Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе ми текне само на Eraserhead .....
Уште ме прогонува. Колку само забеган филм.
Лесна земја маестро. Ќе останеш еден од најголемите на сите времиња.
 
Вечна му слава !!!

https://netpress.com.mk/de-vid-linch-avtorot-na-kultniot-tvin-piks-pochina-na-79-godini/

Дејвид Линч, авторот на култниот „Твин Пикс“, почина на 79 години

четврток, 16 јануари 2025, 21:11

dejvid-linc.jpg


Дејвид Линч, американски режисер, писател и уметник кој освои номинации за Оскар за најдобар режисер за филмовите „Син сомот“, „Човекот слон“ и „Малхоланд Драјв“, како и еден од сценаристите на револуционерната телевизиска серија „Твин Пикс“ почина непосредно пред својот 79-ти роденден, објави неговото семејство во четвртокот.

„ Со длабока тага ние, неговото семејство, ја објавуваме смртта на овој човек и уметник Дејвид Линч “, се вели во соопштението на фејсбук-страницата на Линч.

„ Сега, кога тој повеќе не е со нас, остана голема празнина во светот. Но, како што би рекол и самиот, важна е крофната, а не дупката “.

Tvin-Piks.webp


Со своите визуелно зачудувачки, вознемирувачки и неразбирливи дела полни со сцени слични на соништата и бизарни слики, Линч важеше за мајстор на надреализмот и еден од најиновативните филмаџии на неговата генерација.

Тој ја доби почесната награда на Академијата за животно дело за 2019 година.

Загадочниот уметник и приврзаник на трансценденталната медитација се спротивстави на објаснувањето на неговите сложени филмови, вклучително и „Диви во срцето“, добитник на Златната палма во 1990 година на Канскиот филмски фестивал, „Eraserhead“, хорор од 1977 година и трилерот „Изгубениот пат“ од 1997 година.

„ Филм или слика е секој посебен јазик, па не вреди да се обидуваме да го кажеме истото со зборови. Нема зборови “, изјави тој за весникот The Guardian во интервју во 2018 година.

Неговиот стил на снимање изведе нова придавка – „линчовски“, која магазинот Vanity Fair го опиша како чуден, морничав и бавен. Линч во своите филмови го вметнува морничавото и вознемирувачкото во обичното и секојдневното, а впечатокот дополнително го засилува со музиката.

Режисерот велеше дека не го интересира само приказната, туку и атмосферата на филмот поставена од комбинираното дејство на визуелни и аудитивни елементи.

„ Неговото око за апсурдни детали што предизвикуваат сцена во шокантно олеснување, и неговиот вкус за ризичен, често гротескен материјал, го направија можеби најпочитуваниот ексцентрик во Холивуд, еден вид психопат Норман Роквел “, објави The New York Times во 1990 година во пресрет на прваета сезона на „Твин Пикс“.


Дејвид Кит Линч
20 јануари 1946 - 16 јануари 2025

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Па нека отвори друг. Ај отвори ти.
Зошто? За да се малтретира со пишување пораки, водење статистики, презентирање филмови кои никој нема да ги гледа? Последниот филм што го имавме наместо 2, 4 недели поминаа пред @moongoses да го гледа. Никој не ни забележа дека 2 недели е поминат рокот а нема нов филм. Единствено само тој остана лојален до сам крај. А дојдоа многумина, ветуваа дека ќе бидат редовни... ама не се ни појавија.

Клубот ќе остане во hiatus, најверојатно на подолго. Со Времепловот ќе се обидам да го придвижиме до крај после Оскарите.

Тоа е реалноста, за жал. Можеби некогаш, некаде, на друга платформа каде би имало повеќе членови, би продолжиле. Тука е бесцелно.
 
Само што го завршив Фјуриоза на Џорџ Милер. Што е ова - Ауууу.

2 и пол саати вожња без да трепнам. Не памтам кога последно сум гледал филм без да погледнам у телефон или да го стопирам по неколку пати и гледам во неколку дена.

Веројатно најдобра акција во последниве 20 години.
 
Коментиран е Nosferatu, го гледаш некој?
Еј едвај го догледав нз оти, ама ич не ми легна. Визуелно чат пат по некој момент, другото така.
Ко Дракула за сиромашни нешто.
Тој на Херцог е ремек дело споредено со овој новиов.
Претенциозно срање, ништо посебно, им давам бел бумбар ради звукот и атмосферата на моменти во филмот, другото тапа.
 
Прв пат сега го гледав Dirty Dancing на тв 1000. Лабаво филмче, само за играње и ебење се работи и нема никаква поента. Баш да се расположи човек петочки.

најгледана касета беше тоа време во видеотеките, и јака 87 година на екстра филмови
 

Не е многу долго видео сеедно ама може само први 5 минути да се изгледаат за да се долови поента.

Гај Ричи објаснува дека во секој негов филм главните ликови имаат само една цел - да станат креатори на својата судбина, еве по нашки тоа да го кажеме. Никогаш не сум го помислил ова ама откако ќе го слушнеш овде што збори и после изгледаш еден негов филм можеш да приметиш дека има многу вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom