- Член од
- 22 февруари 2013
- Мислења
- 322
- Поени од реакции
- 303
2014 ИТАЛИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА УТРИНСКИОТ ТРЕНИНГ
Првиот слободен тренинг за Големата Награда на Италија започна со доминација на Мерцедес болидите. Ништо ново!!! Но, сите погледи се вперени кон возачите на Мерцедес АМГ, по нивниот контраверзен судир на минатата трка. Во меѓувреме нивните односи се "пеглаа" во нивната фабрика, а до колку се испеглани ќе видиме на патеката. Најбрзото време го забележа Луис Хамилтон, кој беше 6 дестинки пред изненадувањето на денот, Џенсон Батон со Мекларен и дури 8 десетинки побрз од тимскиот колега Нико Розберг. Педи Лов изјави дека големата разликата е последица на гумите на Пирели. Но, дали е така?!?
Како што најавивме ова е домашна трка за Ферари, па Италијанците од петни жили ќе настојуваат да постигнат добар резултат. Во Катерам повторно дадоа шанса на дебитант во Формула 1, а тоа на оваа трка е Роберто Мери, но само за првиот слободен тренинг. За оваа трка се враќа Камуи Кобајаши за останатиот дел од викендот. За првиот тренинг Гидо Ван дер Гард го возеше болидот на Адријан Сутил, Чарлс Пик на Роман Грожан и Даниел Хункадеља на Серџо Перез.
Монца од оваа сезона има значајна промена на нејзината најпозната карактеристика - Најбрзиот свиок Параболика - каде внатрешниот дел од површината за излетување која беше исполнета со чакал сега е асфалтирана поради безбедносни причини.
Пирели за оваа патека ги донесе тврдата и медиум компонента за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите. Најбрзите времиња на овој тренинг секако беа поставени на портокаловите тврди гуми, на сува патека со делимично облачно време.
Тренингот помина без поголеми инциденти, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката, а редоследот го имате во приложената табела. Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.187 25
2. Џенсон Батон Мекларен 1:26.810 + 0.623 27
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.995 + 0.808 26
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.169 + 0.982 23
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:27.228 + 1.041 30
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.271 + 1.084 27
7. Кими Раиконен Ферари 1:27.493 + 1.306 27
8. Серџо Перез Форс Индија 1:27.687 + 1.500 13
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:27.741 + 1.554 33
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.112 + 1.595 23
11. Естебан Гутиерез Заубер 1:28.114 + 1.925 21
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.148 + 1.927 20
13. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.150 + 1.963 21
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.300 + 2.113 30
15. Гидо ван дер Гард Заубер 1:28.429 + 2.242 19
16. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:28.487 + 2.300 12
17. Даниел Хункадеља Форс Индија 1:29.192 + 3.005 10
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:29.512 + 3.325 24
19. Макс Чилтон Марусија 1:30.017 + 3.830 25
20. Жил Бјанки Марусија 1:30.081 + 3.894 27
21. Чарлс Пик Лотус 1:30.125 + 3.938 23
22. Роберто Мери Катерам 1:30.704 + 4.517 29
23. Маркус Ериксон Катерам 1:30.948 + 4.761 16