Формула 1 Сезона 2011

Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Јас не ја одобрувам ваквата одлука на Ред Бул да го запира Вебер и е далеку од спортка фер плеј игра + да се сопира докажан возач како Вебер не е во ред ,но кога ке се земе во предвид дека лани се спукаа кога се претркуваа па кога ке се види бодовната разлика и дека повеќе бодови му требаат на Ветел за да се зацврсти на првото место од колку на Вебер има некоја логика во одлуката на Ред Бул.Сепак во Ф1 тимските наредби се крајно неспортски потег.
 

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
И јас ги осудувам вие одлуки !! воопшто не ми се допадна тоа што го чув при крајот на трката од радиото на Ред Бул !! Ако ова се случува при крај на трка каде повеќе од видливо беше дека Вебер е побрз од Фетел тогаш што уште се случува во внатрешноста и борбата за Фетел да биде шампион
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
тоа го е речел за да не им лупнат казна на ред бул ;)
иначе ако сакаше вебер да го мине фетел во последните кругови, фетел ќе голташе прашина
Нема зашто да му лупат казна зашто од сезонава се дозволени тимски наредби.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
794
Поени од реакции
330
тоа го е речел за да не им лупнат казна на ред бул ;)
иначе ако сакаше вебер да го мине фетел во последните кругови, фетел ќе голташе прашина
По таа логика и Фетел кој беше буквално залепен до Хамилтон требаше да го престигни али не беше така.
 

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
тоа го е речел за да не им лупнат казна на ред бул ;)
иначе ако сакаше вебер да го мине фетел во последните кругови, фетел ќе голташе прашина
тоа ми беше целта од такви тимски наредби не се глеа реално кој беше подобар !! требаше вебер да го мине Себа
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
благодарност до сите кој ни честитавте за 1 - та а се надевам не и последна победа за оваа сезона:icon_lol:

Перез и Бјанки ќе тестираат за Ферари


Возачот на Саубер, Серхио Перез ќе има можност заедно со ГП2 возачот Џулс Бјанки да тестираат за Ферари покасно годинава.
Обајцата се членови на возачката академија на Ферари и ќе имаат можност да седнат во болидот на Ферари од 2009-та година на патеките во Фиорано или Мугело во септември. Според претседателот на академијата Лука Балдизиери, ова тестирање ќе биде искористено за да се оценат перформансите на овие два млади талента.
- Ќе биде многу интересен тест, бидејќи и Џулс Бјанки и Серхио Перез ќе се натпреваруваат еден против друг. Мислам дека ќе бидат доста мотивирани, а за нас тоа ќе биде одлична прилика да ги оцениме возачите,- изјави Балдизиери.
Тој изрази надеж дека следната година Џулс Бјанќи ќе се најде во Ф1 средината.
- Бјанки мина низ тежок период, но неговата брзина како возач никогаш не била доведена во прашање. Тој прави грешки и во серија како ГП2, секоја грешка е скапо платена во шампионатот. Викендов ни покажа дека ако се работи без грешка, може да добиете одлични резултати, и како што можевме да видиме, тој ја освои пол позицијата и победи во ГП2 трката во Силверстоун. Целта во втората половина од шампионатот е да работиме на драстично намалување на грешките и тоа што го видовме во Силверстоун дефинитивно не охрабрува,- заврши Балдизиери.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10406-perez-i-bjanki-ke-testiraat-za-ferari

јас сум за Перез кој веќе вози во Ф1 и се гледа дека е брз а + го има и Карлос Слим и ако не во 2012 во 2013 го очекувам во Ферари
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
Како може да нема тимски наредби не ми е јасно. Тоа е исто како во фудбалот тренерот да не им даде позиција на играчите и да ги распореди во одбрана, среден ред и напад туку да ги пушти сите да ја бркаат топката. Ќе има поволен резултат? Секако дека не исто е и во формула еден. Дури и лавовите во глутницата си имаат посебни функции во ловот и се знае најбрзите трчаат останатите помагаат само.
Туку мене во формула 1 многу ми фали раиконен и едвај чекам да се врати па макар и во мекларен.
Впрочем најголемата грешка на ферари можеби беше тоа што го задржаа маса наместо раиконен но ете и тоа е дел од тимските наредби маса да му биде потрчко на алонсо.
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
хех алонсо тешко ќе се справеше со раиконен,ќе требаше салам да се испоти ама за сантандер и за алонсо ќе беше премногу стресно.....
ај можи да се врати во ред бул од в година или само шпекулација е и на некој начин притисок кон вебер за во иднина да попуш(т)и а не да го напаѓа фетел и да има ризик да му го закачи како во турција 2010 ко се учукаа

туку видете ФИА шо спрема - Ф16 ки :pos:

FIA testira zatvorene cockpite




FIA je odlučila stati na kraj problemima otpada po stazi koji upada u vozačev cockpit i testirati novi sigurnosni sustav. Ovakvo rješenje trebalo bi spriječiti nesreće poput one Felipea Masse u Mađarskoj 2009. godine.
Osim sigurnosnih problema, ovaj sustav bi zasigurno pomogao i pri aerodinamičkom koncipiranju automobila. I dok su prvi testovi pozitivni, neki se pitaju koliko bi sustav radio problem vozaču u slučaju da mora hitno izići iz bolida.
“Uvjeren sam da je ovo jedna korisna opcija za budućnost, ali što se događa ako vozači moraju hitno vani ili ako su unesrećeni i morate brzo doći do njih?”, komentirao je Sauberov tehnički direktor, James Key.
“Drago nam je vidjeti da se FIA ovoliko trudi oko sigurnosti, radi odličan posao na podizanju tog standarda. Ipak, ja osobno mislim da bi bila bolja opcija poluzatvorenog cockpita. No, vidjet ćemo,” zaključio je

http://www.grandprix.com.hr/fia-testira-zatvorene-cockpite/

а кога возачите ќе мораат ХИТНО да излезат еве им решение на ФИА
кликаат на дугме за да се катапултираат пример ако има вакви жешки случки како со Квик Ник :icon_lol:

 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Кул изгледа болидот со затворен кокпит според мене :) А има многу решенија за тоа како брзо да се отсрани заштитното стакло. Мислам дека тоа нема да им биде проблем.
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Луис не размислува со тиквата


жиму веѓите на Менсел

Поранешниот светски шампион и сегашен стујард Најџел Менсел, изјави дека Луис Хамилтон мора да се смири по серијата испади во јавноста.
По серијата на казни, поради преагресивното возење во Монако и неговите изјави после трката, и секако последните во Силверстоун поради изборот на гуми на тимот и идниот договор што ќе го потпише со помалце обврски, Менсел упати порака до Хамилтон да се смири и да се симне од облаците.
- Луис не е зрел, и не размислува со главата. Мислам дека треба малце да се смири, по епизодите во Монако каде што го загрози имиџот на Формула 1, и секако Силверстоун. Мислам дека неговиот возачки стил е многу сиромашен бидејќи тој нема почит кон никого. Да кажам дека претекнувањето во Монако е невозможно... сум го направил тоа неколку пати на излезот од тунелот... но тогаш да кажеш дека стујардите биле престроги? Разочаран сум, и тој мора да запамти дека беше светски шампион и треба да се однесува како таков цело време,- изјави Менсел.
Менсел додаде дека Хамилтон треба да го земе како пример, неговиот тимски колега Џенсон Батон кој се однесува на вистински начин како поранешен светски шампион.
- Обајцата се светски шампиони, и фантастично е што се во исти тим, но Џенсон за мене е повеќе зрел од Хамилтон,- заврши Менсел.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10417-luis-ne-razmisluva-so-glavata
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Објавени прелиминарните правила за сезоната 2014

ФИА ги објави прелиминарните правила за сезоната 2014, кога на сцена ќе стапат 1.6 литарските В6 мотори кои ќе ги заменат досегашните В8 кои се користат.
Новите правила исто така ја нагласуваат можноста за користење на алтернативни системи за енергија, со што болидите за време на движењето во боксот мора да бида ја користат електричната енергија.
Новитет е ЕРС, односно единица за складирање на енергијата од издувниот систем, која ќе им овозможи на возачите движежење на болидот во боксот со помош на чиста електрична енергија.
Според правилото 5.19 – „ Болидот мора да биде во електрична оператива (изгасен агрегат и без проток на гориво) за периодот кога ќе поминува низ боксот“
Капацитетот на КЕРС пак, ќе биде зголемен од 60 на 120 киловати, што во превод би значело дека возачите ќе имаат повеќе коњски сили на располагање , а со тоа и поголем стимул за претекнување.
Новите В6 агрегати ќе бидат ограничени на 15 илјади вртежи во минута, иако претходно постоеше идеја за намалување на дури 12 илјади, но техничката група на ФИА во последен момент, го променила со цел да не се изгуби препознатливиот звук на Ф1 агрегатите. Протокот на гориво е ограничен на 100 килограми за 1 час, и возачот мора да го стартува агрегатот од кокпитот, а не како што досега со помош на надворешни стартери. Новитет околу менувачот ќе биде воведувањето на осмата брзина, една повеќе од досегашните Ф1 болиди кои користат 7 брзини.
Околу надворешниот изглед на болидот, предното крило ќе биде стеснето за 150 милиметри, и направени се дополнителни подесувања на задниот дел на болидот.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10423-objaveni-preliminarnite-pravil-za-sezonata-2014
 

Kajgana Shop

На врв Bottom