Формула 1 - сезона 2015

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Jas sum fan na Ferrari pa se nadevam deka ce se mn pokonkurentni za razlika od prethodnata godina zatoa so uste edna godina na neuspeh ke e mnogu.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Што е со моторите и оваа година со турбо и глупиот v6 звук или ке се вратат на стариот препознатлив пискав звук и v8 ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.870
Што е со моторите и оваа година со турбо и глупиот v6 звук или ке се вратат на стариот препознатлив пискав звук и v8 ?
се враќаат на v12 годинава, нема појќе заебанции
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.412
Поени од реакции
2.756

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.761
Поени од реакции
20.473
Шо праат со црнилава бе...како ќе ги распознаваме болидиве :facepalm:
Мислам за презентација имаат ставено црна боја, а Австралија ќе биде претставена вистинската боја.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Од денешната промоција на Мекларен МП4-30[DOUBLEPOST=1422560829][/DOUBLEPOST] ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА БОЛИДОТ КОЈ ГИ БРАНИ ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ


Кога сите очи беа свртени кон промоцијата на МП4-30, на патеката во Силверстоун Шампионскиот тим на Мерцедес АМГ го направи првото деби на својот нов болид за 2015 сезоната.

W06 Hybrid е првиот болид кој го вкуси асфалтот на тркачките патеки. Промотивниот настан започна во 14:14 часот по македонско време, кога прво Нико Розберг, а потоа и Луис Хамилтон комплетираа 18 круга, т.е. 47,2 км, за потоа да се прекине снимањето поради снежна бура.

Тимот веќе започна со подготовки за официјалната промоција на W06 Hybrid на патеката во Херез, во недела на 1 Февруари.


http://mkformula1.blogspot.com/2015/01/blog-post_29.html
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Само може да се постираат сликиве како минијатури, за попрегледен да е форумов...[DOUBLEPOST=1422618665][/DOUBLEPOST]во овој стил
 

Attachments

Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 ФОРМУЛА 1 СЕЗОНАТА МОЖЕ ДА СТАРТУВА


Пред почетокот на Австралиското Гран При има уште 42 дена, а следниот период е време кога се одржуваат пред сезонските тест сесии и кој ќе ни покаже кој тим најдобро си ја завршил домашната работа. Тимовите, барем повеќето од нив, веќе се пристигнати во Херез и спремни за првата тест сесија, а поучени од минатата сезона знаеме дека праксата е надобар начин за развивање на еден Ф1 болид.

Рековме, повеќето тимови, бидејќи оваа сезона гридот најверојатно ќе биде покус за Марусија и Катерам. Рускиот тим во сезоната кога ги освои своите први бодови престанува да постои, а причината се финансиските проблеми. За Катерам има некои шанси, но мора да кажеме дека се многу минимални. Освен овие два тима со проблеми се соочуваат Форс Индија, Лотус и Ред Бул. Секој тим од различни причини.

За Форс Индија се шпекулира дека се соочува со финансиски и организациони проблеми, а официјалната верзија е дека им треба повеќе време за работа на болидот во воздушниот тунел, каде секоја работа запира кога болидот ќе има деби на патеката.

Лотус имал проблеми со добавувачот на монокок карбонската кутија која била завршена минатиот петок, давајќи им мала можност на тимот за толку малку време да го состават болидот. Е23 сега придвижуван од Мерцедес ПЕ и доколку се појави на патеката во Херез, ќе настапел со многу делови од 2014 сезоната, а неговото вистинско деби се очекува за тест сесијата во Барселона на 19 февруари.

Адријан Њуи, кој во своите дизајни секогаш е на лимитот на правилата, го направил носот на РБ11, премногу краток, па не успеал да помине на краш тестовите на ФИА навреме. Тоа не е некој голем недостаток за нив, проблемот може лесно да се реши, но можеби тимот ќе закасни на првиот ден од сесијата, кога се очекува и официјалната промоција на РБ11, болидот кој треба Ред Бул да го врати на победничките патеки.

Главен фокус за првата тест сесија во Херез ќе биде понатамошно разбирање на новиот мотор, т.е. погонската единица, која вклучува 1.6 литарски турбо мотор и ЕРС-системот со два електрични мотори, кои својата сила ја црпат од кинетичката енергија на сопирачките и издувните гасови. Акцијата започнува во Недела, 1 Февруари, рано наутро.

Пред почетокот на сесијата, двата преостанати тимови ќе ги презентираат своите болиди за новата 2015 сезона и тоа најголемиот фаворит за овогодинешната титула, Мерцедес АМГ - W06, и најновото решение на Ред Бул и Адријан Њуи - РБ11.

Според временската прогноза тест сесијата треба да помине при суво време, со малку дожд, кој се предвидува за вторник. Температурите ќе се движат околу 14-от степен. Патеката во Херез, која има најгруб асфалт од сите останати патеки во календарот, па тоа е добра можност за тимовите да ги тестираат новите болиди со 2015 гумите на Пирели, кои не се многу променети од минатата сезона, но се очекува да овозможат поголема брзина.

Перформансите на болидите сега би требало да бидат ставени во прв план, освен Мекларен-Хонда кои допрва треба да ги поминат проблемите на останатите Ф1 тимови од минатогодишната тест сесија. Секако акцент ќе се стави и на поминување на што поголема километража т.е. да се тестира издржливоста на новите редизајнирани компоненти. Посетете не на нашата ФБ страна за најновите вести од Херез. Првичниот распоред по денови е следниот:

ТИМ ПЕ НЕДЕЛА, 01/02/2015 ПОНЕДЕЛНИК, 02/02/2015
Мерцедес АМГ Мерцедес-Бенц Нико Розберг Луис Хамилтон
Ред Бул Рено Даниел Рикиардо Даниел Рикиардо
Вилијамс Мерцедес-Бенц Валтери Ботас Валтери Ботас
Ферари Ферари Себастијан Ветел Себастијан Ветел
Мекларен Хонда Фернандо Алонсо Џенсон Батон
Форс Индија Мерцедес-Бенц не присуствува не присуствува
Торо Росо Рено Карлос Саинц ЈР. Макс Ферстапен
Лотус Мерцедес-Бенц Пастор Малдонадо Роман Грожан
Марусија Ферари не присуствува не присуствува
Заубер Ферари Маркус Ериксон Фелипе Наср
Катерам Рено не присуствува не присуствува
ТИМ ПЕ ВТОРНИК, 03/02/2015 СРЕДА,
04/02/2015
Мерцедес АМГ Мерцедес-Бенц Луис Хамилтон Нико Розберг
Ред Бул Рено Дањил Квјат Дањил Квјат
Вилијамс Мерцедес-Бенц Фелипа Маса Фелипа Маса
Ферари Ферари Кими Раиконен Кими Раиконен
Мекларен Хонда Фернандо Алонсо Џенсон Батон
Форс Индија Мерцедес-Бенц не присуствува не присуствува
Торо Росо Рено Карлос Саинц ЈР. Макс Ферстапен
Лотус Мерцедес-Бенц Пастор Малдонадо Роман Грожан
Марусија Ферари не присуствува не присуствува
Заубер Ферари Фелипе Наср Маркус Ериксон
Катерам Рено не присуствува не присуствува[DOUBLEPOST=1422735386][/DOUBLEPOST]Од промоцијата на Торо Росо STR10
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom