И секако, кога излезе Antichrist од Lars von Trier беше уметност нели?
Спрски Филм благо земено.. ме изненади. Како прво, целата приказна ќе ја немаше таа јачина, ќе го немаше тој посакуван ефект ако во филмот беа изоставени експлицитните сцени. Таа доза реалност го доловува цел момент. Заедно, да не речам дисфункционално функционираат. Филмот е одвратен, факт. Реалноста е одвратна, факт! Филмот има приказна, сценарио, и вака грубо земени можеби без контраверзните сцени ќе беше далеку поприфатен, полесен за голтање и ќе имаше позитивни критики, но ќе го немаше тој ефект, немаше да ја шокира публиката со еден нов вид на психолошки-хорор. Исто имам пишано за Антихрист, значи и двата имаат добра приказна, интересно сценарио, за доста позитивна оцена, но контраверзноста ја намалува, и двата од мене имаат 6-ка.
Не го оправдувам. Не го препорачувам. Сцените се гадни и претерани, плус многу реални. Но како филм од тој жанр си ја завршува фино работата. Ако имате добар желудник (и не, не мислам ако сте гледале wrong turn, можете овој) и сакате еден шокантен психолошки-хорор.. тогаш, Srpski Film.
И луѓе читаат. Од трејлери и рекла-кажала муабети.. фер е да не го дискутирате. До секој е достапен. Секој може да го симне и даде негова оценка. Плус, никој не ви става нож на грло да го гледате до крај. Можете во секој момент да го изгасите, но како што реков од рекла-кажала муабети и ако не го изгледате до крај, за да ве потресе приказната, максимално шокира, до степен што ги заборавите грозните сцени, туку стоите со отворена уста и се прашувате што се случи, треба да останете надвор од дискусијата.
ПАК, не го препорачувам ниту оправдувам. Но, ако се решите да го погледнете, гледајте го само како филм од одреден жанр. Не се фокусирајте само на одвратните сцени за да имате материјал за плукање, хејтање, кој и да е новиот збор на денешната младина..
6-ка од мене.