Финале: Србија - Данска - [29.01.2012]

Статус
Затворена за нови мислења.

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.300
Поени од реакции
29.351
Шител се усраа со Лазаров, мораше студио да даваат :facepalm:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Тоа е тоа, идемо даље. Свака част за Данциве, апла се гледа дека го владеат ракометов.

Позитивно е што после долга пауза Србија се враќа у рукомет и во блиска иднина очекувам повторување на успесите на Металопластика и Југославија.
 
В

Вори

Гостин
Пу да ти ебам оплакнатите скандинавци,што сакав Србија да победи.Ама реално ептен слабо финале.Можеби едно од најслабите што некогаш сум го гледал.
Особено слаби беа србите.Илиќ и Вујин беа индиспонирани и многу солираа.Сите шутираа од неизградени позиции,никаква дисциплина.
Требаше Вуковиќ да ги изшамари па да им дојде паметот.
Криво ми е што овие гнаси преку нас се изборија за понатаму и на крај го освоија шампионатот.Ама мислам дека само ние Данска ја надигравме,а на крај за жак изгубивме.
Исто криво ми е и за Станиќ.Ги одржуваше во игра србите ама овие играа очајно во напад,очајно.
Не ги форсираа крилата,многу слабо играа и преку пикер.Цело време се мотаа на средина.Очигледно данскиот селектор добро ја анализирал српската игра.

Како и да е,за нас е добро што ќе ни се падне полесна група.Единствено во тоа гледам позитивна работа.А овие сонце што ги нема огреано никад во живот,последна титула да им е.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.466
Поени од реакции
42.742
Србија треба премногу да жали за ова, затоа што ваква шанса во блиска иднина никогаш нема повторно да им се укаже.
Не колку што ние треба да жалиме, тек нас прашање е дали некад ќе ни се укаже, освен ако ние не организираме ваков настан што е тешко остварливо.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.525
Поени од реакции
20.649
Не колку што ние треба да жалиме, тек нас прашање е дали некад ќе ни се укаже, освен ако ние не организираме ваков настан што е тешко остварливо.
Зашто така мислиш ... гледај само каква иднина има оваа репрезентација .. Стоилов убедливо најдобар пикер на првенство ...
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.584
Поени од реакции
975
Tоа е тоа, победи подобриот противник денеска и нека им е честито. Безидејност у напад, Никќевиќ, Вујин и Илиќ потфрлија, а едино Станиќ беше на ниво, али он не е свемоќен.

Реално, не очекував финале од Србија, но ги надминаа моите, а и очекувањата на поголемиот дел од навијачите, па затоа и ова сребро е одличен успех. Сребро со златен сјај, што би се рекло:D

Три медаљи у еден ден :D
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Многу слабо финале, ни некој ентузијазам, атмосфера, еуфорија- мртво.
Србиве заспаа, се изгубија потполно, освен Станич (секоја му чест и за него највеќе ми е жал). Изгледа налетот на србиве им е само против Хрватска кога играат :icon_lol:
На даницве уште сум бесна, ама ќе се пресметаме ние кога тогаш :) :) :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Tоа е тоа, победи подобриот противник денеска и нека им е честито. Безидејност у напад, Никќевиќ, Вујин и Илиќ потфрлија, а едино Станиќ беше на ниво, али он не е свемоќен.

Реално, не очекував финале од Србија, но ги надминаа моите, а и очекувањата на поголемиот дел од навијачите, па затоа и ова сребро е одличен успех. Сребро со златен сјај, што би се рекло:D

Три медаљи у еден ден :D
требит и златна медаља да ви дает да најуба музика.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Нема што да се жали, не се ни очекуваше под 6то место, СРЕБРО е премија! Едноставно по спортска нација не познавам!!

Само тој фудбал ебе некако... :D
Фудбал се ебеме самите меѓу себе, ФСС е мафија, погледни само какви играчи имаме во Европа и какви таленти од Србија излегуваат, со добар селектор и со не мешање во неговата работа од разни менаџери и остали лопови, негледам како би од нас биле појаки Чешка,Русија, Грција, Хрватска која со правилна работа има многу добар тим и слободно можам да кажам и Италија и Германија, додека на клубско ниво исто така Звезда во долгови повеќе години од лопужи кои работат за свој интерес а не во интерес на клубот, Партизан такоѓе моментално се гледа кај нив па што се случува... така да тука ако се поправиме ке имаме и јака фубдласка репрезентација!!!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Илиќ :pos:
За грев кутриот:гик: ,МВП my ass:ROFLMAO:
Убедливо НАЈСЛАБ ИГРАЧ ДЕНЕС....БЕСКОРИСЕН.....
Вујин барем си го проба шутот,колку толку си направи некоја позиција за удар,шо не погоди е друг муабет......
Кога вашите главни играчи имаат само 2 гола од игра нема шо да се бара...
За играчи од таков калибар-играчи шо играат во Кил и Веспрем ова е СРАМНО.....
Да не можиш голот да го погодиш(настрана то шо го фати Ландин)....,а играш финале на домашен терен пред 20 илјади народ....:)
Се е кажано..да не го тупам..
Данците заслужено си ги шлакнаа..
Хансен,ВИСТИНСКИ ЛИДЕР,ЛОКОМОТИВА НА ТИМОТ,ОЛРАУНД ИГРАЧ....:cool:
Вака треба да игра еден лидер на тимот....
Заедно со Лазаров го одблежаа ЕП....убедливо пред сите...:cuc:
Единставно сега уште повеќе ми е мака шо не победија,баш на таков начин со гол во последна секунда........:mad:
Тотално изгубени беа со нас,ги имавме,готови беа да паднат и од немајкаде ни се вратија...
И по наша вина,им дадовме простор за игра....
Тоа е,главата горе...
Го надигравме во сите сегменти на ракометната игра новиот европски шампион.....
Можеме да бидиме горди на нашите игра....
 
П

Паспарту

Гостин
Сосема заслужена победа на Данска во многу слаб финален натпревар. Да не беше Станиќ, мислам дека и покрај лошата игра Данциве ќе победеа без проблем со повеќе од 5 разлика. Го контролираа резултатот цел натпревар, кога ќе запнеа малку тука беше Хансен и на крај го освоија златото со една рутинска игра.

Србија треба да жали за една ваква укажана шанса, а истото важи и за нас. Јас сум сосема задоволен од нашиот настап на ЕП, покажавме дека сме квалитетна репрезентација и дека можеме со сите да се носиме, лесно можеше да завршиме 8ми, а уште полесно можевме и до финале да стигнеме. Се надевам и верувам во поголеми успеси на квалификациите за ОИ и СП во Шпанија, ФАЛА МОМЦИ ШТО НЕ НАПРАВИВТЕ ГОРДИ МАКЕДОНЦИ!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.218
Поени од реакции
8.055
Зашто така мислиш ... гледај само каква иднина има оваа репрезентација .. Стоилов убедливо најдобар пикер на првенство ...
Дај Боже да е така и да излезат уште млади ракометари кои би можеле да бидат иднина на Македонија. Ракометот е таков спорт каде што е потребна макотрпна работа за да се одржи ова ниво на кое го одигравме првенството, а беше одиграно на многу високо ниво и идните генерации ќе имаат тешка домашна задача да го достигнат.

Што се однесува до финалето, тапа ракомет и од едните и од другите. Србија беше премногу импресионирана од историската шанса за прво злато и тоа како да им ги отсече рацете и нозете. Данска исто така слабо одигра ама доволно подобро од Србија за тие да се закитат со златниот медал.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Овој Хансен е машина, јас како лаик во рукомет не гледам начин како би можел да се сопре, можеби некој поупатен знае , но јас негледам, единствено рака некој намерно да му скрши инаку нема друг начин!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom