Самиот факт што овие бљувотини од CGI филмови со суперхерои добиваат оценки што се рамо до рамо со најголемите филмски класици, доволно говори за тоа колку беден е моментално Холивуд... додуша тука огромна разлика прават и публиката кое секојпат успешно го соџвакува тоа и им носат профит на Марвеловци и ДЦ комикси.
Е сега да не ме разберат погрешно некои членови тука (њотомир), и јас имам изгледано милиони филмови со суперхерои... Првите два Бетмени на Бартон се класика, баш она што очекуваш од таков филм, истотака и првите два Икс Мена каде целиот филм повеќе се одвива на длабочината на приказната одколку на CGI ефектите. Сум го гледал и Спајдермен, Хулк, новите Икс Мена али не ми правеа мерак.
Али последниве ај да речам 5-6 години, излегоа такви бљувотини од филмови од овој поджарн, значи класични кешгреб срања. Авенџерс, Ајрон Мен, новите Спајдермен (дефиниција за кешгреб), Тор, Дедпул... овој последниов што го пишав ако не е најхајпнатиот филм во последниве 5-6 години значи еве незнам. Какво срање од филм, пола од филмот се базира на амерички досетки на ниво на дете од 5 години, и наеднаш ми има 8.1 оценка на ИМДБ рамо до рамо со V for Vendetta, Gone With The Wind, Life Of Brian и Ben Hur.... незнам, немам зборови.
Тие во кината може да заработуваат колку што сакаат, тоа не ги прави квалитетни филмовите... ФАКТ!!! Истово срање очекувам да биде и од Suicide Squad, тој веќе рушеше рекорди во кино салите последниве 2-3 недели, ама сигурно ќе биде исто срање како и погоре филмовиве што ги набројав...
Ништо не ни преостанува нам, освен да чекаме овој мизерен тренд да помине и да дојдат некои подобри времиња каде што ќе се прават колку-толку подобри филмови од овие Бум, Краш, Хехехе, рататата бљувотини.
Кааааааааако бе, па Бартон скоро и го уништи бетмен. Како ти се тие класика, заради времето коа се правени? Не се ни споредува со Нолан. Ако укапирав или не ти се гледани (што мораш подитно) или ти се првите подобри. Исто и Икс Мен, како може првите да ти се подобри од новите, First Class само e подобар од сите стари. Овие филмови на кои се повикуваш се само основа за тоа што го имаме денес. Успоредено се fucking amateur hour. И можеби како помал си уживал или носталгично приступуваш, ама не може да ги хејташ моменталните суперхеројски а да го пишуваш тоа што го напиша.
За оцени не збориме, многу фактори влијаат во нивното формирање, други времиња, други пари, све е друго.
Deadpool ќе се осудиш да го наречеш голем студиски проект за грабање пари? Знаеш колку години се влечеше по фиоки дур го напраат? Му го знаеш буџетот? Знаеш колкава душа има у филмот, знаеш дека Рајан Рејлнолдс од свој џеб ги има платено wрајтерите (just roll with it)? И фората е што сите на кои им е познат Дедпул ги очекуваа тие ретардирани шеги. Бидејќи тоа е всушност Дедпул. И сега кога се покажа добар кон фановите следниот со повеќе буџет ќе има повеќе простор за поквалитетни шеги, ефекти, све што му е потребно на еден блокбастер. Бидејќи се тоа така функционира.
П.С мора само да ја признаам Catwoman, можеби ќе остане најдобрата нејзина екранизација
Филмовите може се добри за да си грицкаш семки и пуканици, ама на тоа ако остане една платформа како Бетмен пример, тогаш најверојатно не вреди да дебатираме.
Да упропастиш толкави масивни платформи за да испорачаш "popcorn cinema" е шамар во лице на секоја публика.
Вакви во добар дел се скорешните франшизи/сиквели на Х-Meн, Авенџерс, Captain Аmеrica, Iron Man, TMNT итн.. репетитивни продукти некои нешто посредени, некои епски катастрофи.... ама overrall се гледа стагнацијата, што заради немоќ и некреативност на сценаристите и студијата, што заради зомбифицираноста на пазарот кој нема стандард и голта се.
TMNT фејлови? Филмовиве како апсолутни ужаси знаеш колку заработија? Првиот четири пати повеќе од буџетот, вториот дупло. Ова ти е апсолутен показател за состојбава. Флоп може е по форуми, имдб и слични вебсајтови, што е небитно за продукциските куќи, тие ќе си праат продолженија и даље има кој да купува влезници.
И не гледам дека некој ќе се потруди да создаде нешто покреативно и поразлично иако низ послдниве 10 години имаше дигање на стандардите по малце со Бетмените на Нолан, Watchmen, Vendetta, лани и годинава може GOTG и Deadpool ... ама ова се депресивни бројки во споредба со колку материјал беше екранизиран од двата "универзума".
Морам да си проверам фактите, бидејќи новиот е во минус како што знам, а првиот заработи нешто над 20 милиони над буџетот бидејќи уште никој не знаеше што да очекува. Иако не е тоа поентата, сепак е многу далеку од тоа што го збориме, не може БЛОКБКАСТЕР наменет за пари и кино да е на 25то место според заработка и успешност у конкретната година. Та нели готови фан групи слепо ќе го бустаат. Што се деси со Green Lantern, so новиот Fantastic Four? Смешно е дури да ги спомнам. Овие филмови се баш тоа што ти го опишуваш, ефтино грабање пари и заслужуваат се што напиша лошо за денешниве блокбастери, ама богохулие е еден Fantastic Four и TNMT да ги ставиш во реченица со првиот или третиот Ајронмен, во иста реченица со Civil War. Слепо џвакање од фановите никад нема да има, не у ваква ера на критичари.
Грабање пари има у секој жанр, колку лоши хорори има, оти не споредуваме со 80тите?
Си гледал ти солиден трилер? Кога у 90тите искачаа секој викенд подобар филм од претходниот викенд.
Секогаш ќе има такво силување, искористување на фамата околу некој шанр и обид за ефтино грабање пари.
Но квалитетот секогаш надвладува. Како што има добри и лоши арт филмови, така е и кај суперхеројските. Hit and miss ratio-то е битно.
И најважно до се, блокбастери има од секогаш, нивната успешност или не, не е релевантен фактор за имање или не квалитетни филмови.
Имање квалитетни блокбастери е само плус.
Како што напоменав, тие студија никогаш не правеле квалитетни филмови па сега суперхеројските завземале се.
Не правеле Марвел арт хаус филмови па да го обвинуваме Winter Soldier за немање квалитетни филмови.
Тоа беше првичниот аргумент, не дали вредат или не суперхеројските, туку дека не се виновни за денешното кино.