^ Тоа и мене не ми е јасно, не знам што се дешава со челниците на клубовите и зошто водат ваква политика. Сутил е само една од жртвите кои ќе ги однесе зимава изгледа.
И не само за Сутил, жално е што и други перспективни момци ги шуткаат од тимовите, а држат вампири од друга страна. Кога гледам дека уште возат, па дури и потврдени се за 2012 возачи како Шумахер, де ла Роса, Ковалаинен, Трули .. Ми се темни. Секоја почит кон нив, ветерани се во спортот, ама што е доста - доста е. Младите трпат ..
Само за напомена, Торо Росо има извадено комплетно нова постава за догодина. Рикиардо (годинава за ХРТ мислам возеше) и некој си Жан-Ерик Верж се во тимот. Буеми и Алгуерсуари - АУТ (без ангажман).
Рено го потврдија од порано Кими. Сега гледам тимски колега потврден Грожан. Петров - АУТ (без ангажман). Значи и кај нив тотална рокада во однос на годинава.
Сума сумарум, остануваат само 2 непополнети места. По едно во Вилијамс (Баричело се пензионираше) и во ХРТ.