Филмски вести

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
34-то издание на Браќа Манаки кое ќе се оддржи од 14-20 септември ќе го отвори македонскиот филм „Соба со пијано“.

Официјалниот плакат на 34-то издание.

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Пред само неколку минути беа објавени наградите на годинешниот Кански филмски фестивал.

Златна палма за филмот La Vie d'Adele (Blue is the warmest colour) на режисерот Abdellatif Kechiche.
Grand Prix за Inside Llewyn Davis на Џоел и Итан Коен.
Најдобра женска улога за Беренис Бежо во филмот The Past (од режисерот на A Separation).
Најдобра машка улога за Брус Дерн во филмот Nebraska, на Александер Пејн.
Најдобра режија за Amat Escalante за Heli.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.967
Прочитав на неколку места дека се е по можно правењето на Терминатор 5 со release date околу Јули 2015та. Голем фан сум на оваа франшиза, но од кога беше јасно дека Шварценегер нема да глуми повеќе, едноставно сакав да прекинат да прават продолженија. Иако има гласини дека во 5кава ќе глуми, само се прашувам колку шминка ќе потрошат за да му ги тргнат брчките, ќе мора скапи специјални ефекти и за тоа :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО НА „ЛАЗАР“

Долгометражниот игран филм на Светозар Ристовски со работен наслов „Лазар“ ќе почне да се снима в недела напладне на фудбалското игралиште „Металург“ во скопската населба Автокоманда.
Филмот ќе се снима по сценарио на Светозар Ристовски и Грејс Лиа Троје и е копродукција меѓу „Смол мувис филмс“ од Македонија, „МП Филмска продукција“ од Хрватска, „Гала филм“ од Бугарија и „Аризона продакшн“ од Франција.
- Филмот е приказна за 25-годишниот Лазар и 32-годишниот Тони, чија тешка економска состојба ќе ги втурне во нелегалниот свет на шверцување мигранти. Набргу, сосема несвесно, тие ќе се претворат во луѓе кои најмногу ги презираат своите татковци. Жанровски, филмот е современа, психолошка кримидрама и се случува во популарно наречениот транзициски период во посткомунистичка Македонија, информира „Смол мувис“.
Ова е трет целовечерен филм на Ристовски, кој по интернационалниот успех со првенецот „Илузија“ (Mirage) во Канада, го сними филмот „Драг господине Гејси“ со познатиот холивудски актер Вилијам Форсајт, продуциран од оскаровецот Кларк Петерсон.
Најголем дел од филмот ќе се снима на територијата на Македонија, на локации во Скопје, Штип, Демир Капија, и неколку дена во Софија.
Главните улоги ќе ги играат Дејан Лилиќ, хрватскиот актер Ведран Живолиќ и Наташа Петровиќ, а во екипата се и Владо Јовановски, Тони Михајловски, актерите од Бугарија Красимира Кузманова и Александар Сано, хрватскиот актер Горан Навојец, Александра Балмазовиќ од Словенија... Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Игор Тошевски, костимографи Катерина Колимбатовиќ и Невена Чакловиќ.
„Смол мувис“ соопшти дека проектот досега е финансиски поддржан од Филмскиот фонд на Македонија, од хрватскиот Аудиовизуелен центар, Националниот филмски центар на Бугарија, од СЕЕ Синема нетворк, Аризона дистрибјушн и од европскиот фонд „Еуримаж“.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Прочитав на неколку места дека се е по можно правењето на Терминатор 5 со release date околу Јули 2015та. Голем фан сум на оваа франшиза, но од кога беше јасно дека Шварценегер нема да глуми повеќе, едноставно сакав да прекинат да прават продолженија. Иако има гласини дека во 5кава ќе глуми, само се прашувам колку шминка ќе потрошат за да му ги тргнат брчките, ќе мора скапи специјални ефекти и за тоа :)
Би требало да глуми Шварци во 5ката која што ќе биде ребут на франшизата и прв дел од нова Терминатор трилогија.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.967
Би требало да глуми Шварци во 5ката која што ќе биде ребут на франшизата и прв дел од нова Терминатор трилогија.
Тоа читав и јас, може е подобро веќе да не пипаат ништо, веќе оштетија доста од овој серијал. После 2ката максимум уште еден филм требаше да биде направен (иако мислам дека не требаше веќе да се прават), режиран од Камерон и неколку години порано, да речеме негде 2000та година. И во филмот да беше конечно прикажана војната во иднината и нејзиниот крај :) Но, покрај оваа моја замисла како што видовме поинаку се одвиваа настаните со серијалов :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=823131556162&id=16&prilog=0&setIzdanie=22961

„Балканот не е мртов“ или „Соба со пијано“. Помеѓу овие два филма ќе се одбира македонскиот кандидат за Оскари 2014.

На еден месец ја рефреширате темава, clockwork. Теман ќе си речам не е активна, никој не ја ажурира а повеќето новости се во генерална..
Никако да ја симнам од важна. :unsure:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Краткометражното “филмче“ на Манчевски „Четврток“ кој синоќа имаше проекција на отварањето на Венеција Филм Фестивал. (y)

 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089


Постерот за новиот филм на Дарен Аронофски чија премиера е на 28 ми март наредната година.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.967
Оваа вашава од Гејм Оф Троунс ќе ја толкувала Сара Конор во Терминатор. Него на линков потврдуваат дека Шварценегер ќе глумел. Боли да мислам веќе што би било со наредниов Терминатор.
Еве и странски извор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom