- Член од
- 20 февруари 2009
- Мислења
- 103
- Поени од реакции
- 73
3 јуни искочува трејлерот за Perks of being Wallflower
Starring: Εmma Watson <3
Starring: Εmma Watson <3
Не ја гледам поентата да се направи продолжение на Блејд Ранер. Убаво има пишано еден по коментарите, "Нема потреба од се да се прави франшиза".http://www.worstpreviews.com/headline.php?id=24885&count=0
Новиот Блејд Ранер е продолжение, веќе почнале со работа, овојпат ќе имаме женски Блејд Ранер
Јас го гледав ама заборавив да ти пратам фидбекФилмов ми е препорачан над 1000 пати на многу другари-познаници, и никако некој да се нафати да го гледа
Го зборев и на една собиранка, (одамна) и на мое големо изненадување скоро никој од "филмоманите" (тогаш) го немаше гледано, епа ајде уште една ОГРОМНА препорака ова РЕМЕК дело да не го пропуштате! колку само ме вознемири филмов, никој не знае! страшно силен ефект има на гледачот, ме разнесе!!
а бе никој не гледа поента ама барем Ридли ќе го прави, само добро може да искочи од ситуацијава, исто како со Елиен приквелов, ако не чини нема да постои исто ко 3,4 што не постојатНе ја гледам поентата да се направи продолжение на Блејд Ранер. Убаво има пишано еден по коментарите, "Нема потреба од се да се прави франшиза".
Ана ги наоѓа телата кога доаѓа во куќата, и губи еден куп време да ги премести од една во друга соба. I mean wtf?! Потоа, губи еден куп време на фрлање на телата во дворот... Запали ја куќата, земи ја другарка ти и губете се од тука жено!Потоа, исто Ана. Се уби од дремење типкава, се уби! Покрај мртви тела си дремеше, после млатење си дремеше, пред млатење си дремеше.. права заспана убавица!Трето, кога ја најде врзаната едвај жива жена, зашто побогу она и помагаше? Јави се на 911, раскажи им што се изнадесило, и онака ништо не направи. На крај краева на мајка ти кажи и што се изнадесило кога ти се јави на телефон.
Не знам, мене интересен ми беше, изгледа бидејќи беше различен од повеќето вакви филмови што сум ги гледал. Иначе, околу спојлерот....Martyrs е се', само не солиден филм. Да се обидам да разјаснам некои дилеми.
На почетокот повеќе одговараше телата да се тргнат од цела куќа и да се стават во купатилото, најверојатно бидејќи купатилото беше блиску местата на злосторствата. Зошто не ги закопаа телата одма? Не знам, ама стави се на местото на Ана. Нејзината најдобрата другарка штотуку уби четворочлена фамилија. Во таква ситуација не можеш да очекуваш некој да прави којзнае какви калкулации околу закопувањето на телата. Едноставно, ги тргна телата колку да не им бидат пред очи. Друго, полесно е телата да се закопаат, да се тргнат сите траги, па потоа да се губат од куќата, отколку да се запали куќата и да се привлече огромно внимание.
Дремањето на протагонистите во филмот искрено не го ни приметив. Но, логично е да очекуваш некој постојано да е во таква состојба откако претрпел огромна тортура. И психичка (четирите убиства) и физичка (тепањето). Значи, ова воопшто не го сметам за дупка во сценариото или недостаток на филмот.
Зошто Ана не повика полиција откако ја пронајде девојката во подземните одаи? Пред се', бидејќи иако не е виновна за она што се случувало претходно во куќата, индиректно е виновна за масакарот на Луси. Пријавувањето во полиција би било рамно на самоубиство. Друго објаснување би било што Ана очигледно сакаше да им помага на сите околу неа. Таа поседува ретка емпатија поради која безусловно им помага на жртвите, без оглед на штетата која си ја прави самата. Оваа емпатија кај неа јасно се гледа преку односот со Луси, па дури и во обидот да и' помогне на мајката во кадата. Од овде произлегува и насловот на филмот. Во речник како дефиниција за Martyr можеш да го најдеш следново објаснување: one who makes great sacrifices or suffers much in order to further a belief, cause, or principle. Ана е martyr во вистинска смисла на зборот. А зошто не се исповеда на мајка и'? Па побогу, јасно е дека односот помеѓу нив двете е катастрофа. Доволно кажува фактот што Ана е израсната во сиропиталиште.
Ерик Робертс повеќе од Џулија Робертс. Сестра му ја зеде сета слава и пари, а требаше обратно. Ова е невидено добар актер, не знам што се нема глумено.http://www.imdb.com/title/tt0113443/
It's My Party (1996)
IMDB - 6.8
Според мене, овој би требало барем 1 оцена да има повеќе - 7.8+
Штета што е толку потценет и непознат...Го загледав случајно порано на Сител една вечер и тотално се унесов у филмов...како и секој друг што го гледал, глеам сеа по рецензииве на IMDB...Ерик Робертс покажува зошто е еден од најпотценетите актери со неговата маестрална глума тука, поради која се поврзуваш со неговиот лик и неговата судбина...многу моќен, емотивен филм...на овој и на The Passion Of The Christ (на оние уверливо прикажани сцени со мачење) за малку ќе заплачев
Штета што немаше камбек како Рурк, он стално го потенцираше тоа, како овде кога зема награда за Wrestler a Робертс е у публикаЕрик Робертс повеќе од Џулија Робертс. Сестра му ја зеде сета слава и пари, а требаше обратно. Ова е невидено добар актер, не знам што се нема глумено.
А филмов е извонреден. Изгледа сите сме го гледале на Сител ( на времето кога им се згрешаваше да дадат добар филм). Кој не го гледал нека го стави во графа задолжително.
Wimbledon (2004)Дајте кажете некој филм кој во дејствието има поврзано нешто со тенис..
џимеј таа работа...Wimbledon
Јас само ова го имам гледано, иако мислам дека имаше и еден од Вуди Ален, беше поврзан со тенис некако.
Match PointWimbledon
Јас само ова го имам гледано, иако мислам дека имаше и еден од Вуди Ален, беше поврзан со тенис некако.
Има тениско игралиште, не викајте одма по мене.Дајте кажете некој филм кој во дејствието има поврзано нешто со тенис..