Зашто така мислиш ... гледај само каква иднина има оваа репрезентација .. Стоилов убедливо најдобар пикер на првенство ...
Оваа репрезентација ја имаше публиката и најмногу поради фактот што беа ко-домаќини на ова првенство и играат пред 10 000 свои навивачи стигнаа до ова 5то место, од овие 10 000 луѓе ако одземеш 9990 и го добиеш бројот на луѓе кои ги бодрат пример во случај да се играше во Шведска или Германија, ниту од првата фаза од групи немаше да излезат со Шундо ко селектор.
Точно е дека ова е феноменална генерација ама за нас македонците ова е стандард самите да си ги комплицираме работите, со Червар сега ќе гледавме финале, или битка за трето место, во секој случај за медал ќе се бореа.
А сега останавме со она лузерското, ЗА МАЛЦЕ, немавме среќа ...
Имаше една дешавка помеѓу Аврам Грант и Мурињо пред неколку години, кога Мурињо беше избркан од Челзи а Аврам Грант ги однесе во финале у ЛШ,изгуби титула во последно коло т.е. до последно коло се бореше за титулата и изгуби во финалето од ФА купот. Аврам му кажа дека за разлика од него стигнал до финале во ЛШ и за малце ќе освоел тројна круна, а Мурињо му одговори, тоа е точно, ти за малце Се ќе освоеше, и ЛШ и ПЛ и ФА куп ама ти ништо не освои, in my philosophy almost is nothing. Затоа и Мурињо со МАЛИОТ Порто освои ЛШ.
Tргнете го Мурињо тука, видете му ја поентата, ова не треба да ни претставува утеха, доста се понашаме ко малечка недорасната земја и доста се тешиме со ова, види, нема ниту еден новинар да им го плесне во фаца ова на РФМ, зашто не Червар а зашто Шундо, и ред други работи да ги запраша ...
Не, сите сега пишуваат за успехов, 5то место на домашен терен пред 10 000 публика, воув, далеку е ова од голем успех како што тоа е претставено во нашава земја, па еве србиве ко домаќини со атмосфера 10 пати полоша од онаа нашата на трибини стигнаа до финале а исто далеку се послаби од останатите гиганти во Европа. 21ви век сме, веќе во 12тата година влеговме од истиот, доста више се однесуваме и се гледаме себе си инфериорно, ко земја која се задоволува со 5ти места и со муабетот, се носевме со големите но немавме среќа.
Се дур се понашаме вака, анемично, и игнорираме проблеми во сопствената држава кои не кочат, ние за голем успех можеме само да сонуваме. Овие од КФМ једино што направија 1 единствен паметен потег, се решија за Бо без кој ќе бидеме просечна кошаркарска репрезентација, по истиот принцип требаше да работат и од РФМ, со тоа што ние имаме феноменален играчки кадар, ама очајни сме на изборот за селекторска функција и тоа одамна е познат факт.