American Hustle изгледан... разочарување што ќе го паметам... Многу бев хајпнат за филмов ма да не верувам тоа да е причината, хајпнат бев и лани за некои филмови па целосно ме задоволија. Hustle како да кажам... не дека е така лош филм... направен за оскари, добра актерска екипа, костимографија, шминка и такви работи... потсетува на некои од филмовите на Скорсезе но не е ни блиску до Casino да речеме. Прво, немаш лајкабл карактери да се поврзеш со нив, освен градите на Ејми Адамс ништо не се истакнува. Дури ни глумата на Џенифер Лоренс не е ништо значајно затоа што нејзината улога беше како комплетно исклучена од остатокот на филмот. За Бредли Купер не знам што да кажам, не му ги разбирам ликовите и глумата... Филмов на крајот е разочарување за мене затоа што нема добра приказна (таа што ја има е клише), нема билд-ап, никаква тензија и нема за што и за кого да вложиш емоција, да симпатизираш или да мразиш... нити може да те насмее нити да те расплаче, те остава рамнодушен...
Се надевам на некој ќе му се допадне, јас ќе си барам други фаворити.