Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Последниот Стрит Фајтер со женскана ме бендиса, па се надевав дека и за Раи и Кен ќе направат посебни филмчиња али засега ништо од тоа нема и покрај некој трејлери што се вртат по интернет.
 
H

HoT IcE

Гостин
Јас никогаш ги немам играно игрите, хаотичен е филмот, кажав и претходно, премногу кратко трае за да се пренесе таа приказна. Тепачките ми се свиѓаа, визуелниот дел беше супер, ама како што кажа и драгонскај погоре со гифот, цел филм си таков, некаде последни 20 минути почнуваш да ги разбираш работите како се уствари. Ама од друга страна ќе прават уште делови, па можеби уште ќе ја разработуваат цела приказна, па како целина ќе биде одлично.
Yep. I feel you.
Комплексна е приказната многу за да се прикаже во 2 саати. Воопшто не ме чуди што ти е хаотично.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Го гледав по втор пат Nocturnal Animals во една недела, еднакво добар, можеби и уште подобар од првиот пат. Мислам дека не бев толку освоен од самата приказна колку што од естетиката која само Том Форд може да нѝ ја даде. Боите, ентериерите, шминката, самата монтажа на филмот, сцените кога ликот на Ејми Адамс беше прогонуван од минатото, од самата книга, префрлувањето на реалноста кон фикцијата, затемнувањето на екранот, премногу работи да се пофалат. Од друга страна самата звучна монтажа, музиката иако не премногу застапена, сосема доволна и одлично склопена со сцените. Џејк беше одличен, се чудам постојано како секогаш му дават такви ликови, баш како и Бен Афлек, измислени се за ликови кои направиле глупи потези, недобри одлуки и им се случува несреќа во животот.

Крајот на филмот.
:love::love::love::love:

Не лажам дека го превртев уште два-три пати само да ги гледам потезите и очите на Ејми.

Предобро.

Си останува и сосема зацврстена 9-ка.

Од друга страна пак, второто гледање на Лазар резултираше со пад од 7 на 6. :D:D Боље да не го гледам уште еднаш.
 
B

Blade Torch

Гостин
Nocturnal страшен! Mој тип на филм, минимум 8ца ми е првичниот впечаток, второто гледање без корејски превод ќе ја дефинира крајната оцена. :ROFLMAO:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.005
Поени од реакции
42.725
Томб Рајдер не би рекол.
НФС не го ни рачунам затоа што не е story driven игра, ниту филм. Онака 4fun се и филмот и играта. Која приказна ти е во најдобрата NFS: Most Wanted? Се тркаш дур не биднеш 1 место.
Збориме за игри како AC, Witcher, Uncharted, WoW нареди која сакаш со комплексен свет, приказна и ликови и секоја со своја специфична атмосфера во кој секој филм паѓа да ја долови.
Сите нфс имале добри приказни, да не почнувам од Underground 2, Most Wanted, Carbon, Undercover, низ игрите како што напредуваш имаш cutscenes со приказната така да критиките не ти се основани.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Од друга страна пак, второто гледање на Лазар резултираше со пад од 7 на 6. :D:D Боље да не го гледам уште еднаш.
Трет пат ако го гледаш оцената на 5ка ќе падне. Што е и реалната оцена за филмов, ама пак не ме слушајте. :D
Ко не ме допре во кино и ни малку не ми беше уверлива „уверливата“ глума на Хрватот што толку го фалеа, а што наш актер не можел да го одглуми, стави му крст. Филмов допира повеќе општествени теми и ниедна не ја изнесува целосно и коректно. Башка цел филм се нервирав што Хрватов мрмори, а не збори и се напнував да слушнам што збори, да не збориме за лошиот македонски. :нинџ:
 
H

HoT IcE

Гостин
Сите нфс имале добри приказни, да не почнувам од Underground 2, Most Wanted, Carbon, Undercover, низ игрите како што напредуваш имаш cutscenes со приказната така да критиките не ти се основани.
Lol
Stvarno me mrzi da ti objasnuvam. Uzivaj si deka ne mi se osnovani.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.005
Поени од реакции
42.725
Lol
Stvarno me mrzi da ti objasnuvam. Uzivaj si deka ne mi se osnovani.
па ти прв пат кога ме цитира рече дека не е story driven ниедна нфс, као тоа да се игри што само трките ги возиш и нема нешто приказна околу нив, што не е точно.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.846
Јас Youth го гледав вторпат на Телма, пак фантастичен ко првиот пат. Сите го гледаа освен татко ми кој љубопитно наѕираше одвреме навреме. Ме праша- Шо филм е ова?
Му велам- Филм во кој не се случува ништо а впрочем се случува целиот живот на поединци.

Го бендисаа. Кој го читал Џими ќе најде некоја сличност на сценариото со неговиот начин на забележување и пренесување на реалностa на хартија. Го имав она чувство како да тој има вмешано прсти во истото :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Македонскиве телевизии го**а да јадат. Скапо било да се донесат добри, а нови филмови на тв, затоа на РТС2, ги дадоа најновиот на Теренс Малик; Јас, Даниел Блејк, Тони Ердман, Theeb (кандидат за оскар на Јордан за 2015), Дипан на Одијар во истата недела. (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom