Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Го казнија ама ептен благо. Десет секунди му додадоа на времето заради инцидентот со Рикиардо. Ама имаше цели 23 секунди пред тој зад него па ништо во пласманот не се смени.
А истата ситуација да беше Фетел ќе беше 20 секунди. Фиа од секогаш била против Ферари.
Најдобро е да ја напуштат Ф1.
Ова е класична тортура.[DOUBLEPOST=1533329682][/DOUBLEPOST]Рикиардо да си дојде во Ферари е најубаво.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Жално е некако ова со Рикиардо. Го очекував во Ферари или Мерцедес во иднина, не во Рено. На добар пат е да стане еден од добрите возачи кои никогаш не освоиле титула.

Хулкенберг од друга страна не дека се покажал како класа возач, ама веќе е доста искусен а никако нема возено за голем тим. И самиот читав признава дека нема на повидок понуда од некој од големата тројка. Колку само вакви примери има на возачи што извозеа едно чудо трки, а никако немаа шанса да се борат за титулата - Физикела, Верстапен сениор, Френтцен, Диниз...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Рено мислам дека многу вложуваат и очекуваат за една-две сезони да се борат за подиуми, затоа Рикиардо има потпишано за нив, не би идел он у тим без амбиции, и Мерцедес беше слаб тим пред да дојде Хамилтон па стана доминантна сила.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Па и не баш. Сепак беше далеку зад Хакинен и Ирвајн. :)
Не беше баш далеку.
На 3 трки пред крај Френцен победи на Монца, Ирвајн беше 6-ти (само 1 бод во тоа време), а Мика не ја заврши трката, па ова беше бодовната состојба:
Хакинен - 60
Ирвајн - 60
Френцен - 50

Значи теоретски до крај Френцен можеше да има и 80 поени, ако победеше на трите трки, дури и некој од другите двајца да беа постојано на 2 место, ќе имаа помалку од него. Или доволна му беше и една победа само за да се изедначи со нив. Но не ја заврши следната трка, па на 2 трки пред крајот на сезоната ваква беше ситуацијата:
Хакинен - 62
Ирвајн - 60
Френцен - 50

Значи се уште имаше шанси за титула, на само 2 трки пред крај.

Но тука ги загуби шансите, зашто на претпоследната трка Ирвајн победи, а он беше 6-ти. Ама дека беше далеку, не беше. До пред самиот крај на сезоната имаше шанси за титула.
 
Ок, сум подзаборавил како беше. :) Тогаш го ставам во друштво на Култхард, Баричело и Маса. Добри возачи кои возеа во добри тимови ама немаа среќа да дојдат до титула. Пак ќе пишам, за жал ми се чини дека Рикиардо е на тој пат.
 
Добри тимови, условно, зашто освен во Вилијамс, и таа сезона 1999 во Џордан која ја зборевме, он никогаш не возеше во топ3 тимовите. После се сеќавам - Ероуз, Јагуар, Прост... се во такви слаби тимови беше.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Ништo oд сoнoт зa три титули

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Уште Кими ќе остане од тие старите што ги гледав како дете
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
#БојкотирамФормула1 од наредна сезона, а? ИндиКар д бест, фак д рест :kuracc:
Тешко дека ќе бојкотирам, само се прашувам за кој ќе сум. Со исклучок за моментот кога почнав да навивам за Алонсо по пензионирањето на Френцен, секогаш бев за клубскиот колега на пензионираниот. Ама сега тешко дека ќе продолжам за Стофел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom