Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
многу површно направен филм од страна на таков режисер, не само акционите сцени него и толку дупки и нелогичности има (ова исто како за Прометеус да пишувам :D ) и крајот глуп...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Пробав да го гледам последниот филм на Том Круз (мислам дека Обливион уште не е излезен) Jack Reacher и стигнав до пола и доста ми беше. Очаен филм со клише приказна, мизерни дијалози и катастрофална глума.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Човекот кој не му се плаши на животот и покрај невообичаено тешки борби, само тој е посилен од животот и никој друг.
Тој потекнува од проблематично семејство, неговиот татко, Чарлс Ривс, е уапсен поради дилање на дрога кога Кијану имал 12 години. Мајка му е стриптизета, а по преселувањето во Канада, тој имал неколу очуви.
Неговата девојка умира на негови раце во сообраќајна несреќа, а планирале да се венчаат за брзо време. Пред тоа таа исто така го изгубила бебето. Оттогаш Кијану избегнува врски и не сака да има деца.
Тој е единствениот од сите актери од Холивуд кој нема вила. Тој вели: „Живеам во апартман и имам сè што ми треба, зошто би избрал огромна празна вила?“
Еден од неговите најдобри пријатели Ривер Феникс, умира од предозирње, во истата година татко му на Кијану е уапсен повторно. Неговата сестра била болна од леукемија, но денес е излечена и тој донирал 70% од својот приход од Матрикс филмовите на сите болници кои лекуваат од леукемија.
На еден негов роденден тој отишол во продавница за торти, си купил торта и јадел сам. Ако некој негов фан би седнал со него, тој би го понудил со дел од торта. Тој нема лично обезбедување и не носи фенси облека.
Постоеше една интернет манија наречена “Sad Keanu“ која го прикажуваше Кијану како секогаш тажен. Тој на тоа имаше изјавено: „На вас ви е потребно да бидете среќни за да живеете, на мене не“.

Вистински пример за силен и во секоја смисла прав човек, кој животот го гледа со други очи... Оваа приказна за неговиот живот остави силен впечаток кај мене. :cuc:
извор
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Луѓе со значително поблаги проблеми од овие, завршувале со самоубиства и слични грозоморни чинови. Треба цврст карактер за вакво нешто. Секоја чест што сеуште стои на нозе и некако се труди да се радува на животот.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ја читав неговата животна приказна пред неколку дена на ФБ. Навистина инспиративно и трогнувачки, кој би рекол дека совршени филмски ликови се соочуваат со такви проблеми и ситуации. Најчесто за нив ние мислиме дека животот им е совршен баш како што изгледаат и дека се опкружени само со црвени теписи, блицеви и воздишки. Ама гледате не било така ...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Иако сепак, да тргнеме на страна неговиот тажен живот, сепак е очајно лош актер со една иста фаца и емоција.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не е најбрилијантен актер, понекогаш е монотон и делува неубедливо, но некако тоа му доаѓа ко негов стил односно има шмек на обичен човек. Ама дека е еден од најлошите не се согласувам, иако го бие таков глас а за тоа голема заслуга имаат и критичарите. Имал и големи утки ко Дракула и лошиот англиски акцент. Сепак во Адвоkатот на Ѓаволот изглуми пристојно а критичарите го растргнаа. А покрај Ал Пачино и како можеш да изгледаш


Веројатно тешко му иде со изразување на емоции, затоа најмногу му одговараат карактери кои се кул и прибрани ликови и кои со поглед ја владеат цела ситуација ко Нео :icon_lol: , или зен стање ко Буда, може да проба и да глуми стониран џанак и тоа ќе му лежи, до душа тоа и беше во анимираниот Скенер Даркли.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.655
Не е најбрилијантен актер, понекогаш е монотон и делува неубедливо, но некако тоа му доаѓа ко негов стил односно има шмек на обичен човек. Ама дека е еден од најлошите не се согласувам, иако го бие таков глас а за тоа голема заслуга имаат и критичарите. Имал и големи утки ко Дракула и лошиот англиски акцент. Сепак во Адволатот на Ѓаволот изглуми пристојно а критичарите го растргнаа. А покрај Ал Пачино и како можеш да изгледаш

Не беше лош, Пачино беше брилијантен ги фрли сите во сенка. Една од најдобрите улоги на Пачино.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom