да воздивнуваш.:devojce:
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
шо има да судитееееее?!?!?!? ги знаете? ве засегаат?! КАКО ВООПШТО ДОПИРААТ ДО ВАС?!
кажете ја ебаната нивна психологија упм. зашто тоа го прават!?
ацид,не ги залажувај со слики... се палат одма.
Па доста луѓе си го кажаа своето мислење од психолошка гледна точка,а тие што не се согласуваат со нив одма се палат и коментираат зошто девојките од хи5 и компанија се осудуваат.Па никој не му суди,луѓето само си го кажаа своето мислење,зошто фото-к*рвите така прат.Еве ти цитирам постој од луѓе кои одговорија на твоето прашање:
Од психолошка гледна точка,фото-курвите се личности со ниска самодоверба,па прават провокативни слики,за кои секогаш се наоѓа некој напален мажјак да искоментира,и тие коментари им ја подигаат самодовербата на фото-курвите...фото-курвите уствари сакаат да се почуствуваа секси и пожелно,а бидејќи немаат постојан партнер покрај себе кој би им пружил љубов и внимание и би направил да се чувствуваат пожелно и посакувано,мораат таквото внимание да го побараат на интернет,а за да го добијат таквото внимание,мораат да направат провокативни фотографии оти ако стават обични фотографии нема да ги добијат посакуваното внимание и коментари.
Меѓу редовите погоре се наоѓа одговорот на (прашањето во воведното мислење на) темата. Тие што спаѓаат во категоријата "cam whores" се луѓе на кои им е неопходно постојано уверување од другите дека се најсекси, најслатки, најфотогенични на свет.. бараат внимание кое сметаат дека го заслужуваат, а не го добиваат. Затоа и зрачат кога под сликите што ги ставиле ќе видат еден куп (според нив, позитивни) коментари. Едноставно, нели, сметаат дека така треба.
Се` останато, вклучувајќи и оправдувања од типот "ако имаат што да покажат, зошто да не" - се грешни и далеку од вистината.

Билдање самодоверба, можеби немаат друга попаметна работа, сакаат да бидат видени....

Постојат многу варијанти.
Како и да е, не ме интересира.
Нивен живот,нивен проблем.
Секој со своето.
Не, јас би рекол дека се ова се прави заради да привлече внимание, а воедно да истакне дека нема едноставно домашно воспитување. Дека ке има еден куп отварања и еден куп коментари ко којзнае што да се добило. Инаку во контекст на темата... Сликај се колку сакаш тоа не те прави к**ва. Објавувањето на сликите на нет е клучниот момент. Сликата како слика е дел од времето на кое можиш да се потсетиш по 10-15 години, без разлика што имаш сликано.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Секси коментари.
pozz,mwah,wow,sexxxxxxxy,срцка си,супер си.

Можам мама да ја терам секојпат да ми кажува дека сум супер:)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас немам ништо против ваквите слики, се додека не се премини некоја граница.
Темата е токму за тие кои ја преминуваат таа некоја граница, која нели е различна кај секого. И да, сликите кои Ацид ги стави во првиот пост се со некоја премината граница дека се извештачени. Немора да се испрчат усти, за да се истакне тоа што се има, кое е одобрено од повеќето тука да се објави јавно. Тоа е повеќе курвинско во вистинска смисла на зборот, отколку невино или природно.:toe:

А и не смее да се збори само за женските, затоа што има колку сакате машки, што вика Скул, што си се сликале пред колата, позади колата, со вискито, со златниот ланец од баба, со бицепсот, трицепсот и стомачните.. тие се еднакво очајни со девојките:toe:
Се сложувам со твоето општо мислење златна, со сосем мала лична корекција. Мислам дека е во ред што се збори повеќе за женските. Мажите кои се сликаат позади кола, со виски или со бицепс се неизживеани сељаци кои посакуваат барем на момент да се фраери, нешто што сосема спротивно го протолковале како поим. Женските доловуваат сосем поинаква поента, со нивниот начин на претерување. Можеби е мала разликата, но сепак дели, барем според мене.
А ќе се сложам и со тоа дека поголеми виновници се напатените мажи кои немаат како, па се палат токму на таквите слики од девојките. Само им придаваат преголемо значење на толку ефтини нешта.

Подобро би било фото зависници..
Иначе реков така оти Трн беше малце нејасен, зато така искоментирав.
Не ми е јасно, шо има тука психолошко, ментално или шо знам факинг шо..
Цурите сакат да се сликат, сакат да ги прчат муцките, сакат да бидат гледани, сакат да бидат коментирани..Едноставно сакат да ја покажат нивната убавина..И ете на некој налин си ја покажват.
Колку сака нека изгубиле време, колку сака нека истрошиле батерии.
Шо не` засега нас то?

Сеа ќе речи некој, форум е, се дискутира, ова она..
Да, се дискутира, се кажва мислење, ама судење?! Ние да судиме на некој шо појма немаме кој е и да ги нарекуваме патетичени душички, кутри душички..
Впрочем, од кај знајме ние какво мислење имат тие? Демек со 1370954734 слики можиш да видиш дали чоек е глуп или паметен?
И да велиме дека флертува?! Од кај знајте дека флертуват, то не ми е јасно..
Дај жити се..
За тоа што зборуваме ние, не е подобро фото зависници. Тоа за мене е друг поим...поим за луѓе кои обожаваат да се сликаат во посебни моменти, на посебни места и ги покажуваат тие слики со цел да кажат нешто друго со нив. Не би рекла дека е завист од сликање тоа што Ацид го кажа - сликањето пред излегување, после излегување, пред шопинг, после шопинг, пред легнување, после станување итн. Тоа е и тоа како веќе психолошки проблем. Психолошки проблем е таа опсесија да сакаш да се покажуваш, да сакаш да бидеш коментиран, да сакаш да го имаш целото внимание само со испрчени усни. Има многу други позрели и понормални начини.
Во врска со судењето ... исто ти е ... ти ги судиш тие што судат ... без навреда, така испаѓа нели?
А тоа со флертувањето, некои веќе кажаа, ама да не останам јас покусо ...
Јас кога сакам да флертувам со некого кога излегувам, ќе се раслечам, нашминкам, ќе се светнам цела до максимум, ќе прчам усни пред мажите и сл. Истото е и со сликите, разлика апсолутно нема. Која би била поентата да ги покажувам градите на сите (пример де), ако не тоа? Нешто као случајна слика која сама ми се ставила на интернет во моја галерија? Сигурно не.

Сфатете ме како сакате, но јас сум прилично разочаран од темава и од мислењата на мнозинството кои постираа.
Зошто ако некој сака да се слика (макар тоа било прекумерно) би бил фото-курва?
Океј, ајде називот некако го прифаќам како сленг кој нема допирна точка со вистинското значење на зборот `курва` и ке разберам доколку на шала и без лоша намера кажеш на другар/ка дека е фото-курва затоа што има мерак да се слика... но никогаш нема да ми стане јасна таа малодушност и малограѓанска потреба на некои луге (кои за жал се мнозинство) да судат и навредуваат, да изигруваат квази-психолози и да вадат заклучоци од ракав дека тоа било лечење комплекси, да нападнат некого со цел да се чувствуваат подобро за себе и да `покажат колку се тие подобри` од другите.
Која е таа потреба да се гледа од височина и со презир према се што е различно од вас?
Која е таа желба и фетиш да се суди на некого кој и не го познавате?
И за тебе едно прашање ... кој е твојот фетиш да ми судиш мене што судам некои, кога не ме познаваш?

Не им судам, ама кој е психолошкиот момент тука? : )
Башка што не судам, нали. Не можам да ги судам, затоа што со тоа не постигнувам ништо, а не ни сакам. Можам само да се згадам, да се разочарам и да продолжам. Секако ќе се згадам кога ќе видам јако разголено тело, а кога зголемувам слика гледам фаца која едвај доловува 15 години. Особено пред некој ден кога малку повеќе го разлистав hi5. Се запрепастив, незнаев ни што да си помислам. Па срамота е тоа. Срамота за самите девојчиња, кои демек растат пред време мислејќи дека тоа се прави со разголување и перверзно провоцирање. Срам ќе им биде од себе си еден ден кога ќе се сетат дека којзнае колку и какви гадови дркале на тие слики.

Туку ептен забегав, да се вратам на темата.
Психолошкиот момент? Јасно е дека во последно време луѓето буквално живеат во, на и со интернетот. Изгубена е убавината на излегувањето, на дружењето, на забавувањето со друштво во живо, па сега тоа го прават со компјутерите. Нормално, тоа дружење си бара и покажувања и докажувања, комплименти и флертувања, па понекогаш и врски итн. За тоа, нормално девојките мора да изгледаат пожешко, поатрактивно, за да биде бројот на удварачи се` поголем, со што би си ги надоместиле сите недостатоци од вистинскиот живот. После коментарите во галериите, сите тие девојки најверојатно се чувствуваат како да биле на најдобрата забава и мирно заспиваат. Тоа е според мене, така на кратко и на јасно.:podsmev:
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
Апсолутно се согласувам со се што напиша.
Единствено што можам да дополнам е дека тие се мали неизживеани суштества кои имаат потреба на некој начин да си лечат комплекси со ставање на нискобуџетни слики од нив по интернет. Колку што важи сето ова за девојки толку важи и за машките кои патат да бидат видени и испромовирани во сајбер просторот. Жалосно:nesum:

Никој не е тука да суди некому. И не можеш да кажеш дека се искомплексирани, бидејки сеуште голем дел од нив се деца кои сакаат да се докажат. Секој човек сака да е центар на внимание, барем потсвесно, па затоа нема потреба од вреѓање, ако си возрасна и зрела нема вака да размислуваш и ке ги сфатиш. Не сфакај погрешно, не те напаѓам воопшто, само сакав да те демантирам во некои размислувања.
поздрав
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Психолошкиот момент? Јасно е дека во последно време луѓето буквално живеат во, на и со интернетот. Изгубена е убавината на излегувањето, на дружењето, на забавувањето со друштво во живо, па сега тоа го прават со компјутерите. Нормално, тоа дружење си бара и покажувања и докажувања, комплименти и флертувања, па понекогаш и врски итн. За тоа, нормално девојките мора да изгледаат пожешко, поатрактивно, за да биде бројот на удварачи се` поголем, со што би си ги надоместиле сите недостатоци од вистинскиот живот. После коментарите во галериите, сите тие девојки најверојатно се чувствуваат како да биле на најдобрата забава и мирно заспиваат. Тоа е според мене, така на кратко и на јасно.:podsmev:
Е то то... :uvo:

И сега што се случува, го трампаш реалниот живот и реалното пиво на шанк со непознато момче за провокативни слики каде никој не може да те погледне неубаво, да има лош здив и да му се лизне шишето. Нема пијани будали, и никој нема да ти рече “курво“ ако го одбиеш. А и да ти рече, ќе му го избришеш коментарот и како никогаш да не постоел, не боли толку, за разлика од кажаното кое може и други да слушнат, а тогаш резилот е каде каде поголем.
Ама не е важно, сите пак би искочиле на пиво ако можат да си дозволат. Убавината на реалното флертување никогаш нема да умре... или сепак?! :toe:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Никој не е тука да суди некому. И не можеш да кажеш дека се искомплексирани, бидејки сеуште голем дел од нив се деца кои сакаат да се докажат. Секој човек сака да е центар на внимание, барем потсвесно, па затоа нема потреба од вреѓање, ако си возрасна и зрела нема вака да размислуваш и ке ги сфатиш. Не сфакај погрешно, не те напаѓам воопшто, само сакав да те демантирам во некои размислувања.
поздрав
Значи треба да се пофторувам во своите размислувања за да сфатиш. Правото да судам за некој по неговиот изглед ми припаѓа мене, ти припаѓа тебе, ни припаѓа на сите. Во ред е ти не ги осудувај, јас ќе ги осудувам зошто тоа е мое право.

Ако се деца, па ти се молам, кој им е овој начин за да се докажат? Што ќе прават кога ќе бидат колку мене или колку тебе? Или не им кажале дека постојат и други начини на докажување?

Тој делот за тоа колку сум јас возрасна и зрела нема потреба да го разглабам на форуми, секој си има мислење за секого. Можеби нешто е фалично со мене ама јас не ги разбирам. Еј и јас некогаш имав 17 па не копирав сцени од еротски филмови и ги ставав на интернет. :helou:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Wow, осум страни препукување.

De gustibus et coloribus non disputantum!
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
:pos: Фото курва од емо сорта...

Овај, вака ја ќе се изјаснам. Колку што сум приметил, ваков феномен владее во Македонија, Романија, Венецуела, Перу и слични сиромашни земји.
Во земја каде нема други вредности освен ефтина прошетка низ скопска дискотека каде и не мора да се потроши ни денар, единствено што ти преостанува дома да правиш е подготовка за прошетката. Значи нема театри, нема изложби, нема аеробик, нема спортски натпревари, нема викенди и зимувања, нема ништо. Има телевизор и пинк телевизија на која малите девојчиња ќе се угледаат. Сакаат да бидат како нив, и сакаат да покажат дека можат да бидат како нив.

Затоа, се сликаат, покажуваат кожа, се надеваат дека некое момче во раните 20ти ќе ги кликне и токму тој ќе биде успешниот менаџер во елитната дискотека преку кој ќе стекнат слава, пари и углед. Нормално, не ги интересира кариера, светски тренд на случувања ниту било што друго.

А да не го дрвам, наједноставно кажано, недостигот на пари кои треба да се потрошат на нешто квалитетно се трансформира во интернет кич. То ест “Фото курва“. :helou:
Не би рекла. Ако се разгледа поубаво, феноменот е најраспространет во развиените земји, во кои нема ниту недостатоци од театар, ниту недостатоци од места за излегување и за забава и за 15 годинишни малолетници, и оние со полн џеб и оние со мал. Чинам дека е погрешна анализата на „психологијата“ на децата (која психологија кога станува за адолесценти со карактер и вредности кои се во изградба?), туку на општеството. Зарем некој мисли дека бројот е многу поголем отколку помал, на родителите кои се свесни за овие активности на своите ќерки? Не би рекла! Поголемиот дел се сигурно во мрак.

Економскиот притисок игра улога, но игра и брзината на општеството. Низ фрката да се обезбеди, заработи, сработи фамилиите имаат помалку време да ги пратат новите текови во кои се движат нивните штитеници – мама уште мисли дека ќерето игра игрички на оваа кутијата што ја викаат комФјутор и ја остава, да се занимава дур она работи - како што без проблем нас не оставаа на улица да си играме, несвесни дека главна преокупација ни се цигарите, а тие мислат играме гоненица („неморалноста“ на нашето време). Контролата врз новите технологии за жал е во рацете на децата, во голем дел затоа што возрасните се се` уште релативно неписмени за новите видови на комуникација. Во развиените земји требаше да се случат скандали и трагедии (педофилија/киднапирања) поради ваквиот протек на информации за да се сврти вниманието.

Ако се прави некоја психолошка анализа, треба да се направи на општеството, и да не се прашува „што се случува“ туку зошто се случува. Дали е фото-курва, млад-адолесцент со потреба од внимание, или обично курвиче не е толку важно, колку што е важно зошто е тоа, и од каде поривот?
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
Значи треба да се пофторувам во своите размислувања за да сфатиш. Правото да судам за некој по неговиот изглед ми припаѓа мене, ти припаѓа тебе, ни припаѓа на сите. Во ред е ти не ги осудувај, јас ќе ги осудувам зошто тоа е мое право.

Ако се деца, па ти се молам, кој им е овој начин за да се докажат? Што ќе прават кога ќе бидат колку мене или колку тебе? Или не им кажале дека постојат и други начини на докажување?

Тој делот за тоа колку сум јас возрасна и зрела нема потреба да го разглабам на форуми, секој си има мислење за секого. Можеби нешто е фалично со мене ама јас не ги разбирам. Еј и јас некогаш имав 17 па не копирав сцени од еротски филмови и ги ставав на интернет. :helou:

Извини, али ако гледаш така и ти моментално се докажуваш на форумов... А можеби и јас ...
А и самата кажа :„Или не им кажале дека постојат и други начини на докажување?‘‘, епа најверојатно не им кажале. Е тука е моментот, повекето родители немаат време да им посветат доволно внимание на своите деца - тука влијаат повеке фактори (семејството, друштвото, околината, општеството, целиот ебан систем). Во овие фактори спаѓа и образованието (како подфактор на општеството) и тука би требало барем малку да се освестат тие човеци :). Значи незнаеме во какви услови се израснати- ако се израснати:), сегде не тече мед и млеко верувај ... Од неколку слики можеш да кажеш какви луге се они, но верувај дека побитни се причините зошто станале тие такви. Што значи не треба нив да ги судиш...
Иди лути се на нивните родители малце :helou:
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Апсолутно секој има право на свое мислење и несакав да кажам дека се правиш паметна туку само правев една споредба помеѓу нашава дебата и ставање на провокативни слики по профили.
Дали јас и ти сме несигурни во себе па затоа на форумов учествуваме со свои мислења за да добиеме позитивни коментари или репутација која ке ни ја зголеми самодовербата и заради која ке се чувствуваме паметни... како што ти тврдиш дека тие девојки не се сигурни во себе и својата убавина па затоа ставаат провокативни слики за да добијат позитивни коментари кои ке им ја кренат самодовербата за да можат да се сметаат за згодни и убави.
Немам намера да се карам или да навредам некого на форумов, така да немој да мислиш дека ја нешто со лутина ти пишувам или сум ти пишувал претходно.
Не мешај баби и жаби...не значи дека ако учествуваме на Кајгана со свои мислења,учествуваме за да добиеме позитивни репутација и со самото да се осеќаме паметни,т.е учествуваме со цел да ни се крени самодовербата ... барем јас не учествувам со таа цел ... пошто еве на пр. на оваа тема си го кажувам моето мислење и добивам репутација од некој шо се сложува со моето мислење... ама на некоја друга тема можи ќе имам спротивно мислење од другите,па ќе добијам негативна репутација... сепак то нема да ме спречи да си стојам на мислењето ... така да,дефинитивно не е исто.
Инаку не мислам дека си ми пишувал или ми пишуваш со лутина ...ни ти немој да мислиш дека јас со лутина ти пишувам :):):)
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Под провокативно подразбирам сликите кои беа објавени на претходните страни.
Мене лично, искрено, би ми пречело девојка ми да става такви слики. Но нема да ми смета доколку мојата девојка ја сметаат за згодна и убава (на кого би му пречело?) а башка неможам да контролирам какви коментари оставаат лугето.
Нормално дека на никој не му смета дечкото/девојката да му го/ја сметаат за згоден/а,то не е сега тема на муабет.Значи ете и самиот признаваш дека ќе ти пречи ако девојка ти става такви слики... а зошто ќе ти пречи??? па нели е то нормална работа,згодна е и убава и сака да се покажи колки е згодна.
Значи според тебе девојките кои имаат такви слики на профил нема шанси да се во сериозна врска во моментот, само поради тие слики?
Погледни на hi5 и ке видиш стварно згодни и убави девојки кои немаат такви слики т.е. имаат примерни, нормални слики и пак добиваат секакви позитивни коментари, значи немора да се соблакаат за поз. коментари. А тоа дека 80% се слечени е чиста невистина, небулоза.
Немам ништо против девојките со нормалните слики,и не велам дека таквите слики не добиваат позитивни коментари ... и ок не знам во кој процент се застапени на hi5,па не можам сега сите профили да ги проверувам за да видам колку такви има ... битно е дека ги има и дека секој ден се множат...
А мерата која ти сакаш да ја прикажеш е тоа дека овие девојки што имаат провокативни фотки, кои ти и многу други ги нарекувате фото-курви по default... според тебе овие девојки тие фотки ги имаат ставено само поради тоа да дигаат самодоверба.
Да.
Значи да ги оставиме тие девојки кои сакаат да ставаат слики од себе (какви и да се) без притоа да им вадиме дијагнози или да ги нарекуваме со секакви погрдни имиња, ако некој нешто прави без притоа да им штети на другите кои сме ние да им судиме.
Никој не им суди... си даваме свое мислење на темата.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Не мешај баби и жаби...не значи дека ако учествуваме на Кајгана со свои мислења,учествуваме за да добиеме позитивни репутација и со самото да се осеќаме паметни,т.е учествуваме со цел да ни се крени самодовербата ... барем јас не учествувам со таа цел ... пошто еве на пр. на оваа тема си го кажувам моето мислење и добивам репутација од некој шо се сложува со моето мислење... ама на некоја друга тема можи ќе имам спротивно мислење од другите,па ќе добијам негативна репутација... сепак то нема да ме спречи да си стојам на мислењето ... така да,дефинитивно не е исто.
Инаку не мислам дека си ми пишувал или ми пишуваш со лутина ...ни ти немој да мислиш дека јас со лутина ти пишувам :):):)
Исто е зашто и тие можат да добијат негативни коментари на сликите, тоа можеби се случува поретко но не е исклучена можноста.
И велиш дека ти не учествуваш со таа цел (да добиеш репутација или ватевр)...значи не можеме да тврдиме и дека сите фото к*рви закачуваат слики со цел да добијат позитивни коментари, петки, само за да си ја зголемат самодовербата.
На место си е компарацијата што ја направи Unknown Artist.:smir:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Читам нешто судење не судење криви дрини ово оно....море ќе им судам и на двете страни. На сите фото курви и сите фото жигола би им дал по еден копач или мотика и по две ниви со трња, да копаат. Премногу напнато, манијачки, невкусно, ретардирано, со интелегенција колку препечено колаче, дури и пониска, си ги покажуваат ретардираните нивни мозочиња.....
што би рекол Фројд? ОЧАЈНО ИМ ТРЕБА СЕКС.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom