Никој не се потегнал да ги увезува официјално. АМЦ ти е алаш-вериш фирма, жива превара. Еден куп ствари се имам изнаслушано за тоа како ги набавуваат производите кои ги продаваат во Македонија, и сите се грди приказни. Една моја другарка имаше купено Кодак од 16.000 денари пред 3 години и доста време и помина во сервисот на АМЦ, не памтам детали за нејзиниот случај.
Пикс Плус увезува Пентакс.
Рефот-М (македонски канцеларии на Рефот од Белград) увезува Никон.
Канон (македонска канцеларија на Канон Словенија) увезува Канон откако увидоа дека им се продаваат фото апаратите во Македонија, меѓутоа Генел не се на баш највешти со фото-опрема. Нивна специјалност се копири и уште неколку Канон производи.
Аксесорис за фото-апарати увезуваат трите претходно наведени фирми.
И да не заборавам, зошто баш Кодак. Специјалноста на Кодак беа филмовите колку што ме држи сеќавање, во дигиталното доба, слабо се снаоѓаат. По западна европа нивните производи се продаваат по распродажби.