Формула 1 - сезона 2014

Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2014 ИТАЛИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА УТРИНСКИОТ ТРЕНИНГ

Првиот слободен тренинг за Големата Награда на Италија започна со доминација на Мерцедес болидите. Ништо ново!!! Но, сите погледи се вперени кон возачите на Мерцедес АМГ, по нивниот контраверзен судир на минатата трка. Во меѓувреме нивните односи се "пеглаа" во нивната фабрика, а до колку се испеглани ќе видиме на патеката. Најбрзото време го забележа Луис Хамилтон, кој беше 6 дестинки пред изненадувањето на денот, Џенсон Батон со Мекларен и дури 8 десетинки побрз од тимскиот колега Нико Розберг. Педи Лов изјави дека големата разликата е последица на гумите на Пирели. Но, дали е така?!?

Како што најавивме ова е домашна трка за Ферари, па Италијанците од петни жили ќе настојуваат да постигнат добар резултат. Во Катерам повторно дадоа шанса на дебитант во Формула 1, а тоа на оваа трка е Роберто Мери, но само за првиот слободен тренинг. За оваа трка се враќа Камуи Кобајаши за останатиот дел од викендот. За првиот тренинг Гидо Ван дер Гард го возеше болидот на Адријан Сутил, Чарлс Пик на Роман Грожан и Даниел Хункадеља на Серџо Перез.

Монца од оваа сезона има значајна промена на нејзината најпозната карактеристика - Најбрзиот свиок Параболика - каде внатрешниот дел од површината за излетување која беше исполнета со чакал сега е асфалтирана поради безбедносни причини.

Пирели за оваа патека ги донесе тврдата и медиум компонента за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите. Најбрзите времиња на овој тренинг секако беа поставени на портокаловите тврди гуми, на сува патека со делимично облачно време.

Тренингот помина без поголеми инциденти, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката, а редоследот го имате во приложената табела. Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.187 25
2. Џенсон Батон Мекларен 1:26.810 + 0.623 27
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.995 + 0.808 26
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.169 + 0.982 23
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:27.228 + 1.041 30
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.271 + 1.084 27
7. Кими Раиконен Ферари 1:27.493 + 1.306 27
8. Серџо Перез Форс Индија 1:27.687 + 1.500 13
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:27.741 + 1.554 33
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.112 + 1.595 23
11. Естебан Гутиерез Заубер 1:28.114 + 1.925 21
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.148 + 1.927 20
13. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.150 + 1.963 21
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.300 + 2.113 30
15. Гидо ван дер Гард Заубер 1:28.429 + 2.242 19
16. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:28.487 + 2.300 12
17. Даниел Хункадеља Форс Индија 1:29.192 + 3.005 10
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:29.512 + 3.325 24
19. Макс Чилтон Марусија 1:30.017 + 3.830 25
20. Жил Бјанки Марусија 1:30.081 + 3.894 27
21. Чарлс Пик Лотус 1:30.125 + 3.938 23
22. Роберто Мери Катерам 1:30.704 + 4.517 29
23. Маркус Ериксон Катерам 1:30.948 + 4.761 16
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2014 ИТАЛИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ НАЈБРЗ, ЛУИС ХАМИЛТОН СО ПРОБЛЕМАТИЧЕН ВТОР ТРЕНИНГ

На попладневниот тренинг најбрзото време го забележа Нико Розберг, благодарение на тоа што Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот, па првите 60-тина минути од сесијата ги преседе во гаражата. Сепак, тоа и не е некој проблем за Британецот, кога се има најбрзиот болид, но и се делат добиените податоци помеѓу двајцата нивни возачи.
Она што радува е фактот што Ферари ги имаше третото и четврто најбрзо време, со многу малку заостанување зад водечките болиди на Мерцедес АМГ. Повторно Кими Раиконен е добро расположен и беше само десетинка зад најбрзото време. Фернандо Алонсо веднаш зад него со околу 2 десетинки заостанување зад својот тимски колега.
Во најбрзите 10 имаше место за болидите на Вилијамс, одличниот Мекларен и Ред Бул. Toa се тимовите кои ќе се борат за подиумот, борбата помеѓу Вилијамс и Ферари се очекува да биде возбудлива, а меѓу водечките може да се замешаат болидите на Мекларен и Ред Бул. Даниел Рикиардо имаше многу проблематичен ден, па затоа и не можеше да биде подобро пласиран на табелата.

На долниот дел од табелата Марусија беше побрза од Лотус, тим кој има големи проблеми на оваа патека. Камуи Кобајаши се врати во болидот на Катерам и беше побрз од Маркус Ериксон, кој веќе покажува дека не е и некој возач, а единственото нешто што го држи на патеката се неговите јаки спонзори. Досега не успеа да биде побрз од нити еден тимски колега, а изминативе недели ги имаше многу.

Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.225 41
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.286 + 0.061 16
3. Кими Раиконен Ферари 1:26.331 + 0.106 31
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:26.565 + 0.340 26
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.758 + 0.533 34
6. Џенсон Батон Мекларен 1:26.762 + 0.537 34
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:26.762 + 0.537 27
8. Кевин Магнусен Мекларен 1:26.881 + 0.656 44
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.935 + 0.710 33
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:26.992 + 0.767 37
11. Серџо Перез Форс Индија 1:27.079 + 0.854 42
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:27.227 + 1.002 39
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:27.476 + 1.251 37
14. Естебан Гутиерез Заубер 1:27.840 + 1.615 33
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.929 + 1.704 33
16. Адријан Сутил Заубер 1:28.029 + 1.804 35
17. Жил Бјанки Марусија 1:28.659 + 2.434 34
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.700 + 3.475 42
19. Макс Чилтон Марусија 1:28.786 + 3.561 29
20. Роман Грожан Лотус 1:29.085 + 3.860 29
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:29.178 + 3.953 32
22. Маркус Ериксон Катерам 1:29.275 + 4.050 37
http://www.mkformula1.blogspot.com
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.291
GRANDE FERRARI ! Време беше за добри резултати уште да ги направат константни за време на викендов и да се радуваме конечно после долго време, изгледа дека дава ефекти сагава околу Алонсо веќе дискутиравме дека сака да ги пецне во Ферари да се освестат дека треба да направат добар болид а за возврат тој ке остане и ке даде се од себе, и дека не е до парите колку што е до освестувањето на телињава во Ферари. FORZA FERRARI !
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.421
Поени од реакции
2.766
Ги гледав тренинзите (2-от така-така), па мислев дека се вози трката во Бахреин, а не Монца. Абе чоече порано на Монца за во Петок немало карти, а што е пак сега? Трибините на 1-от тренинг 20% исполнети!?!? Формулава стварно изгубила на гледаност...
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2014 ИТАЛИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН СУПЕРИОРНО ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА

Луис Хамилтон ќе стартува од Пол позицијата за утрешната Голема Награда на Италија. Со демонстрација на сирова брзина не даде ни најмали шанси некој да му ја одземе, вклучувајќи го и својот тимски колега кој ќе стартува до него на првиот ред. За Британецот ова беше негова 5-та Пол позиција во оваа сезона и негова прва по Шпанското ГП што се оджа во месец Мај. Валтери Ботас во последно време ја презема улогата на Даниел Рикиардо и повторно најблиску до болидите на Мерцедес АМГ на третата стартна позиција. Фелипе Маса, неговиот тимски колега ќе стартува до него на вториот ред.

Во Q1 сесијата повеќето возачи се обидоа да поминат понатака со тврдите гуми на Пирели, со цел да ги зачуваат медиум гумите за втората сесија. Хамилтон го имаше најбрзото време од 1:25.363, пред Рзоберг, Маса, Ботас. Најслабите денес мораа да ги користат медиум гумите, но ни тоа не им помогна многу па очекувано квалификациите веќе на стартот завршија за болидите на Лотус, Катерам и Марусија.

Во Q2 сесијата веднаш се започна на медиум гумите, т.е. првиот избор на водечките тимови за старт на трката. Најбрзи повторно болидите на Мерцедес АМГ и Вилијамс. Пред започнувањето на последните кругови, во зоната за отпаѓање беа, Кевин Магнусен на 11-тата позиција, а потоа следуваа Квјат, Верн, Нико Хулкенберг, Естебан Гутиерес и Сутил. Нивната цел беше 1:26.110 забележано од страна на Кими Раиконен на 10-тата позиција.

Кевин Магнусен го направи одлучувачкиот круг за пласман во Топ 10, Дањил Квјат исто така забележа побрзо време од Кими, но доволно само за 11-тата стартна позиција, додека Финецот во последниот круг направи грешка, предизвикувајќи големо разочарување за домашните фанови, кои по добрите резултати во тренинзите очекуваа многу повеќе од болидите на Ферари, а не 12-тата позиција. Жан-Ерик Верн беше 13-ти, Хулкенберг, Сутил и Гутиерез.

После првите излегувања во Q3 сесијата најбрзото време го забележа Луис Хамилтон од 1:24.109, четири десетинки пред Нико Розберг. На Британецот му беше кажано дека единственото место каде што биможел да ја загуби пол позицијата е првиот сектор. Зад двата болиди на Мерцедес АМГ по првите брзи кругови беа Ботас, Маса, Батон, Ветел, Алонсо, Магнусен, Рикиардо и Перез.

Кој брка време тој излегува прв на патеката, па така Нико Розберг беше првиот болид на Мерцедес кој излезе на патеката за последниот брз круг и веднаш со најбрзо време од сите во првиот сектор. Првата цел беше исполнета, имаше подобрување и во вториот сектор, но последниот сектор не беше доволно добар, па неговиот круг од 1:24.383беше две десетинми побавен од најбрзото време на Хамилтон, кој исто така први второто излегување на патеката не успеа да го подобри своето време, но можеше да ја прославува својата петта Пол позиција во сезоната и негова прва по Шпанското ГП.

Болидите на Вилијамс, Ботас пред Маса, го задржаа вториот стартен ред. Кевин Магнусен го подобри своето време и ќе стартува од 5-тата позиција, пред тимскиот колега Џенсон Батон. Фернандо Алонсо и Ферари неочекувано не можеа повеќе од 6-тата позиција, но барем беа подобри од болидите на Ред Бул, Ветел и Рикиардо на 8-та и 9-тата стартна позиција. Топ 10 пласманот со заокружи Серџо Перез со болидот на Форс Индија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.109
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.383 + 0.274
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.697 + 0.588
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:24.865 + 0.756
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:25.314 + 1.205
6. Џенсон Батон Мекларен 1:25.379 + 1.270
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.430 + 1.321
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.436 + 1.327
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.709 + 1.600
10. Серџо Перез Форс Индија 1:25.944 + 1.835
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:24.560
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:26.070 + 1.510*
12. Кими Раиконен Ферари 1:26.110 + 1.550
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.157 + 1.597
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.279 + 1.719
15. Адријан Сутил Заубер 1:26.588 + 2.028
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:26.692 + 2.132
* казна од 10 стартни места поназад за користење 6-та ПЕ
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:25.363
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.520 + 2.157
18. Роман Грожан Лотус 1:27.632 + 2.269
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:27.671 + 2.308
20. Жил Бјанки Марусија 1:27.738 + 2.375
21. Макс Чилтон Марусија 1:28.247 + 2.884
22. Маркус Ериксон Катерам 1:28.562 + 3.199
107% време: 1:31.338
http://mkformula1.blogspot.com/2014/09/2014_6.html
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.421
Поени од реакции
2.766
Само за информација: Квјат ќе оди 10 позиции назад на гридот.
 
Да ти е*ам шупаците на домашната трка 7мо и 12то, таман после хунгароринг и тренинзиве ми се врати надеж дека ке се порават на Монца квалификации катастрофа -_-'
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.421
Поени од реакции
2.766
Да ти е*ам шупаците на домашната трка 7мо и 12то, таман после хунгароринг и тренинзиве ми се врати надеж дека ке се порават на Монца квалификации катастрофа -_-'
Дури и МекЛарен се пред нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom