Филмски вести

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене не ми се читани ниту Кодот на Да Винчи ниту Ангели и Демони, но планирам летото сега од кај крајот на мај да ги купам и двете па да ги прочитам, таман ќе стигне дотогаш убава снимка од филмот.

А повторно ќе си го изгледам и Кодот на Да Винчи, во заборав ми е :smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Филм на Вуди Ален!
Пенелопе Круз (добитничка за Оскар за горенаведениот филм)
ПРЕПОРАКА ДО СИТЕ!

Мислам дека веќе претераа со новиве филмови, па овој ептен е нов, не знам дали имаат и право да емитуваат толку нови кога овој некаде е се‘ уште и во кината, а кај нас деновиве ќе биде премиерата на Скопски Филмски Фестивал, и после немало да не бидува за кино, е нема кога се губиме вака.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262


Расел Кроу како Робин Худ во нов римејк. Секако познато ви е дека режисер ќе е како и секогаш со овој оди и Ридли Скот.
Главна женска улога - Кејт Бланшет...
Ќе излезе 2010. Толку официјални/неофицијални информации.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Ќе се снима ново продолжение на Бетмен

Доколку може да им се верува на ветувањата на актерот Кристијан Бејл, Бетмен ќе добие ново продолжение. По одличниот "Темниот Витез", Бејл на публиката и ветува уште подобро продолжение.



Актерот Кристијан Бејл, попознат како Брус Вејн - Бетмен, им вети на фановите дека новото продолжение на овој популарен филм ќе биде уште подобро од "Темниот Витез".
"Има луѓе кои ми велат дека нема шанса да направам и трето добро продолжение на Бетмен. А јас ви велам вам, ајде да им покажеме дека може", изјави Кристијан, кој со договор се обврза на снимање на трето продолжение на Бетмен, додека режисерот Кристофер Нолан сеуште го нема потпишано.
"Морам да признаам дека фактот што јас морам да го снимам филмот, дека потпишав, а дека Крис нема потпишано ме загрижува. Морам да признаам дека сум загрижен доколку не се согласи да го сними новото продолжение. Но, мораме да направиме добра приказна, бидејќи не можете да направите филм како "Темниот витез" и по него да излезете со нешто разочарувачко", беше искрен Бејл.

iZvor Kajgana.com
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Скорсезе ќе снима филм за Синатра


Откако лани се шпекулираше, сега е и официјално потврдено. Мартин Скорсезе ќе снима филм за Френк Синатра. Со помош на неговата ќерка Тина Синатра, ќе направи филм за памтење.

Оскаровецот Мартин Скорсезе планира животот на пејачката легенда Френк Синатра да го пренесе на големото платно. Сеуште не се знае кој ќе го глуми Синатра, бидејќи допрва ќе следи кастингот за улогата, но кој и да биде избран, ќе има голема задача да го отелотвори големиот пејач, кој и со своите филмски улоги ги растури кино благајните и освои Оскар во 1953 година за улогата во филмот "Од овде до вечноста".
Ова не е прва екранизација за Френк Синатра. Во 1992, Филип Касноф сними мини-серија за Синатра, а шест години подоцна Реј Лиота го сними филмот "The Rat Pack".
Но, филмот на Скорсезе со едноставен назив "Синатра" ќе биде првиот кој ќе го опише целиот негов живот.
За потсетување, Френк Синатра умре во 1998 година од срцев удар на 82 години. Својата прва плоча ја снимил во 1939 година и продолжи да снима се до смртта. Неговите хитови како "Strangers in the night" и "My way" ќе живеат вечно.
Еве како Синатра звучеше во 1965 година:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Роберт Патинсон го потврди четвртиот дел на Twilight

Роберт Патинсон го потврди снимањето на четвртото продолжение на филмот „Twilight“, Breaking Dawn, по истоимениот роман. Почетокот на снимањето не е одредено поради бројните филмски обврски на младиот актер.
Патинсон заврши со снимањето на второто продолжение на „Twilight“ под името New Moon во Италија, додека во октомври ќе работи на третиот дел, Edipse.

Шармантниот актер откри дека неговата улога во New Moon ќе биде проширена во однос на книгата, каде неговиот лик Edvard Cullen се јавува само како глас во мислите на главната хероина Belle.

- Бидејќи глумев личност која е дела само од мислите на Belle, пробав тоа да го направам на дводимензионален начин. Се надевам дека продолжението ќе им се допадне на гледачите и нема да биде досадно, изјави Роберт.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Големото враќање на малиот E.T.

Стивен Спилберг и Дру Баримор планираат да направат продолжение од E.T.


Спилберг има замислено неверојатна приказна за продолжението кое ќе го врати E.T. на земјата.

Пред некое време тој изјави дека никогаш нема да сними продолжение за E.T. и дека таа приказна е завршена.
„Има почеток, средина и дефинитивен крај, и нема што да правиме освен да заминеме со него. А не сакам да го враќам на земјата по вторпат.“ - изјави Спилберг.
Но сепак, тој се премислил и стапил во контакт оо Дру Баримор во план да снимат нов филм. Тогаш малечката Дру Баримор од хит-филмот треба да се најде во главната улога во новото продолжение.

Останува да почекаме датум за враќањето на најпознатиот вонземјанин.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Шербеџија во новиот Хари Потер

По неколкуте мегахитови во кои го понуди својот актерски талент, Раде Шербеџија одлучи да се појави во новиот филм за Хари Потер, и тоа во улогата на мајстор кој изрaботува магични стапчиња.

Актерот го потврди ова на промоцијата на филмот „Спомени на еден бегалец“ во Загреб во рамките на фестивалот за еврејски филмови. На конференцијата за новинарите Шербеџија уште додаде: „Не е сеуште официјално потврдено, но можам да најавам дека ќе глумам во новото продолжение на серијалот за Хари Потер кој ќе се снима есенва. Сеуште не сум го видел сценариото, бидејќи никој сеуште го нема добиено, туку го прочитав само описот на мојот лик. Станува збор за мајстор кој изработува магични стапчиња“.
Иако улогата не е голема, Раде се одлучил за прифаќање на улогата во голема мера поради својата ќерка Нина, која има 17 години.
„Ми рече дека ако ја добијам улогата, нејзиното мислење за мене нагло ќе порасне, бидејќи Хари Потер е еден сосема нов свет за неа“, изјави Шербеџија.
Познатиот актер досега се појавил во повеќе хитови на светско ниво како „The Saint“, „Mission Impossible:2“, „Memento“, во неколку епизоди на серијалот „24“ како и во за нас добро познатите „Големата Вода“, „Пред Дождот“ и „Нечиста Крв“.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Ал Пачино ќе биде „Др.Смрт“

Ал Пачино ќе го глуми Џек Кеворкијан, доктор кој се залагал за еутаназија и помогнал повеќе од 100 случаи на самоубиство.




Американскиот лекар Џек Кеворкијан го добил прекарот „Др.Смрт“, не затоа што ги убивал пациентите туку затоа што се залагал за еутаназија.

Контроверзниот лекар, кој дури и конструирал специјална машина за еутаназија, помогнал во повеќе од 100 случаи на самоубиство и со години јавно се залагал за достоинствена смрт.

Осуден е за второстепено убиство и се наоѓа во затвор од 1999.

Неговиот животен пат е раскажан во книгата „Измеѓу умирањето и смртта“, која моментално се адаптира за големото платно.

Снимањето на филмот „Не го познавате Џек“ е доверено на режисерот Бери Левинсон („Дождливиот човек“, „Добро утро Виетнам“), а улогата му е понудена на Ал Пачино.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Ал Пачино ќе биде „Др.Смрт“

Ал Пачино ќе го глуми Џек Кеворкијан, доктор кој се залагал за еутаназија и помогнал повеќе од 100 случаи на самоубиство.




Американскиот лекар Џек Кеворкијан го добил прекарот „Др.Смрт“, не затоа што ги убивал пациентите туку затоа што се залагал за еутаназија.

Контроверзниот лекар, кој дури и конструирал специјална машина за еутаназија, помогнал во повеќе од 100 случаи на самоубиство и со години јавно се залагал за достоинствена смрт.

Осуден е за второстепено убиство и се наоѓа во затвор од 1999.

Неговиот животен пат е раскажан во книгата „Измеѓу умирањето и смртта“, која моментално се адаптира за големото платно.

Снимањето на филмот „Не го познавате Џек“ е доверено на режисерот Бери Левинсон („Дождливиот човек“, „Добро утро Виетнам“), а улогата му е понудена на Ал Пачино.
sega ke ima barem nesto dostoinstveno da se gLeda
Pachino e i sekogas ke bide eden od najdobrite akteri barem spored moeto misLenje

Se Podgotvuva Terminator 5


Na imbd.com potocno na imeto na Christian BaLe stoi deka do 2011 ke imame najnovo prodolzenie na Terminator 5.
Vistina iLi ne koi ke bidat osven Christian vo 5 taa informacia za nas obicite useri na imdb ne se znae no tie koi imaat imdbPRO imaat celosen uvid vo 5 celata akterska ekipa koi se planirani itn itn itn
more info here: http://www.imdb.com/title/tt1340138/
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Анџелина Џоли е пренесена во болница вчера откако се повреди на снимањето на нејзиниот нов филм.

Таа го снимаше „Salt“ на Лонг Ајленд, кога ја удри главата, добивајќи исекотина помеѓу очите и крварење.




Нејзиниот менаџер изјави дека таа е сосема добро. Продуцентската куќа го даде следново кратко соопштение:

„Ова утро додека снимаше сцена од филмот... Анџелина Џоли доби помала повреда. Беше префрлена во болница и прегледана. Продукцијата на филмот продолжува според планираното.“

Во филмот, таа ја глуми агентката на ЦИА Евелин Солт, која ќе биде обвинета за шпионажа и заговор за атентат врз претседателот.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Шерон Стоун и Џесика Бил во српскиот филм ’The Weekend’.

Покрај нив две, Луси Лиу, Денис Хопер и Мајкл Мадсен, веќе потпишале договор со продуцентите Владимир и Предраг Рајчиќ.




Како што пишува магазинот Ало, наводно веќе е потпишан и копродукциски договор со филмската компанија на Квентин Тарантино, според која веќе на есен на локации во Белград и планинските региони во Србија почнува снимањето на филмот “The Weekend”, а ќе дојдат сите споменати ѕвезди за со кои продуцентите нагласиле дека потпишале договор не прецизирајќи ги цените на нивните хонорари.

Владимир Рајчиќ глумел главна улога, го напишал сценариото и го продуцирал филмот “Serbian Scars“ кој својата промоција ќе ја доживее на 14 мај во Белград, во кој што глуми заедно со Мајкл Мадсен, Марко Дакаскосо и Сергеј Трифуновиќ. Акциониот трилер настанал во Американско - Српска копродукција, сниман е во Белград, Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго и говори за љубовна приказна помеѓу Србин и Албанка и драма на двајца браќа од Србија кои ќе се вплеткаат во војна со Албанските терористи и ЦИА на просторите на САД и Косово

 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Големото враќање на малиот E.T.

Стивен Спилберг и Дру Баримор планираат да направат продолжение од E.T.


Спилберг има замислено неверојатна приказна за продолжението кое ќе го врати E.T. на земјата.

Пред некое време тој изјави дека никогаш нема да сними продолжение за E.T. и дека таа приказна е завршена.
„Има почеток, средина и дефинитивен крај, и нема што да правиме освен да заминеме со него. А не сакам да го враќам на земјата по вторпат.“ - изјави Спилберг.
Но сепак, тој се премислил и стапил во контакт оо Дру Баримор во план да снимат нов филм. Тогаш малечката Дру Баримор од хит-филмот треба да се најде во главната улога во новото продолжение.

Останува да почекаме датум за враќањето на најпознатиот вонземјанин.
Мислам дека ова би било одлично.... многу добро би дошла интересна приказна за И-Ти повторно :toe:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Британскиот музички маг Сајмон Кауел ги откупи правата за снимање на римејк на култниот филм од седумдесеттите.

Кауел ги откупи правата од продуцентот Роберт Стигвуд, кој идејата за оригиналниот филм ја добил откако во весник прочитал статија за тинејџери кои се натпреваруваат во танцување.



Кауел, познат како страшниот судија од натпреварувањата „Американски Идол“ и „Британија има Талент“, во главната улога би сакал да го види Зек Ефрон од серијалот „Средношколски мјузикл“

Интересно е што за потребите на новата музика за филмот, Кауел ќе го ангажира супер-продуцентот Тимоти Мозли, попознат како Тимбаланд.

Главните улоги во оригиналниот филм ги играа Џон Траволта и Карен Лин Горни, а музиката ја направија славните The Bee Gees.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
007 во Кабул

Иако сеуште нема ништо официјално, на големо се шушка дека дејствието во новиот филм за Џејмс Бонд би можело да се одвива во Авганистан.



Оваа информација ја проследи британскиот Guardian според кој еден од сценаристите за сеуште неименуваното продолжение на „Quantum of Solace“ се интересирал за условите за работа во Кабул.
Ова секако веднаш се протолкува како можно бирање на локација за новиот Бонд филм, а шпекулациите одат до таму што веќе се претпоставува дека во ова продолжение агентот нема да се пресметува само со Талибанците, туку и со опасната трговија со дрога која ги финансира воените активности во регијата.
Ако се случи ова, Даниел Крег ќе го посети вфганистан за прв пат, но Џејмс Бонд веќе беше таму - Тимоти Далтон таму го снимаше „The Living Daylights“ во 1987 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom