Точно тоа ми е поентата, не знаеш конкретно за поединци а ги врзуваш во група. Ова го знаев одма затоа што и јас за мал број форумџии имам некаква груба претстава, невозможно е да се запамти се.
Имам неколку илјади постови на темиве, тешко дека ќе стигнеш за еден ден, ќе стигнеш само за да ме извадиш од контекст. Да ти помогнам:
Моето сваќање за работите е следно: не е квалитетно се што излегува од Холивуд, се што излегува од Боливуд, од Европа или од било какво групирање... напротив, од каде сакаш избери филмови, ќе излезе 10% квалитет и 90% срање. Тоа е нормално, не само во филмот, во секоја област е така.
За Холивуд мислам отприлика вака: Холивуд е мајка и татко на современиот филм во светов. Без Холивуд, филмот денес ќе беше гола вода. Европјаните учеа од Холивуд во 30/40/50-тите години, сета инспирација, сето знаење е собрано од таму. Погледни го само
Cinema Paradiso да видиш каква почит му оддава на Холивуд, и што значел американскиот филм за луѓето во минатото.
Денес целиот свет е комерцијализиран, Холивуд не е никаков исклучок туку едноставно се вклопува во новите правила на игра. Се повеќе и повеќе се штанцаат ѓубре филмови за лесна заработувачка, со цицлести Меган Фокс девојки кои трчаат таму-ваму и акциони јунаци од типот на Шиа Ла Беуф. Исто така, се чувствува страшен недостаток на идеи, си прават многу римејк филмови, во последно време се следи се што е добро во Европа и Азија и одма му склепуваат римејк. Да не зборувам за продолженијата на стари хитови, обиди да се заработи на името... Се за пари. Но тоа не значи дека не се снимаат добри содржински филмови, друг е проблемот што ние очекуваме да излезат 100 добри филма во една година. Тоа е невозможно.
Назад на темата, можно е на некој да му се свиѓаат и Меланхолија и Мр&Мрс Смит, едноставно затоа што знае што да очекува од едниот и од другиот филм. Што се однесува до странски филм, пред две години победи The Secret in Their Eyes, пред 5-6 The Lives of Others, доста јаки филмови, полн погодок според мене. Годинава ќе победи A Separation за кој и критичарите и гледачите се согласуваат дека е најдобар.
Што се однесува до мене лично, јас имам претерано широк репертоар, единствено што не гледам се глупи комедии со идиотски хумор, романтични комедии од типот 100-та копија на Pretty Woman, блокбастери со Меган Фокс и хорори со кофи крв.
За се друго сум отворен и чекам да ме изненади.