А некој што оди на оваа катедра ако сака подетално да ми каже искуства пофалби и поплаки бидејќи оваа година сум матурант и планирам да одам англиски јазик и книжевност, но се двоумам. Фала ви.
Малку доцнам со одговоров но ќе ти кажам секако. Искрено, имам повеќе поплаки отколку пофалби. Има огромна неорганизираност. Ако си од тие луѓе кои сакаат да присуствуваат на сите предавања и вежби, треба да си спремен да дремеш од 9 до 18 часот на факултет. Присуството не е задолжително. Но, поарно за вас да доаѓате, затоа што ова е јазик, ако еден ден не си присутен, всушност многу си пропуштил и нема како да надоместиш. Имаш по 6 предмети секој семестар од кои 3 задолжителни и 3 изборни. Тие 3те изборни всушност ти се исто така задолжителни зошто катедрата те приморува да ги земеш ако сакаш успешно да го завршиш модулот. Во втора година ќе мора да се одлучите на кој смер сакате да одите: на наставен смер или на преведување и толкување. Наставниот и преведувачкиот смер 3те задолжителни предмети им се заеднички, останатите (изборни) на наставниот смер се Педагогија, Психологија, Методиките, Историја на англиски... и слично, додека пак на преведувачкиот смер во изборни спаѓаат: Теорија на превод, Преведување од англиски на македонски и обратно, Консекутивно толкување, Симултано толкување и така натаму. Во задолжителните предмети спаѓаат САЈ(современ англиски јазик), Книжевностите (драма, поезија, роман) и Граматиките на англискиот јазик. Најчести предмети на кои студентите заглавуваат се: книжевностите и граматиките. Лошо е што сите предмети меѓу себе се поврзани и ти влечат, така што на пример ако не можеш да положиш книжевност 4, а сакаш да полагаш книжевност 5, немаш право. Значи и задолжителните предмети и изборните се поврзани меѓу себе и ти влечат и не можеш да го полагаш наредниот ако го немаш положено претходниот предмет. За бескрајното чекање по ходници да земеш оценка од професор нема да зборувам зошто тоа го има на сите факултети. Факултетот не ти нуди никакви можности за семинари, обуки, патувања во странство. Мора да си спремен и да ги челичиш нервите за чекање ред во студентски прашања. На оваа наша катедра без исклучок, секогаш има најдолга и најширока редица за чекање. Има професори што навистина вредат и се трудат да те разберат како студент, но тоа се најмногу два-тројца. Сите останати се за никаде.
Не сакам повеќе да ти кажувам, за да не те разочарам и исплашам, но искрено ти кажувам дека многу ми е криво што јас кога се запишував, немаше некој вака ко јас тебе што ти кажувам сега, да ми ја покаже вистинската слика за Англиски јазик и книжевност на Филолошки. Со една реченица: сега да сум средношколка која треба да избира кај да се запише, никогаш не ја одбрала оваа катедра на овој факултет. Но сепак, на тебе е да одлучиш. Ако имаш некои дополнителни прашања, слободно прашај. Каде и да одлучиш да се запишеш, со среќа!