Филолошки факултет - Скопје

Член од
3 септември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Ќе бидам втора година на катедрата за англиски јазик и книжевност па ме интересира некој совет, препорака во врска со изборните предемти...вечен проблем хаха:(
Минатиов семестар на неколку пати ме вратија бидејќи предметот кој го одбрав не бил достапен (а беше во листата) ама добро нема врска...Баш од тие причини, би сакала да слушнам некое искуство.
Прво ме интересира дали има некој задолжително-изборен предмет како што беше СМЈ 1 и 2 во прва година? Како да подразбрав дека предметот контрастивна анализа бил таков ама не сум сигурна. Би преферирала предмети од македонска катедра..Исто така психологија е интересен предемт само не знам дали е достапен во оваа година или пак ќе биде изборно-задолжителен понатму, како и педагогија и методика. Сакав германски јазик уште на почетокот од минатата година ама ете од некои си "објективни причини", како што ни кажаа, не беше достапен. Би го зела оваа година ама не верувам да е нешто променето т.е да е повторно достапен како изборен предмет.

Би била многу благодарна бидејќи навистина немам идеја што да правам:unsure: Поздрав :)
 
Член од
19 септември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво јас сум прва година на македонски и книжевност па ако може некој да ми објасни отприлика што се изучува на Агиологија
 

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
68
ту мртва тема, разлистав наназад од 2012 год гледам агиологија се споменува и словенска митологија како полесни изборни предмети.Уште држи вода тоа или сменето е?Ако има некои такви полесни предмети.На ПиТ сум ако има нешто везе тоа
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Здраво јас сум прва година на македонски и книжевност па ако може некој да ми објасни отприлика што се изучува на Агиологија
ту мртва тема, разлистав наназад од 2012 год гледам агиологија се споменува и словенска митологија како полесни изборни предмети.Уште држи вода тоа или сменето е?Ако има некои такви полесни предмети.На ПиТ сум ако има нешто везе тоа
Предметот Агиологија го предава проф.Добрила Миловска.Во овој предмет станува збор за жените - светици.Се полага најчесто преку семинарска.Професорката си бара доста многу, а и воопшто не го потценува својот предмет.
Moе мислење е бидејќи си на катедрата за Македонска книжевност,да го избереше Македонска култура и цивилизација или Митопоетика бидејќи ќе ти се од голема помош во иднина.
Предметот Словенска митологија е предмет од летен семестар,така да моментално во зимскиот не се изучува.Во зимски семестар е предметот Митопоетика.Овој предмет го предава проф.Нина Анастасова Шкрињариќ и како и проф.Добрила,така и оваа професорка го вреднува и цени својот предмет.

Зборот ми е двете професорки имаат разбирање кога станува збор за редовност и поклопување на предмети,но треба да се помачите за да добиете солидна оценка.

:)
 
H

HoT IcE

Гостин
Не знам која беше професорката ама ја Агиологија полагав со телефон и читав од Википедија за Света Петка или нешто слично, во училница за 20 студента полагавме 50 души и беше општо препишување.
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Не знам која беше професорката ама ја Агиологија полагав со телефон и читав од Википедија за Света Петка или нешто слично, во училница за 20 студента полагавме 50 души и беше општо препишување.
И шо знаеш да кажиш нешто во конотација од содржината на предметот? :P
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Здраво. Ако може да ми каже кој знае каде го има речникот по Македонско-Германски јазик од Ранка Грчева и Петер Рау. Се работи за овој речник http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=2582
Во Просветно дело прашав но таму го нема речникот. Во 2006 година е издаден речникот и во Магор издавачка куќа но веројатно и таму го нема. Во книжара на Филолошки ми кажаа имаат само копија од речникот, оригинал немаат.

Ако може одговор кој речник е најдобар за Германски јазик и од кој автор и каде го има да се купи.
Сакав од Петер Рау да го земам речникот бидејќи нему му е Германски мајчин јазик па може има квалитет речникот, но копија полесно се кине и распаѓа при читање и прелистување. Сакав оригинал речник.

Ако може препорака за добар речник да купам од вас кои го учат или учеле Германскиот јазик. Јас не сум студент на Филолошки, го учам јазикот на курс.
Молам за одговор.
 
Член од
21 мај 2016
Мислења
11
Поени од реакции
1
Здраво на сите.
Ние сме тим кој изработува различни видови на трудови, со цел на ви помогнеме на вас учениците и студентите. Нудиме изработка на:
- Магистерски трудови
- Специјалистички трудови
- Дипломски трудови
- Семинарски трудови
- Проектни задачи
- Изработка на CV + Мотивационо писмо
- Мини есеи и истражувачки проекти
- Табеларно прокажување на податоци
- Power point Презентации
- Биснис планови за средни училишта и факултети
- Анализа на случај
- Спроведување на истражување
- Трудови на слободна тема
- Анкетни листови
- Прашалици
Сите кои се заинтересирани треба да не контактираат на следниот линк (фб страна) :
ЛИНК
 
Член од
27 септември 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Има ли некој што студира јазик поточно германски вонредно ? нека сподели искуства..
 
Член од
21 декември 2017
Мислења
12
Поени од реакции
0
Потребна ми е книга по словенечки јазик, ја имало на филолошкиот оние што студираат македонски, но не познавам никој таков. Може да се најде од друго место?
 
R

Redhead

Гостин
Dali ima smer po francuski jazik ?
Имаше до сега француски јазик и книжевност и има француски превод и толкување. Слушнав дека можно е да се укинува смерот за книжевност зашто немало заинтересираност, баш ме интересира нека каже некој дали има слушнато таква информација.
 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Планирам да се запишам. Се мислам да изберам Англиски и Шпански двата преведувачки. Планирам за 6 и 7 да учам. Лесно ли ке е или малце потешко ке оди? Англиски го знам перфектно додека Шпански немам врска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom