Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
добро кој ја отвори дебатава? зошто тогаш го прикачи мојот пост тука, со каква намера?
Во таа тема ќе бевме офтопик, затоа го префрлив тука мислењето.

Зашто бев ироничен, дефиниција ќе си најдеш сам. А и ете, кога веќе си посочил, мислам дека е фер да одговориш, форум е ова мајку му стара, нема никого да повредиш ако му кажеш зашто нема лош вкус.

Еве јас ќе им кажам за Tree of life, тиња филм, го утепаа од фурање самонаречениве филмомани ( :icon_lol: ), не знам што видоа во него, али не значи дека немаат вкус бидејќи имаат препорачано многу други добри филмови...

Ете така, идам да гледам јас нешто од овие филмоманскиве филмови :)
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
ако тоа те усреќува, нека сум:) јас ти возвраќам со истиот аргумент за оние што постираат рецензии и се претепуваат од дрдорење на било која тема што го опфаќа филмот(со некои исклучоци)
Пиши бе една рецензија мајку му, дај еден предлог, зар треба да те молам, напиши било што во врска со филмот, за тоа служи подфорумов, не за плукање по членови со невкус за добар филм. Ме разочаруваш и веќе не ти праам муабет. :(
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Ова е тема за Генерална дискусија така да не знам кој цитирал, ама тука е местото за вакви работи, да не ги кашкаме другите теми.
тоа беше само надополнување на претходното што го кажав, а тука немав никаква намера да го наметнам тој став. му отстапувам сега простор на бенеамата да се дообјасни:)
инаку да одговорам на едно од прашањата, мене омилени режисери ми се В. Ален, Д. Линч, А. Тарковски, Л. В. Триер, Манчевски си го сакам..следам некои и од поновите и некои не толку познати режисери, но не значи дека бегам по секоја цена од режисери како Џејмс Камерон ако знаат да изработат дела кои семнтиментално можат да ме трогнат и веднаш заборавам на останатите визуелни аспекти кои ми се доста битни, може да речам и најбитни:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834

Одлично!
Сега, знаеш колку од „филмоманијата“ на форумов има предлагано и дискутирано филмови на овие режисери...? Ако го следиш подфорумов редовно ќе видиш дека токму оние кои најмногу пишуваат и гледаат се, имаат најмногу дискусии за филмови кои не се „меинстрим“. Јас имам впечаток дека многу малку следиш што се дискутира.
 
Остај го бенеамата, кажи ги ти форумџиите со лош вкус и зашто имале лош вкус, бенеамата кога има нешто си кажува...
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Одлично!
Сега, знаеш колку од „филмоманијата“ на форумов има предлагано и дискутирано филмови на овие режисери...? Ако го следиш подфорумов редовно ќе видиш дека токму оние кои најмногу пишуваат и гледаат се, имаат најмногу дискусии за филмови кои не се „меинстрим“. Јас имам впечаток дека многу малку следиш што се дискутира.
да и тоа сакав да го кажам, дека и за овие режисери и некои нивни филмови се зборело од стр на филмоманите, но тоа не го менува фактот дека некои од нив сепак се врзуваат за изи американ мејнстрим. уствари сум се изненадил како на некого може истовремено да му се свиѓа Меланхолија и Мр.&Мрс. Смит на пр, со нетрпение ги очекува оскарите кои се препловени од Бред Питовци и такви некои боза филмчиња..иако сум следел оскари само еднаш, со право можам да заклучам дека таму паѓа тешка шминка, барем за филм на странски јазик сум се надевал дека ќе победи еден од најдобрите, ама тоа никогаш не се случило
ако конкретно треба да го напишам моето мислење за тебе, дозволи ми некој ден да седнам и да исчитам скоро се што си постирал на овие теми..и ќе видам на која група и припаѓаш СПОРЕД МЕНЕ:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
да и тоа сакав да го кажам, дека и за овие режисери и некои нивни филмови се зборело од стр на филмоманите, но тоа не го менува фактот дека некои од нив сепак се врзуваат за изи американ мејнстрим. уствари сум се изненадил како на некого може истовремено да му се свиѓа Меланхолија и Мр.&Мрс. Смит на пр, со нетрпение ги очекува оскарите кои се препловени од Бред Питовци и такви некои боза филмчиња..иако сум следел оскари само еднаш, со право можам да заклучам дека таму паѓа тешка шминка, барем за филм на странски јазик сум се надевал дека ќе победи еден од најдобрите, ама тоа никогаш не се случило
ако конкретно треба да го напишам моето мислење за тебе, дозволи ми некој ден да седнам и да исчитам скоро се што си постирал на овие теми..и ќе видам на која група и припаѓаш СПОРЕД МЕНЕ:)
Точно тоа ми е поентата, не знаеш конкретно за поединци а ги врзуваш во група. Ова го знаев одма затоа што и јас за мал број форумџии имам некаква груба претстава, невозможно е да се запамти се.

Имам неколку илјади постови на темиве, тешко дека ќе стигнеш за еден ден, ќе стигнеш само за да ме извадиш од контекст. Да ти помогнам:

Моето сваќање за работите е следно: не е квалитетно се што излегува од Холивуд, се што излегува од Боливуд, од Европа или од било какво групирање... напротив, од каде сакаш избери филмови, ќе излезе 10% квалитет и 90% срање. Тоа е нормално, не само во филмот, во секоја област е така.

За Холивуд мислам отприлика вака: Холивуд е мајка и татко на современиот филм во светов. Без Холивуд, филмот денес ќе беше гола вода. Европјаните учеа од Холивуд во 30/40/50-тите години, сета инспирација, сето знаење е собрано од таму. Погледни го само Cinema Paradiso да видиш каква почит му оддава на Холивуд, и што значел американскиот филм за луѓето во минатото.

Денес целиот свет е комерцијализиран, Холивуд не е никаков исклучок туку едноставно се вклопува во новите правила на игра. Се повеќе и повеќе се штанцаат ѓубре филмови за лесна заработувачка, со цицлести Меган Фокс девојки кои трчаат таму-ваму и акциони јунаци од типот на Шиа Ла Беуф. Исто така, се чувствува страшен недостаток на идеи, си прават многу римејк филмови, во последно време се следи се што е добро во Европа и Азија и одма му склепуваат римејк. Да не зборувам за продолженијата на стари хитови, обиди да се заработи на името... Се за пари. Но тоа не значи дека не се снимаат добри содржински филмови, друг е проблемот што ние очекуваме да излезат 100 добри филма во една година. Тоа е невозможно.

Назад на темата, можно е на некој да му се свиѓаат и Меланхолија и Мр&Мрс Смит, едноставно затоа што знае што да очекува од едниот и од другиот филм. Што се однесува до странски филм, пред две години победи The Secret in Their Eyes, пред 5-6 The Lives of Others, доста јаки филмови, полн погодок според мене. Годинава ќе победи A Separation за кој и критичарите и гледачите се согласуваат дека е најдобар.

Што се однесува до мене лично, јас имам претерано широк репертоар, единствено што не гледам се глупи комедии со идиотски хумор, романтични комедии од типот 100-та копија на Pretty Woman, блокбастери со Меган Фокс и хорори со кофи крв.

За се друго сум отворен и чекам да ме изненади.
 
се согласувам буквално со се што кажа, тоа е тоа, тоа ми беше поентата:)
ми преостанува да бидам искрен и да разјаснам дека јас на тебе не ни помислив кога го напишав тој коментар а уште помалку се надевав на некој твој пост кој ќе го подржи. тебе те познавам само преку коментарите за Бред Пит и „нетипични романтични филмови“ и тоа не ми беше доволен извор за да те нападнам. еве ќе бидам целосно отворен и ќе кажам од кога и каде ми дојде идејата да видам што всушност се случува на полето „филм“, да чепнам малце од постовите итн. дента кога рокенрола објави пост на темата „заљубени во филмски лик“(што е инаку супер забавна темичка) дека нема посоодветна актерка од Џоли која би го одиграла толку добро ликот на Олимпија во Александар Македонски, мене ми беше малку чудно бидејки таа улога не ја ни сфаќам како нешто грандиозно и покрај тоа што опишува „грандиозна“ личност како Олимпија и си помислив дека секоја последна актерка би можела да го одглуми фантастично тој лик, па дури и цицлестата Фокс ако ептен малку се потруди..па дури и физички да го создаде идеалот(било која актерка, типка од улица..), Холивуд прави чуда хе..знам дека се работи за личен вкус, не мора тоа да го повторуваме, ама ете таа мисла ми дојде, не се битни детаљите..и така започнав колку што можам почесто да ги набљудувам филмските содржини(и музичките) и во очи ми упаднаа неколку играчи што немаат некој задоволителен вкус за филм(музика и сл), а сепак се траскаат, поставуваат на пиедестал некои подпросечни, просечни филмови за европските, но надпросечни за американските филмски вкусови и критериуми, и искрено ме шокираа..и така спонтано го истресов тој дел од постот, без некаква непријателска намера, искрено не ни очекував некој да ми одговори..
јас сум малку спротивен од тебе кога се работи за содржина. можам да гледам филм без никаква содржина, едноставно дете си вози точак или си игра со количето цел ден, но со добра кинематографија итн. барам визуелно па потоа рационално задоволство(порано било обратно, но една личност пред некое време случајно ме натера да го разберам филмот на тој начин и мн покомплексно..и тука едноставно се пронајдов):)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Тоа ич не е проблем, Сантос и Бенеамата цело време ме напаѓаат, а во последно време го влечат и wot на темната страна :) Ич немам замерка на лична забелешка или дискусија, ама морам да застанам во одбрана на дечките и девојките кои се најактивни на подфорумов, затоа што секој на свој начин, со своите вкусови и разбирања, придонесуваат подфорумов да биде супер место.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.250
Не е за секого коментарот.

Види вака, не ти Ике, за некој да игра на вкус карта треба прво да прикаже барем фрагмент од својот, уосталом за мене си овца. Поголеми глупости последните страни немав прочитано на темава.. а колку пати има Сантос пишано само.. Како прво, те молам просветли ме како тоа да гледам јас ЕДЕН добар место 5, 10, 20 лоши.. има некои специјални торетнти? Втората глупост беше набројување на познати режисери да докажеш твој вкус. Што лично по стилот на пишување сум сигурен дека само еден имаш изгледано од Линч и си заспал.. Тарковски беше уште подолга грешка. Тарковски е фраза и секој ја минува, еве јас ја имам цела филмографија изгледано кога барав квалитет и еве, и пред некој ден ја спуштив за колекција, доволно добро за тебе? Третата глупост кога збореше за следење нови и не толку познати режисери, но по никоја цена не го избегнуваш Камерон да те трогне.. моментот е што Камерон вади филм на 10 години. :facepalm:

Толку си клише дете што е смешно да се коментира.. американ булшит изи мизи глупости ми е доволно да не те читам.

Пс Хичкок не го спомна.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Не бе, чудно ми е, а што е со тие што ич не пишуваат на подфорумов, а вистински го сакаат филмот? :D
>implying i might be one of them
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.250
Не бе, чудно ми е, а што е со тие што ич не пишуваат на подфорумов, а вистински го сакаат филмот? :D
>implying i might be one of them
Вака упростено, јас немам пост у серии и ти идам у Mocumentaries и ти серам колку си глуп, се ограничуваш со американци и ти набројам 2-3 класици кој си ги гледал уште кога не си разбирал англиски. И ти се откажуваш од животот и се посветуваш кон истражување како да удриш некого преку интернет.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Не е за секого коментарот.

Види вака, не ти Ике, за некој да игра на вкус карта треба прво да прикаже барем фрагмент од својот, уосталом за мене си овца. Поголеми глупости последните страни немав прочитано на темава.. а колку пати има Сантос пишано само.. Како прво, те молам просветли ме како тоа да гледам јас ЕДЕН добар место 5, 10, 20 лоши.. има некои специјални торетнти? Втората глупост беше набројување на познати режисери да докажеш твој вкус. Што лично по стилот на пишување сум сигурен дека само еден имаш изгледано од Линч и си заспал.. Тарковски беше уште подолга грешка. Тарковски е фраза и секој ја минува, еве јас ја имам цела филмографија изгледано кога барав квалитет и еве, и пред некој ден ја спуштив за колекција, доволно добро за тебе? Третата глупост кога збореше за следење нови и не толку познати режисери, но по никоја цена не го избегнуваш Камерон да те трогне.. моментот е што Камерон вади филм на 10 години. :facepalm:

Толку си клише дете што е смешно да се коментира.. американ булшит изи мизи глупости ми е доволно да не те читам.

Пс Хичкок не го спомна.
:pos:
- како прво, не се ни осудувам да ти одговорам на толку..не знам какво прашање, смешно ајде да речеме, што прави таа навреда да ти прилега поприкладно тебе(y)
- втора глупост која придонесува да си ја заработиш навредата - Тарковски. што ако си ја спуштил се од него кога тој за тебе е само ФРАЗА НИЗ КОЈА СЕКОЈ МИНУВА? што ако? или можеби беше во обид да кажеш а без да се навредиш уште еднаш дека си само колекционер и ништо повеќе?
- трет битен момент - Камерон и неговиот филм на 10 години наспроти Х-американец секоја година. фрапиран сум!! тогаш гледај си глупости што некој чудак ги произведува редовно секоја година, што повеќе да ти кажам..искрено не зн што повеќе да додадам на ова освен дека е очигледно дека инсистираш на квантитет дечко, можеби и затоа си филмоман а не вљубеник во филмската уметност, за што дополнителен доказ се и некои од рецензиите и уште еден куп коментари што си ги оставил на овој дел од форумот и нема ни да се обидам да ти возвратам коментар по коментар на секој од нив, искрено, не ја ни гледам поентата, знам дека ќе продолжиш да си се придржуваш до твоето гледиште
патем, не ми се допаѓа и начинот на кој ги пишуваш рецензиите(не зн кој спиел на Линч „стилисту“..), можеби поради тоа што си бил успан додека си ги пишувал, како што и самиот си барал изговор, не зн, не ме интересира..но би било подобро јас да си ќутам со оглед на тоа дека не сум истакнал ни една рецензија(не досега)..сепак тоа не го менува фактот дека твоите рецензии се незадоволителни за мојот критериум, што не е ни битно, нели?
и немам и сум немал никаква намера да те просветлам. ако сакам да закачам некоја моја рецензија, ќе го сторам тоа кога јас ќе посакам и ќе сметам дека треба..едноставно од кеиф, не за да се докажам не зн кому, за да сум си ја оправдал мојата логичка констатација за некои филмомани и невкусот:) на крајот на краиштата, можеби и мојот вкус не е за урамување, но добро е што со текот на годините не оди скалила подолу и не би го заменил Тарковски, Полански, Годар, Херцог, Вендерс..со уште една „досадна фраза на поминување“ што се продава како алва секоја година, со уште еден ефтин секс..и ако ништо повеќе барем јас сум задоволен:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom