Филмови што сте ги оцениле со 10 на IMDB

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.586
Поени од реакции
87.934
10/10 Braveheart - Мел Гибсон и неговата џигерица... шта речи, ама сеедно, сум плачел на крајот од филмот каде го мачат Вилијам, и покрај сите искушенија нема да подпадне под притисокот на непријателите. Вака треба да изгледа секој историски филм. Запазено е и на акцентите кои ги зборуваат таму Шкотите... се на се одличен филм со одлична глума, сценарио и пред се одлични саундтракови во која се доловува земјата каде што е сниман филмот.

10/10 Dances with Wolves - Ова е веќе прашање на лични вкусови. Иако Кевин Костнер си има неколку златни малини во неговата колекција од оскари, сепак овој филм му е врвот на неговата кариера, и баш заради оваа улога ми е еден од поомилените актери. Нема што многу да се додава за филмов, 3 часа исполнети со прекрасни пејсажи, добра глума, скоро изчезнати индијански јазици,и се разбира... проклети американци. Човек кој живее сам во едно куќиче среде "пустелија" се спријателува со најголемите непријатели на американците, индијанците. Филм кој мора да го погледнете


10/10 The Shining - Незнам колку пати додека го гледав филмов ме полазаа морници. Сцените од филмот се неверојатно добро направени, посебно кога малиот Дени се вози на точачето низ хотелот. Појезива сцена од тоа Амин. Мислам што очекувате од филм кој е направен од Кјубрик, по делото на Стивен Кинг, и во него глуми ретардираната фаца на Џек Николсон?


10/10 The Lion King - Can you feel the... ај доста е :place:


П.С. Гледам сите го фалите Jacob's Ladder, па мислам дека е време да го погледнам овој филм
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.200
Поени од реакции
18.303
10ки имам дадено само на оние филмови кои оставиле нешто врз мене. Таков е веќе филмот кој многу го имате споменато, The Showsank Redemption, а оној другиот не видов некој да го напише.

A walk to remember е филмот кој мислам има допрено најдлабоко до мене. Многу се обиделе да направат таков филм, но никој не успеал. Овој филм е најубавиот кој сум го гледал. Дефинитивно. Актерите прекрасно ги интерпретираат ролјите и се совпаѓаат со тематиката. Филмот е природен, на некој начин вистински.
Ако го немате гледано, стварно треба да погледнете.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Ајде, сега модерно е да се хејтаат популарни ремек дела, ако е познат филмот не чини, ако е американски исто така нечини, ако бара повисока интелегенција за да ја доловиш поентата исто така нечини, заморен бил и напињал, ако е релативно неповрзан како филмовите на Линч, исто така нечини, немал поента, ако е некој постар, не вредел да се гледа, стар бил црно бело бљак (дај само нови) ако е филм кој се респектира повеќе од другите на форумов пак нечини затоа што е меинстрим, и сите го сакаат! а нели интересен и кул си ако исхејташ или пак си единствен кој има листа на филмови кои никој не ги гледал, па попување ако нема од тој и тој режисер не чини, да да секако...фала на просветлувањето, што ќе праевме да не бевте вие.

П.С. Најпобоље е српски филм, дека ретко кој може да го гледа, + ние не ја разбираме таа уметност - софистицираност!

Режисерот има друга поента, ама ние не ја сфаќаме, нели?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Од едноставна тема направивте компликации. Напишете кои ви се филмови за 10, ќе добиете по некое согласување, по некој ремет, и толку...

:)
--- надополнето: 4 јули 2013 во 17:22 ---
A walk to remember е филмот кој мислам има допрено најдлабоко до мене. Многу се обиделе да направат таков филм, но никој не успеал. Овој филм е најубавиот кој сум го гледал. Дефинитивно. Актерите прекрасно ги интерпретираат ролјите и се совпаѓаат со тематиката. Филмот е природен, на некој начин вистински.
Ако го немате гледано, стварно треба да погледнете.
Еве на пример, материјал за ремет...

:D
 
А

Антоние

Гостин
Huehuehue brat. Но да го имплементираме овој начин на симлифицирање и на друг филм. Еве нека биде „најдобрата 10-ка“ според IMDb. Shawshank Redemption.
Ако анархо-примитивизам уз некоја кул метафора продава, тогаш оправдано што овој е прв.
Зарем не го заеба системот "jaко"? Кој ги врти твоите вредности и правила и норми кои се темелите врз кои функционира ова општество, јас во затвор не седам, ќе одам ќе си креирам сам општество. Со блекџек и курви. И ќе го сторам тоа преку лазење во гомна, за на еден начин вметнеме и филосфоска жичка, демек ова нека претставува борбата општо за животот. Морган Фримен ќе биде кул со некој дијалог, и ете, тоа е тоа.
Причината позади популарноста на SR е во пораката која ја пренесува со која ги величи христијанските морални вредности. Филмот изобилува со христијанска симболика и концепти, и токму тоа е причината поради која филмот ужива толкав успех. Мачеништво, верба, доблест, скромност, нескротливост на духот, спасение и вечна правда се вредности кои публиката отсекогаш и секогаш ќе ги бара и обожува, без разлика во кое време и всред какви било идеолошки струења. Истиве овие елементи се "виновни" за успехот на (скоро) секоја Шекспирова трагедија. Протагонистот ги поседува сите овие вредности и крајот на неговото мачеништво е симболички прикажено како спасение. Кога излегува од цевките тој ја кине кошулата и гледа нагоре кон небото, од кое паѓа силен дожд итн.

Има една голема разлика помеѓу Fight Club и The Shawshank Redemption. Првиот воспева декадентна незрелост и дегенерација а вториот воспева исконска правда и спасение.

П.С. Најпобоље е српски филм, дека ретко кој може да го гледа, + ние не ја разбираме таа уметност - софистицираност!
Всушност, филмот не е создаден да биде разберен. Филмот е само уште една шокантна американска пропаганда, атак на српските традиционални вредности, операција која Америка ја извршува со години наназад за да пред светот ги претстави Србите како дегенерици, како единствени злосторници на Балканот. Тие кои ја имаат направено оваа дегенерација се еден куп српски петтоколонашки либерали левичари со исперени мозоци кои се гласно и моќно малцинство, финансирано од Американски долари, преку српски анти-национални невладини организации.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Причината позади популарноста на SR е во пораката која ја пренесува со која ги величи христијанските морални вредности. Филмот изобилува со христијанска симболика и концепти, и токму тоа е причината поради која филмот ужива толкав успех. Мачеништво, верба, доблест, скромност, нескротливост на духот, спасение и вечна правда се вредности кои публиката отсекогаш и секогаш ќе ги бара и обожува, без разлика во кое време и всред какви било идеолошки струења. Истиве овие елементи се "виновни" за успехот на (скоро) секоја Шекспирова трагедија. Протагонистот ги поседува сите овие вредности и крајот на неговото мачеништво е симболички прикажено како спасение. Кога излегува од цевките тој ја кине кошулата и гледа нагоре кон небото, од кое паѓа силен дожд итн.
:cuc: Додај уште изворедната глума посебно на Морган Фриман. :cuc: И ете зошто така високо рангиран.
Има една голема разлика помеѓу Fight Club и The Shawshank Redemption. Првиот воспева декадентна незрелост и дегенерација а вториот воспева исконска правда и спасение.
Не го коментирав претходно Фајт Клаб, зошто го немав гледано, искрено спрема насловот помислив дека е некој филм од типот на Стивен Сигал или оние четворицата белгијанци :D . Сега го изгледав. Не е толку филмот лош, колку што имаше хејтерски постови. „Чак што више“, што би рекле северниве, скоро одличен.
Искрено мене ми се допадна. Интересен, чуден, оригинален, можеби и декадентен, но тоа не му ја намалува вредноста. Од мене висока 9. Сепак филмов е за тие со 10ка нели? ;)

П.С. Голема заслуга на „хејтерите“ на филмов, па си рекој дај да видам зашто го хејтаат. :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Мене крајот ми го расипа филмот (мислам на Фајт Клуб), некако никаква логика ми немаше таквата разврска. Од овие драма филмовите со mind fuck завршница врв ми е Шесто Сетило. Не видов никој од вас да го стави во групата филмови што добиле 10ка, а според мене тој филм е без маана !
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Причината позади популарноста на SR е во пораката која ја пренесува со која ги величи христијанските морални вредности. Филмот изобилува со христијанска симболика и концепти, и токму тоа е причината поради која филмот ужива толкав успех. Мачеништво, верба, доблест, скромност, нескротливост на духот, спасение и вечна правда се вредности кои публиката отсекогаш и секогаш ќе ги бара и обожува, без разлика во кое време и всред какви било идеолошки струења. Истиве овие елементи се "виновни" за успехот на (скоро) секоја Шекспирова трагедија. Протагонистот ги поседува сите овие вредности и крајот на неговото мачеништво е симболички прикажено како спасение. Кога излегува од цевките тој ја кине кошулата и гледа нагоре кон небото, од кое паѓа силен дожд итн.

Има една голема разлика помеѓу Fight Club и The Shawshank Redemption. Првиот воспева декадентна незрелост и дегенерација а вториот воспева исконска правда и спасение.
За ова да биде причина позади популарноста на SR, по иста логика, на врвот на музиката треба да бидат христијанските рок бендови.
Оти нели, изобилуваат со христијанска симболика и концепти. Или селективно резултира имплементирањето на вредностиве во уметноста?
Во филмови се продава, икони/слики и се тоа прилично застапени, во музиката не толку, напротив џаолска музика уште од црнецот Хендрикс завзема замав. What is up with that?

Неможе фајкла да биде несовршен оти ти различно гледаш на капитализмот. А неможе ни SR да биде посовршен оти носи некоја квази vague христијанска порака и поента.
Идеолошките несогласувања со филмовите не треба да им го оспоруваат квалитетот.
Атеист кога ќе го изгледа уште неколку пати ќе дојде и не само 10ка, туку најдобриот на светот ќе го направи!
Ама тоа изгледа дека е атеист, како мене, како Werther од поназад, дека не толку импакт остава кај дегенерици од атеисти вредностите како верба, доблест, скромност како анархизам и бунотвен тинејџерски рејџ. :icon_lol:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Некои (читање на гугл зашто ти не си го сфатил филмот lol) викаат дека Sam Gold (егото) од Револвер е Ѓаволот во сите нас. Од Сатаната (егото) ни доаѓа алчноста, гордоста и другите 5...

Ете ви религија. Aјде сега десетки
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Некои (читање на гугл зашто ти не си го сфатил филмот lol) викаат дека Sam Gold (егото) од Револвер е Ѓаволот во сите нас. Од Сатаната (егото) ни доаѓа алчноста, гордоста и другите 5...

Ете ви религија. Aјде сега десетки

А со Реј Лиота, шо правиме?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
За ова да биде причина позади популарноста на SR, по иста логика, на врвот на музиката треба да бидат христијанските рок бендови.
Оти нели, изобилуваат со христијанска симболика и концепти. Или селективно резултира имплементирањето на вредностиве во уметноста?
Во филмови се продава, икони/слики и се тоа прилично застапени, во музиката не толку, напротив џаолска музика уште од црнецот Хендрикс завзема замав. What is up with that?
:vozbud: Се слажем бе апсоЉутно.
Неможе фајкла да биде несовршен оти ти различно гледаш на капитализмот. А неможе ни SR да биде посовршен оти носи некоја квази vague христијанска порака и поента.
Идеолошките несогласувања со филмовите не треба да им го оспоруваат квалитетот.
Атеист кога ќе го изгледа уште неколку пати ќе дојде и не само 10ка, туку најдобриот на светот ќе го направи!
Ама тоа изгледа дека е атеист, како мене, како Werther од поназад, дека не толку импакт остава кај дегенерици од атеисти вредностите како верба, доблест, скромност како анархизам и бунотвен тинејџерски рејџ. :icon_lol:
Не дека не ми годи што си ме спомнал, ама чисто процедурално, нема да сменам оценка и по 10 гледања. Сепак филмот за мене е многу повеќе од самата содржината во филмот. Не дека нема филмови покрај тие 2 што ги спомнав кои заслужуваат 10 (според мене, сепак секој си вреднува инаку), но да не се повторуваме, веќе се спомнати.

Некои (читање на гугл зашто ти не си го сфатил филмот lol) викаат дека Sam Gold (егото) од Револвер е Ѓаволот во сите нас. Од Сатаната (егото) ни доаѓа алчноста, гордоста и другите 5...

Ете ви религија. Aјде сега десетки
Со кромид или со пиперче? Не за друго, ќе ти се слоши од толку десетки, после треба на душа да те носиме. ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Инспириран од дискусијата што се разви во темата за најпреценети и најпотценети филмови на imdb, мислам дека е интересно една ваква тема да отвориме.
И ја бев инспириран ама ме зезна сега... сакав нешто поинакво ама премногу теми ќе има за оценување.

Ај, да видам што сте чкрапале...
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Еве ова е од 103те оценети филмови/серии што имам на имдб оценето со 10ка(само филмовите).

-Cool Hand Luke
-The Godfather
-The Godfather: Part II
-LOTR - сите делови
-Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl
-Psycho
-Snatch.
-The Shawshank Redemption
-Good Will Hunting

-The NeverEnding Story
-The Breakfast Club
-Stand by Me
-The Outsiders

Последниве 4 филма пораснав со нив.


И да не бидам офтопик фајтклаб има 8 од мене.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Како да утрчам во дискусијава а да не биде едно те исто...

Ај, прво за оценувањето на ИМДБ:

Ќе тргнам од себе си бидејќи не сум прашал други луѓе како оценуваат кога оценуваат (на ИМДБ), но ако го прават тоа како мене, хебати скалата. Си мислам, дали јас навистина сум направил анализа на филмот од повеќе аспекти пред да пресудам во стилот на wot дека филмов заслужува 8ца и точка, или пак мојата оценка е резултат на нешто друго? За да оценам еден филм колку што е можно подобро (и пак ќе биде субјективно, зошто секој го гледа филмот од свој агол со свои разбирања и погледи и секој ќе го доживее барем за нијанса поразлично) сигурно треба да навлезам во повеќе елементи како сценарио, ликови, актери/глума, камера, визуелни ефекти, саундтрак, костимографија, сценографија... па да донесам некаква оцена за сите овие посебно, да заклучам каде филмот бил брилијантен а каде потфрлил, да земам некаков просек и да пресудам... Ова ќе беше едноставна операција за која е потребно доволно слободно време за губење, да не постоеше следниов проблем: различни филмови се базирани на различни елементи и оттука важноста на секој елемент варира па не може едноставно да се земе просек. На пример, во мегамилионски блокбастер важни се ефектите. Џабе добри актери и приказна ако ефектите испаднат шкљ. Во добра драма, без приказна, актери, ликови... пиши пропало, а визуелните ефекти се скоро небитни. Дополнителна компликација е што некогаш е субјективно што е важно во филмот.

За да ја направам кашава уште позамрсена, ќе додадам дека е практично невозможно да качиш два филма кои се базираат на крајно различни елементи, на иста скала. И ни еден филм не може да има 10ка затоа што на секој филм нешто би му фалело, иако тоа нешто практично не е потребно во истиот филм.

За да биде порелевантна, би требало да се групираат филмовите по различни категории и да се анализираат само оние елементи кои се релевантни за таа група на филмови. Во кој случај наместо една ќе добиеме повеќе скали. (dragonsky, патлиџаните и Моника)

Ако е така, а така е затоа што јас заклучив дека е така, тогаш како ги оценувам(е) филмовите и што е всушност скалата на ИМДБ?

Онака како јас гледам на работите, скалата на ИМДБ е скала на (не)задоволството. Тоа е скала на која го оценуваме филмот врз основа на првиот впечаток што сме го доживеале за него за време или непосредно по гледањето. Првата еуфорија по епик момент или првата нервоза за картата, пуканките или потрошениот лимит. Почесто ја маваме оценката инстантно, 8/10. Потоа бараме причина зошто е 8 од 10.

Ако има вакви балансери како мене на ИМДБ, а верувам дека има, тогаш скалата е нерелевантна и од друг аспект. Често пати ќе изгледам филм на кој сакам да му дадам 8-ца. Ќе отворам ИМДБ и ќе видам дека филмот има 7. Сега одма ме фаќа криза што 100 000 луѓе не се во право како мене и му лупам 10-ка за да го вратам филмот кај што му е местото. Нема врска дека процентуално сум безначаен. Јас имам надеж дека има уште 100 000 будали кои ќе го направат истото и ќе го вратат системот во рамнотежа. А има, инаку немаше да постојат толку филмови на кои двете најбројни оцени им се 1 и 10. Балансери, насекаде.

И како сега јас во овој комплексен универзум на рејтингување да се снајдам и да направам скала на илјадници изгледани филмови. Кој филм заслужува 10-ка а притоа да не биде навреден друг и сосема различен филм кој претендира на истото? Кои фактори да ги земам во предвид?

- Мислам дека џимеј отвори една тема „Филмови кои ве оставиле да размислувате“. Ваков филм не мора да е десетка, но мора да го поседува овој фактор. Ако сум имал такви импресии од филмот што сум размислувал за него долго по гледањето или сум го ѕирнал уште еднаш, на добар пат е.

- Филм кој би го погледнал после многу време и кога би го давале на кино би платил карта иако го имам гледано многу пати и можам да го симнам кога сакам.

- Филм кој има оставено трага, филм кој инспирирал редица други филмови, филм кој е цитиран, филм кој има незаборавни сцени... едноставно филм со влијание врз филмската индустрија, филм кој ги променил работите.

- Филм кој во оние елементи кои се значајни за жанрот и карактерот на филмот е блиску до совршенство.

- Нискобуџетен филм кој далеку ги надминува ограничувањата наметнати од буџетот.

Ако вака некако ги поставиме работите, тогаш има многу 10-ки кои „не си сметаат“.


На кои филмови сум им дал небалансирана а промислена 10-ка?

Ај, друг пат за тоа.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
И да не бидам офтопик фајтклаб има 8 од мене.
Токму ова е офтопикот :D

Иначе гледам доста пишувате дека сте давале повисоки оценки само да го кренете рејтингот на филмот, тоа е тотално непрофесионално и фејкерски од ваша страна :D Мислам, нема потреба што ти да го креваш рејтингот оцени си го филмот како што мислиш дека заслужува, еве Темниот Витез е пред Матрикс и јас со ништо тоа нема да можам да го променам, ама не ми е гајле во моите мисли, срце, глава, Матрикс секогаш ќе биде подобар од првиот и не ме интересира што одлучило мнозинството, моето мислење и вкус нема да се промени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom