Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахахаха, закон.

Инаку, овие од Манаки ја објавија целосната програма, и надвор од официјална конкуренција за Златна камера 300, во другите програми, и сега уште повеќе жалам што не сум во/од Битола. Ги има + и: Смрт во Сараево на Данис Тановиќ, и анимираните My Life as a Courgette и The Red Turtle (го зборат дека конечно може да донесе Оскар на Studio Ghibly, прв по Spirited Away) + Mammal, бугарскиот Thirst, хрватскиот S'one strane (нивниот овогодишен кандидат за Оскар), од нашите освен премиерите на Ослободување на Скопје и Златна петорка ќе има проекции и на Обожение и краткиот Борба за смрт. И уште наши кратки и анимирани... Па, па, па, па, па...
Иде еве новиов фестивал Кино Нова, иде Синедејс, па ете ќе има спас и за нас некако :D:D
 
Последно уредено:
Иде еве новиов фестивал Кино Нова, иде Синедејс, па ете ќе има спас и за нас некако :D:D
Барем 50 % од сите овие филмови да ги прикажуваат на Киненова и Синедејс! Барем 50%. Или ете, да бидам поскромен, барем Sieranevada и Toni Erdmann. А на Манаки го нема, но се надевам и на Manchester By the Sea на Синедејс.
 
Кино нова колку што имам инфо ќе биде само за дебитантски и вторивфилмови на режисери.
 
Кино нова колку што имам инфо ќе биде само за дебитантски и вторивфилмови на режисери.
Како и да е, може да очекуваме добра селекција од светскиве фестивали, има надежни режисери.
 
Кино нова колку што имам инфо ќе биде само за дебитантски и вторивфилмови на режисери.

Како и да е, може да очекуваме добра селекција од светскиве фестивали, има надежни режисери.
Па еден La La Land кој во моментов е во топ 5 фаворити за Оскар е само втор филм на Damien Chazelle (Whiplash). ;)
 
Џонтра заебаваш а? Само пази, на "ти" сме со Хатори Ханзо, еден вибер му праќам и одма почиња меч да ми прави
Не бе озбилно, ич не ми се свиѓаат Кил Бил-овците. Безпотребно трошење на време и пари. Зашто снимил таков филм?

Имаше некој на форумов пишано, изгледа некој смртно му се има закането на Тарантино да земе и да напраи најлош филм.. така нешто.

Кил Бил и Death Proof најслаби филмови на Тарантино, според мене.
 
За сите љубители на филмот Догвил и општо на маестро Ларс фон Триер ќе биде прикажан претставата која се базира на сцени од истиот.
Две години го чекав ова уште кога беше најавен проектот во Србија!

:love::love::love::love:

https://www.facebook.com/events/1604286773198573/

ДОГВИЛ
режисер: Kokan Mladenović
играат: Branislav Trifunović, Milica Majstorović, Milica Janevski
музика во живо: Vrooom
Времетраење/Duration: 90’

Билети во продажба на билетарницата во МКЦ.
цена: 300 ден

---
Театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакаше да им помогне и во чија хуманоста и добрината веруваше
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
многу интересен филм, си играат детективи во една куќа, си трчкаат наоколу
правен е според board game со исто име, ама мене филмот ми делуваше ептен несериозно и многу лигаво
а и постојано се повторува
Филмот си е одличен, напнат и на моменти смешен. Како тоа си трчкаат наоколу жити се? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој филм, ама оценка 1 е малку претерано. :)
 
Филмот си е одличен, напнат и на моменти смешен. Како тоа си трчкаат наоколу жити се? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој филм, ама оценка 1 е малку претерано. :)
добро можеби 1 е преостро, но филмот добро почна за во втора половина да се претвори во безвезална детска игра
 
Хрватскиот филм Ustav Republike Hrvatske, кој е и во македонска ко-продукција, ја доби главната награда во Монтреал! Небојша Глоговац во улога на транвестит, а нашата Јелена Јованова глуми во споредна улога. Делува навистина одлично, премиерата ќе ја има кај нас на Синедејс најверојатно.


Исто уште еден потенцијален хрватски, S one strane, добитникот во Пула, воедно и хрватски кандидат за Оскар годинава.


Кога веќе почнав, ќе продолжам. Друг хрватски чија премиера имаше деновиве во Венеција е филмот Ne gledaj mi u pijat, доста позитивни критики пристигнаа од филмофилите.


Од српските потенцијали го издвојувам Dobra žena, кој беше премиерно прикажан во јануари на Санденс. Веројатно и овој како и претходните би требало да ги видиме или на Синедејс или на КиноНова.

 
Back
На врв Bottom