Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

B

Blade Torch

Гостин
Ќе биде кражба на векот ако од академијата не му дадат оскар на Ештон Качер за улогата на Џобс :cuc::cuc:

место "Eштон Качер" убаци " Хју Џекман" . место "Џобс" убаци "таткото у Призонерс"
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ќе биде кражба на векот ако од академијата не му дадат оскар на Ештон Качер за улогата на Џобс :cuc::cuc:

место "Eштон Качер" убаци " Хју Џекман" . место "Џобс" убаци "таткото у Призонерс"

:pos:арно ти прочитав спојлер човече, мислев дел од потписот ти е па да ти искоментирам нешто што не треба :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Само што го изгледав Prisoners. Одамна не сум гледал толку напнат филм. Не станав од стол 2 ипол часа, значи кај мене го постигна ефектот. Глумата е на врвно ниво, не можам на филмот да му најдам никаква забелешка... ми се свиѓаше и расплетот, ги читав коментарите поназад и не се слагам дека крајот не беше на ниво на целиот филм. Мене ме држеше до последна минута. Све супер :icon_mrgr: да не оставам спојлери затоа што филмот лесно може да му се расипе некому...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Red 2(y) пошто кецот е најјак
Холи шит Red2 ме изненади ,за мерак филмот
Кастот:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Сер Ентони е 50пати поголем актер од целиот каст ,која глума чоече во филм како ред:cuc::cuc::cuc:

Дамата Мирен :drk::drk:
ши стил гот ит (иначе ко мал имав постер од нејзе и ми беше подраг од оној на памела:rolleyes:)
Red.2.2013.1080p.BluRay.x264.YIFY.mp4_005947149.jpg




утре Prisoners па ке видиме
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
wot и јас сум за Before.
Туку +1 згрчен од глумата на Хју. А и од филмот.

Чекам женска прво да си фатам, затоа уште не ми е гледан. :D

Инаку се одлучив за Planes, и заспав. Moжда за подобро, еве, станав за предавања барем.

Хју мора номинација за ова еј..
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Гледам дека се збори на големо за Prisoners, и како сите се задоволни од филмот, ќе се согласам за повеќето работи, филмот според мене тешко дека некој ќе го надмине оваа година, многу добар филм, без малце совршен.

Сепак имам една мала забелешка, за мене Хју не беше кузнае што. Ова е дефинитивно неговата најдобра улога до сега, ама за каков актер се работи можете да видите во моментот кога се расплака....тој момент можете да видите зошто Хју е актер кој не е во класата на најдобрите, него во добрите. Реално гледано.

За мене дечково од аспект на глума, беше едно 2 класи над сите во филмот,

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Не се согласувам, мутлево само гледаше у празно, и веќе му ја заборавив фацата.
Хју кога се тресеше пред плачење, fucking goosebumps man. Ќе го хејтав после Волверин, али ми ја обрна играта искрено..
Очекувам номинација јас.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Мулето, не сте го гледале во други филмови најверојатно :)

Сепак беше споредна улога, во моментите кога беше во кадар можеше да се осети како буквално да гледаш човек со тешки психички проблеми пред тебе, зрачеше таква аура од него, страшно автентично, и морбидно.

Хју, се тресеше, но моментот кога заплака беше малце вештачки, ако не си го избришал пушти го пак, ќе приметиш за што зборам. Не е актер кој може вистински да извади толкава емоција од него, јас го гледав филмот без импресии без никој да ми каже дека Хју во него бил одличен, па така не бев "спремен" да му дадам екстра оцена за глумата, можеби тоа имало влијание кај вас.

Хју беше одличен во текот на филмот ама моментот кога заплака неговата глума ми стана да не речам тенка......не беше таа емоција глатка, него некако тешко изведена. Значи да се разбереме, не хејтам, мое лично мислење е дека ова е неговата најдобра глума до сега, без конкуренција, но не беше на ниво на кое што се врвните актери, него едно скалило под нив.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Јас знам дека минутажа за појавување во филм не е секогаш репер за да се земе севкупната слика за таа улога и да се направи паралела со главна улога ама Псај во случајов не можам да се согласам со тебе. Хју според улогата, сцените, времетраењето во многу емотивни ситуации како онаа кога ги гледаше сликите од алиштата ... не ни може да се стави во паралела со Пол.
Гневот во филмот кај мене покрај приказната, глумата на Хју го допринесе.

И не збориме за нив како актери и во други филмови, ирелевантно е тоа во муабетов, збориме само за во овој филм. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Псајд, ја за жал морам да сум со wot во ова. Глумата на Хју беше скоро перфект. Еве премотај филмови во кои имаш родители во ваква ситуација да видиш колкава разлика има. Хју имаше страва сцени, од онаа кога го среќава детективот по непреспиена ноќ, онаа со чеканот, во колата со детективот, кога го нападна мулето... сите сцени поблиску до реалност од било кои што сум ги гледал порано. Нервоза, бес, параноја, нерационално размислување, неспиење, трауми...

Мулето ја има таа сомнителна фаца и одлично си одглуми но не е воопшто над Хју во филмов.

Хју е топ актер. Сега не почнувам инаети, само ве тролам цела година со ова, од Лес Миз наваму. Она кога еден ден ќе почне да собира награди да можам да ве тролам со нели-ви-реков муабети :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Fair enough, нема да пробувам да ве разубедам, затоа што тоа не ми беше поентата на дискусијава, само пробав да доловам зошто јас сметам дека глумата не беше на врвно ниво, него на високо. За мене Хју никогаш не бил и нема да биде врвен актер, ако вие сметатe дека тоа не е точно во ред, секако не збориме за некој амaтер него за доста добар актер, па ќе ја оставам дебавата во сегментот субјективност.

Мојата замерка највеќе се однесуваше за еден дел од филмот, не во целост за неговата глума која во овој филм е најдобрата што сум ја видел до сега кога се работи за него, но не така сјајна споредена со она што јас го сметам за улога вредна за номинација :)

Еве премотај филмови во кои имаш родители во ваква ситуација да видиш колкава разлика има.
Колкава разлика има?


:vozbud:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
И јас не почнувам со инаети Ио, и јас цело време те тролам дека за се' треба да си со мене. Само што јас веќе можам да викам нели-ти-реков. :D

Псај, сфаќам што сакаш да кажеш, ама јас не оценував глума едноставно, можеби според фацијални (ќе си измислувам зборови оти сум модератор) експресии (хаха) и слични критериуми не одглумил за врвно ниво, ама моментот е да те натера да се сочувствуваш. Јас верував дека приказната уствари се десила, пренесе емоции beyond comprehension, реални, или барем најблиску до реални. Значи не претерувам, буквално ми се ежеа влакната на вратот на повеќе сцени со Хју. Додека мутлето како споредна, како (своевремено) негативец заврши одлична работа. Ама не само што не се во исти парк, во иста населба, дури ни со ист поштенски код, Хју беше над него како од друга планета!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Псајд, прво, знаев дека на Мистик Ривер ќе отидеш пошто друго и нема. И во рецензијата спомнав дека по глумата само Мистик Ривер е блиску. Второ, ако ти одговорам спојлер ќе биде. Не е истата ситуација.

Нема потреба да се инаетиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom